Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
Почнав да пишуем дугачок пост али нема везе,ме предомислија макароните :D

Долго време бев излезен од колосек и бев оддалечен од сонот,време е да се вратиме назад.
Ќисои на кило :D
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
другар. само ме изненадуваш со некој непознати работи?
Пази молим те ме известуваш „ Урбан Самурај почна да ве следи“
Што ова пак сега си викам,пак страв до коски изедов како со она порано
„ не ја надгледувај темата“ кога го исклучив и компјутерот и ѕвончето.
Ама од ова сега како да се спасам,од кого да барам помош,сам сум дома а мора да излезам да купам леб и лубеница,сртав не страв отидов.
И само го вртам погледот кон назад да не ме следи некој Самурај,а тие имаат долги мечеви.А и на сликана богами е страшен,може со два прста да ми го извади гркланот.А чим ти така викаш сигурно и ме следел ама јас овој пат не го видов,а и брзав-бегав,а можеби е пак невидлив шо знам,тој ме гледа и прати а јас и да не знам.И што намера има незнам.
Кај ме најде мене генерација четрдесет и неке да ме мачи на овие лета.
Ама ај ќе си се снајдам јас некако како и досега во животот,многу сакале да ми ја симнат главата од рамена,ама еве сум жив.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Драга зошто има толкава параноја кај луѓево и зошто сите мислат дека „некој сака лошо да им направи по секоја цена”? Не ми е јасно...
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Сите велат дека почитуваат искреност и отворен муабет.Меѓутоа очигледно не сите знаат да ја прифатат таа искреност(која толку многу ја бараат)па затоа од кога ќе им кажеш што мислиш и како се осеќаш, добиваш ладен бран и игнор.Иди па сфати ги.
Криво ми е, премногу.Треба ли да се преправам дека ништо не се случува и за се и сешто да преќутувам?

Инаку, добив една вест заради која во 4 саат сабајле скокав и вриштев како ненормална:icon_lol:Конечно има реални шанси да ми се оствари една желба по која копнеам со месеци.

Трето, вчера си поминав преубаво.Мило ми е што ги видов, што ги гушнав и што напраив добар муабет.Не знаеш со кого се имаш сличен живот и размислувања додека не седнеш и не прекинеш со зборување 4 и кусур саата :).

Кајганче, едвај чекам пак да почнам со тренинзи.Освен тоа што сакам да ги видам пријателчињата, со душа чекам да се отарасам од негативнава енергија која е предизвикана од оние околу мене.Ги сакам, ги обожавам, ама со таквото нивно однесување само ќе продолжат да си ја продлабочуваат сопствената дупка и мизерија.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Кајгана,
да не се фалам да не ми љубомориш, ама страшно добро си минам. Јас секогаш имам зборови за да опишам чувство, место, време, ама сега сум спичлес. Поубави моменти не сум имала. Дури и типот од шанкон што ме манјачи ми е смешен, а не ме нервира.
Кога веќе немам зборови за да ти ги доловам сите моменти деновиве, ке се обидам да ти го обајснам само овој мал момент сега, па ти сфати ги другите, кои се приближно убави, повеќе или помалце од овој.
Јас сум легната на дрва кауч со меки перници, со капки од езерото на мене, што од моето претходно уживање од водата, што од прскањата на другите што скокаат во водата. Пијам кафе и цеден сок од лимон, под око го надгледувам дечкото кој дреме во вода, и го чекам да излезе за да ме бакне и да ме натопи повеќе.
Наоколу врие симпатиченн народ и во позадина одат песни од Готје. Лаптопот ми е во скут и те читам.
Епа ај сеа кажи дека може да биде поубаво од ова!
 
H

HITCH

Гостин
Totally fucked, кренав температура! Ме „лечат“ со електролити и со ice кафе, поодвратно нешто од оваа комбинација немат!!! А, да не ги спомнувам сега подочнициве до пети... Ги изгледав „Тетовирање“ и „Викенд на мртовци.“ Филмови со Сандра Булок и Деми Мур се на ред. :giggle: Не знам зошто, само кога сум болна, ми текнува на филмови?!



Ај, со здравје... :icon_lol:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Драга, јас денес немам ништо да ти кажам. Всушност... Еве ти кажувам дека немам ништо да ти кажам!
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
денеска убав беше денот се до пред неколку саати кога дознав ужасна вест.
починал еден другар од детството :( и тоа уште лани ама ја дури сега разбрав. воопшто не ми е убаво. ми текнува на сите заеднички незаборавни мигови поминати со него.
живееше веднаш до баба ама после се пресели во друг град и постепено изгубивме контакт.
ама колку лета заедно бевме, колку глупости заедно сме правеле....:( ми се чини како да е лага, не ми се верува. едвај на лето чекав да појдам кај баба за да се видиме со него. седев таму со денови само да си играм со него.
имал само 20 години кога починал........жално.........
ми беше имењак. ликот никогаш нема да му го заборавам.
:(
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Си најдов едно од оние дигитрончињана со проѕирлушкави копчиња што титкаат на секое притискање и на било кое копче.
Зјапам у стубовиве на терасата.
Со трепка кон небото од нив можеш да направиш пруга за воз, и да сврват облаците што ја кријат и откриваат месечината.
Си се смешкам, оти трудот конечно ми се исплати.
Време е да уживам, макар при крај на распустов.
Да се нурнам у љубов, и у музика, можеби у пиво, којзнае.
Една битна ствар научив у ова жешко, долго, пеколно, мутаво лето.
Дека ништо не сакам да научам од циклусите кои ни го грицкаат животот ко кекс.
Сакам само да љубам. Секој миг. Со секоја клетка. На секаков начин. Во секаква форма.

 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Dosadno mi e. Daj nekoj...hahaha :D
So be ovie Florence tolku, samo niv gi pustam, a imam se I svasta u telefonov...
Dosadno mi e pa :(
Da stanam peacka be? Jazzy blues? Hahah :D
Da soberam 30-40 pesni vo blues aranzman I da sviram I peam po kafici. Na so ke lici toa?
Ne sum grda, ne sum debela, moze I poznata ke stanam :D hahaha
Sakav da se tetoviram takvo malo srcence kaj zglobot na rakata, ama pa toa na sto ke lici? Baska ja smizla sum... Ne srcence be, neso drugo. Znaes so ke bide jako? Na lower tummy, ama epten low onaka, da pisam nesto. Ili ne mora pisano, moze oblaci da nacrtam pa demek vlazno hahaha :D
I toa ti vikam ja...se smeam uste od drugarka mi vcera ahh be :D umrev :D
Daj da hejtam neso. So da hejtam be??
...
Ne znam so...
Daj nekoja idea. Ustvari kakva idea ke daes ti, forum si... Kolku sum glupa :D
E! Sto be sekoga bivsite kao koga ti se pusta nivniot bivsi, devojkive se kao "ajde be izlezete, aman vekje, bas si odgovarate" ili "aj be fati so go *ime* epten ke ti odgovara na tebe on" so I'm e problemot? Kao demek "ej vidi ja go prebolev ovoj" ne znam. Nikad u zivot na drugarka bivsi nema da I preporacam. Ne deka gi iam. A I toj so sum go imala manipulatorsko gjubre. Pa uste ke pisuva da razberat demek seks sme imale, ti se pluknam u toa klosarot... Aj dosta so godhateus.
Si depilirav noze celosno so toa masinkata. I na butovite. Znaes so mi se desi? :eek:
Ne znaes! Umrev I se preporodiv od bolka. Mng boli. A drugarkive I pod "pazuvi" so masinka se depiliraat. Ne znam togas sto...ne mislam aj.
So da ti zboram be? Ne mozam za muzika, neam so da ti zboram. Howl ide u pozadina u momentov. A cudna rabota, taka koa slusam edni isti pesni celo vreme obicno gi ucam tekstovite, ama sea ne. Me mrzi. Porano gi pisuvav u toa tetratkata poise kako tefter so mazni listovi tie sto se, od socijalizmot takci, crni. I dnevnik koa imav u takov pisuvav, ama drug. Koj izmislil be toa gluposti? Dnevnik ke vodam, neam druga rabota...
Od Sept ke go jadam, izglea Dame formi ke mi predava. I'm done. Ke me ubie. Ke me prakja da mu kupuem cigari na golem odmor. Ne be, dekolte ke oblecam I gotovo. I onaka porano me postuese radi Prodigy. I ne znaese so e trip-hop, ja go upativ. Ali nema veze, na block sme si na fb. Ljut mi e so sum kopile :D Srce be :D Srce ama ke me zakopa od septemvri...
Nema veze, ke si ucam :D hahahaha
Ill cut your little heart out, cause you've made me cry.
Znae da pee ovaa Florence. Cveta. Ili Cvetanka. Na makedonski. :D Koj jazik epski go iame :D
Prazno e Skopje vo periodov, a lugjevo ko odmor da ne videle, pa samo postiraat sliki po facebook. "Lele jas bev vo Grcija" "Lele videte me vo kupaciot kako poziram" "Lele mnogu sum pocrneta". Dobro, ne me zamaraj. Baska, Marlyn Monroe glavna faca denes, 50 god od smrtta se odbelezuvaat.
Kako ne mi tekna porano be, na fb sekad ima neso so ti smeta u odreden period I vredno za hejt :D
Neam zborovi vekje, me zbolea prstite od kucanje.
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Драга,
Денес се вратив во мило Скопје после месец ипол.Големи очекувања од распустов, а сепак ништо не се сменило во сивилово.. Се поинтензивно размислувам за факс и натамошната иднина(рано е имам 16), висока животна амбиција.. Секојдневно соочување со проста раја, ми треба одмор, ајде веројатно ќе се деси нешто интересно во преостанатиов месец, се надевам
Остани ми поздравена
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom