Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Моментот кога ќе ти виснат рамениците и се чувствуваш како изиграна будала...
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Bitch!.... НЕ МОЖАМ ДА МУ ПОВЕРУВАМ НА ОЧИВЕ :eek:
како е можно.... не сваќам, како се случи... кога...
не ми се верува... не поминаа ни две недели откако се скаравме и сега ова...? :eek: во шок сум... во глава ми се илјада прашања... зарем сето тоа што се случи беше лага? се беше лага..? толку брзо заборави се избриша се и друга го зазеде моето место? толку брзо и лесно?
едноставно.. немам зборови... секој му чест..
секоја му чест на сите зборови што ми ги кажа пред крајот, и се што доживеавме... значи толку вредело се.
Браво! Ако ова му беше целта можам да му дадам медаља за најдобар лажго, аххх... да ми е пред очиве има пепел да го направам :mad:
како сум можела да поверувам, уште размислував и дека јас постапив лошо и неправилно се однесував... а види ти што била работата... ах ова нема вака да остани..
нема да му заборам ова никогаш..
ке дојди пак.. ама дури тогаш има да плачи!
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Драга си положив испитот : ))))))))))
Грмам бе грмам, отсеа само кока кола пиjам - среќа ми носи
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Додека ја си бев учениЧе, некои професори толку жестоко работеа на случајот ко ќе порастиме да не газиме макроа на улица, шо менаџираа и презентираа соодветен пакет на репресивни мерки.

Така некои не тераа да клинкаме на една нога низ цела просторија додека он прича за амеби, други ги силуваа нашите суптилни бекенбарди, а трети ги влечеа нашите трегерици и ги пуштаа под дејство на гравитација да слетаат на нашиот ни грб. Се сеќавам еднаш учителот по физичко ми пружи фасцинантно филмско шамарење затоа шо наместо “slani stapici” (алијас соленки) му купив 2 солени кифли од локалната продавничка.

И си мислев помина.


А нели бе мајката ваквите педагози требаше да функционираат вакa:

Педагошки мерки

Ако твојот ученик те побара со поглед
- погледни го!

Ако твојот ученик те допре со рацете
- гушни го.

Ако твојот ученик се осеќа беспомошно
- помогни му!

Ако твојот ученик сака нешто да ти каже
- послушај го!

Ако твојот ученик се осеќа беспомошно
- помогни му!

Ако твојот ученик се осеќа осамено
- придружи му се, развесели го!

Ако твојот ученик се осеќа тажно
- утеши го!

Браво за малава! Е не...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.566
Каков кретен сум човече :tapp:
Си го поминав летово работно со цел септември да ми биде слободен да си ја направам дипломската, си почнувам лагано со мислата дека цел септември ми е на располагање, и одеднаш еден другар ми вика ако не ја направиш до 15 септември ќе треба нов семестар да запишеш :place:
Зошто не размислив на тоа порано :facepalm:
КРЕТЕН Х178312893891273891273891273897128937129 пати :facepalm:
Ќе треба уште 100 евра да им фрлам на тоа апашите :(
Абе значи има периоди кога треба да фрлам пари за се и сешто, сите можни работи дома ќе ми се расипат, ќе ми истече кредитот на мобилен, се ближат некои родендени на поблиски луѓе, си ибало мамата уште ова фалеше :tapp:
Убаво викаше татко ми, ќе пораснеш ќе сватиш некои работи :)
Ех да видиш сега како е да си ја испланираш иднината за да издржуваш тројца луѓе, да ја реновираш куќата од темел, и секако долговите да ги донесеш на нула.
Бар од нула да почнев да ти ебам :icon_lol:
Ми текнува дека порано на еден антички мобилен во позадина ја имав следнава слика:

Тоа е тоа, се запишав во најтешко средно, завршив еден од најтешките факултети во рекордно време, останав насмеан и позитивен цел живот со минимална финсиска помош од дома, е сега дојде главната фаза од животот :нинџ:
bring it on baby :pipi:
п.с. ќе пробам и во невозможната мисија до 15 да презентирам дипломска иако сега сум до 5-та страна :pos: , а притоа штотуку ми соопштија дека колешкава што единствена покрај мене се осуди да земе дипломска од овој предмет била готова од јуни али ја маткале 3 месеци:icon_mrgr:
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Ех,драга Кајгано...мамето и тебе...и на сите...од кај да почнам,незнам...ај од тука-

прво,јас сум наркоман.Не,не наркоман на кока,туку наркоман за вежбање,активен живот,предизвици,напор,пот,вжештена глава..тоа е она што ме исполнува,тоа е она што ме радува,тоа е она што ме мотивира во животот...но,нешто тргна на лошо после едно искачање со една мила,поранешна другарка,на која и се отворив ко конзерва..ми се свиѓа,стварно,не само ради тоа што има гз ко на Ким,и цицка ко на Цеца и очи ко на Мила Кунис,туку и пошто има карактер copy-paste на мојот...девојчето не сакаше со мене,или сум грд,или баш тоа беше причината,за која она ме убедуваше-пошто сме биле другари.И,добро,прифатив.Бев у бедови,но нечемо сада о томе...продолжив со вежбање,како некоја енергија да влезе во мене,почнав да дигам килажи за кои што,кога гледав друг,си викав"кога јас вака ?" и зголемував..зголемував..но нешто се сјеба,скршив зглоб.Ајде,прифатив.Претерав,реален сум,си се казнив сам.Нервози,еден гипс,па друг гипс,тон пари оставив по болнициве,ајде некако пројдоа 2 месеци...секој ден си се мотивирав дека од понеделник(3ти,за тогаш имав закажано за снимка) ќе си почнам све топ..и дојде тој ден.Не спиев,сабајлето бев на школо,отидов на лекар..прво ми рекоа,супер,одлично,се опоравила,ајде уште снимка..јас,пукам од среќа,и стига снимката..и докторот ми вика,ќе мора уште 6 недели да паузираш младичу ! Тука,ми се сруши свет,паднав у депресии..али ме држеше ден-два,језда и сеа сакам да вежбам,али не сум у депресии паднат,боље у депресии неголи у септичка јама..

и,све се завршува со таа курвинска фаца..дознав дека е у врска со едно лигле,и едноставно,како да ти кажам,како потресен сум...зошто увек убаво девојче фаќа кретен за дечко ? језда одговоров го најдов во HodgeTwins на јутуб,кои што викаат-http://www.youtube.com/watch?v=PbZJByzg-fU (1:30)..но сепак се осеќам ужасно.

тоа е тоа за денеска Кајги...
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
Sleep on tight .. Боо еј многу ми е грдо, она претерано. Не знам брат зошто вака .. Бљак филинг .. Во вакви моменти треба да си го исправам филмчето, ама ме кошка нешто внатре. Морам да го одгатнам што побрзо .. Грутка ме стега онака, а нема никаква причина за тоа .. Не пафкам утре имам некое лошо претчувство, а тие кај мене секогаш се во право .. Поо бе глупо, оти вака ..
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Уморен сум од се бе ,ми фалат некои 10-15 дена на некоја планина да се опоравам ама тоа тек у Јануари :(
Скопјево и луѓето тука знаат да бидат страшно напорни и да ти ја цицаат онаа позитивна енергија што си ја има ебате:tapp:
Некогаш прелесно се откажувам од некои работи и подоцна се каам но јбг,животот е таков.



All men dream but not equally. Those who dream by night in the dusty recesses of their minds wake in the day to find that it was vanity; but the dreamers of the day are dangerous men, for they may act their dream with open eyes to make it possible.
Помина некое време откако престанав да сонувам,но време е да се вратиме пак на вистинскиот пат а не сум далеку.

Работам,си се спремам за на факс,шмекам една цура а у сабота ваљда ќе намине и еден другар од Ресен,да се испоштуеме и да мавнеме по некое пивце:P

Е да и на роденден сум кај една другарка што многу ја поштуем;)

Ама и песнава на ЕнИмЕн е стварно моќна и од срце праена

http://www.youtube.com/watch?v=1wYNFfgrXTI&feature=relmfu
Е толку за денес,сеа ќе си глеам серија и ќе си се ладам :cool:

Peace.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Значи, повеќе од недела дена како сум вратен во нашава временска зона и пак биоритамот ми е расипан. Дење спијам, ноќе гувеам. Па до кога вака?

Зачудувачки, сепак, не чувствувам ни вина, ниту притисок, ниту пак желба да променам нешто. Знам дека кога-тогаш ќе мора да се прилагодам на нашево време (да станувам од спиење наутро, наместо во 23 часот), ама не очекував дека до толку долго ќе ми треба. А не ми е ниту криво, зашто се потсетив на старите денови, кога живеев за тоа да бидам сам ноќе, пред компјутерот, со телефонска врска со останатиот свет (тогаш сè уште немаше Интернет) и/или со игри и/или со музика. Толку ми требаше тогаш. Доволно беше. Толку ми треба и сега. Доволно е.

Како и да е, имам работа за завршување, па сега е добар момент. За среќа, надвор не е премногу ладно и е доволно свежо за да не се задушам.

А после тоа, да се живи и здрави од Eurosport што во живо пренесуваат тенис од US Open. Следно е Федерер против Бердих, па ќе биде интересно да се гледа, ако пак не можам да спијам.


Поздрав и добра ноќ, како и убав сон на сите што спијат.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Angry, young and pissed... 2 ден! Прво чу да је карам, па чу да је бијем... пред време ќе ме умрат.
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747
Драга Кајги, кој денес се осеќа мизерно и лошо и тажно, ако не јас? Па јас скоро и да немам што убаво да ти кажам. Само ќе кажам никој не ме слуша кога зборам, никој не ми верува, и на крајот кога ќе испадне како што сум рекла јас е тогаш веќе е доцна. Мразам кога сум во право...
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Драга,
Полна сум со енергија, емто позитивна. А да знајш оти долго ќе ме држи ! :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom