Моментот кога после 10-тина години се качуваш на точак, и тоа не на било каков точак, туку на истото зелено Пони кое што си го возел последен пат
И моментот кога на него има залепено светлуцава сликичка од знакчето на Португалската репрезентација од Еуро 2000
И моментот кога чекав цел ден да помине за да го јавнам по улициве, пошто ми беше срам претходно да не сум заборавил да возам па да се искршам негде и да јадам тежок ремет
Али уште го газам, мада малце зарѓал и нозе ми отпаднаа при вртењето на педалите
Се израдував ко мало дете, алал да и е на тетка ми што после толку години и текна да побара некој стар точак за возење, па од нејзината желба искористив стариот точак да ми се врати во возна состојба.
Ах колку спомени ми се враќаат, кога организиравме трки низ населба, па летавме како луди по удолница
Или кога и го позајмив на една другарка, а таа пустата падна во дупка и пола лагерчиња ми ги истресе. Ги најдовме и ги користевме во џамлии
А ми текнува и на последниот пат кога возев. Летавме со братучед ми на улица полна со помали деца, и братучед ми само што не згази едно од нив, се жртвуваше, летна преку гиданот се искрши доле. Комшикиве му фрлаа вода во фаца, иако беше далеку од онесвестен
Моментот е што јас го изедов стапот, пошто наводно јас сум го терал да се пуштаме по удолницата
И тука татко ми ме посрамотува, пред цело маало ми се дере, се врти, и таков гневен му мавам клоца по гз. Моментот беше што пред сите го мавнав (имав некаде 11-13 години незнам точно
). Никогаш во животот не ми се налутил како тогаш, ме бркаше до дома, знам се заклучив во соба, ќе ја искршеше вратата