Прееска се убив од плачење, бев во крш расположение, се ми се собра, неделава беше одвратна, после излезе Џафер на сцена и не можев да престанам пола саат да се смеам... Тоа е тоа... Каков човек, каков стајлинг, каква изведба...
Во право биле луѓето кога рекле дека ‘‘музиката не познава граници и политика‘‘.
Имаме толку убава народна музика, што навистина се чудам како луѓето паѓаат во транс на Стоја, Цеца, Меца и компанија
А бе ми се полни душичката кога гледам полн стадион горди Македонци, делуваат толку моќно и сплотено, камо среќа да беа така сплотени за сите проблеми кои ни се случуваат пред нос
И ај сега признај дека имаме најубаво знаме на свет (не дека е наше, туку најобјективно)
Кајгич изгледа само на мене денот ми беше шит и уште ми е, исполнет со нервози и 300 други сра*а.
Како и да е нека е среќен роденденот на татковината наша и белким не чекаат подобри времиња сега кога и по УСА стандарди е полнолетна.
Разочаран од изборот на пеачиве кои направија геноцид на преубавата македонска песна. За следна прослава холограм од Бадев, Сариевски, Јонче Христовски, Гоце Арнаудов и Добри Ставревски нека има, барем да се расположат луѓе а не како на помен да одат.
Ми се јавија од Охрид да ме поздрават со песнава
Абе ми иде во око да си брцнам од мука, сакам да сум таму сега на едно место кај што ова ми го свири виолина на увце а јас во тој момент сум на некој друг свет. Ете зашто си ги сакам јас Охриѓаните и трубадурите.
Ми се оди во средно, пак.
Да дремам сабајле на клупа легнат, на голем одмор да пијам кафе и да закаснам на трети час, да си киднам од последните два часа и да си дојдам дома да си одспијам. Вака, ем не пијам кафе, ем не сум наспан па и пак немам време за нешто...
Понекоаш ми фалат моменти како што ги имав кога шетав безгрижно покрај море или коа минатото лето, кога го шпартав градов. Понекогаш ми фалат одредени личности. Then again, реалноста е тука да ме потсети колку тие моменти се прекрасни. Ми значат.
Ако може некако денот да се продолжи на 25 часа?! Еве, јас, од моја страна ветувам дека ќе се будам еден час порано со таа цел
Да потегнам петиција до Министерството за време, а?!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.