Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Драга

Синоќа возачот на ноќна 2ка што ме враќаше секоја вечер дома од работа, ми кажа дека му е последна вожња и дека се пензионира.
30 години бил возач, а последниве 15 возел скоро секогаш ноќна. Ми кажа дека уживал во работата, си ја сакал и никогаш не се нервирал. Ми даде и некој совет. А и ме зезаше дека сум почнала да ги менувам станиците.
Не знам зошто, ама многу ми е мило за човекот. Се осеќам ко некој мој близок да се пензионирал.


Kudos to him
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Шо ми се издешава вчера бе брат ?
Една од поубавите вечери по подолго време (лажам бе, мене секоја вечер ми е добра)
Сепак мизерно беше да видиш на какво ниво ти е една култура во твојот град .. А сите глумат некој и нешто. Бљак.
Не само што видов, туку и се поздравив со личноста што ни на ум не ми идеше дека ќе ги видам па камоли муабет да направам.
И така, си дадов почит на ,, моите ‘‘ луѓе, се испукав добро и сега уште ми се спие.
Си ставам некои видеа на нет, досадно ми е за друго нешто да правам.
Back the fuck off me! Biz with the skiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiilz.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Д.К.:(
незнам што ме натера да ја читам темата за Арапско лечпче,



Сега умот ми е околу узбецките лепчиња и оние селски тави (мевце) селко топло лепче , топла миризлива пита зготвени во фурна ( онаква како што баба ми имаше во Егејска ) :(
ДА, таа беше до пред некоја година таму- ноооо, некому му текна дека старата фурна не е веќе функционална и ја урна :( А баш беше кул и стварно немаше потреба од тоа

беше нешто ко оваа:(но поголема а и поубава( дека беше наша);)
своето е секогаш НАЈ

 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Нема, значи нема, никогаш немало и нема да има нешто погнасно од лето, жештини, запотени пазуви и вцрвенети лица.
Сто степена, земјава се потпали. Се живо цвисна, свена.
Не можам да се поднесам, се чувствувам ко виршла сварена, ама не у вода, него у пот.
Колкав хејтер сум на летото, толкав хејтер сум и на снегон до коленици.
Не ми се испаѓа на ваков припек и на таков мраз.
Таков с'клет ме пука, ќе си легнам у фрижидерот и ќе измрзнам.
Не ми се верува дека мирисот на една риба од комора е попријатен од мирисот што ме следи наоколу кога ќе поминам на улица.
Што гадни ќе бевме ние луѓето бре? Еден ден немиени и ќе згниеме у сопствената гадурија.
Прашина насекаде околу нас. Што се овие столеви, маси, кровови, ѕидови?!
Сме го накинџуриле цел свет ко Елка за Нова Година, само никако да светне.

Да ти се плукнам у летото скапано, оди си, мрш!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
И еве дојде вечер конечно...Вечерва излегувам...Толку имав напорна недела што едвај го чекав слободниов викенд...Во наредниот саат ќе се замарам единствено со избор на фустанче, сандали, боја на кармин и фризура...
Утре ќе сумирам впечатоци, ќе имам гости и ќе се излежавам после тоа..
Кога ќе стигне гнасниот понеделник, ќе бидам повторно во колосекот...
 
П

Пепси_

Гостин
лицемерни :гомце: колку ќе ми биде мило да се регистрирани и да ми го прочитат овој пост. Разликата е што јас сум искрен и све им пернав у фаца а овие се правеа фини а зад врата се клештеа и оговараа ебати тоа лицемерието гадно уште по фацата им се знаеше на тие 2те кокошки.

Мажето јакото ебачиште,почна машка тема и на крај се усра го заболе кога испадна дека усвари не е ебачиште туку бот,ама устата му е шлапатало се он знае.

сепак светот така функционира што он е победникот, пари имаш - цел свет се врте околу тебе (цел град де) и сите те сакат. :facepalm:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Гледав документарна на ХРТ 1 за природна и вештачка медицина, овај де официјално призната. И тој докторот на оваа официјалната вика дека бил кусоглед и медицината негова не го излекла ама му дала направа за да го подобри видот, и ако живеел во џунгла поради тој хендикеп наместо гранка ќе ја фател змијата со рака и највероватно ќе бил мртов. Прво што ми помина низ мисли е дека ако живеел во џунгла нема да биде кусоглед, е сега зошто па немало да си ги расипе очите дремејќи пред телевизор или компјутер, и од мали нозе учејќи симболи наречени букви или бројки седејќи во неприродна положба тука е и храната водата итн :icon_lol:.

 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
'бати денот, само нервози и пцуење. Знаеш дека не ти оди, кога најкористена фраза ти е "У пичку материну".
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Драга Кајгана,

немам коментар!

Чао, пријатно и лека ноќ :D
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Драга Кајгано,
Ја да фатев да кречам ќе испаднеше подобро.
Ајванот од Свети Николе можда е лош молер, ама затоа е добар лажго!
"Педантен сум, нигде нема да капне ни точка!"
Туш кабината ми е порозева од собата.
"Брзо ќе завршам!"
На врата ми беше у 8 сабајле, си отиде во 8 вечер.
Станот ми го напраи кочина, ми ги изеде ќебапите, си ги остави ваљаците сред дневна ..и пак ќе дојде во понеделник.

Мене уште у 9 ме избација од дома, сестра ми под рака и ај ќе идеме по лакови и стикери за на ѕид..
Го превртевме Трговски, патики ко шо барам нема НИГДЕ -.- и ај у Џамбо.
Дома се вратив со миризливи свеќички у форма на срце, еден зелен држач за саксија шо не изглеа као држач за саксија и сеа на него ми се свеќичките, 3 лакчиња <3 и една папка што ми е апсолутно непотребна ама многу беше убава и морав да одвојам од џепарацот да ја купам.
Ќе се најде.

Инаку бојата на собата ми испадна розева. Ама апла розева. Ова не личи на ништо.

Уствари личи...

На јасли.

Осеќам убав ремет ќе изедам од сите, поготово зашо у секое друштво сум најмала.
Hh bebe edno :D Barbi ti e sobata :D
Ќе го најдам молерот зад девет рида и девет депонии и ќе го убијам во колипката дур спие.
Не беше ваква бојата шо ја одбрав.
"Ќе осветли до утре!"
Oh, it better.

Се истуширав, измив заби, сеа многу добро би ми дошло цигарче... Buuuut since that's out of the question, директива у кревет.
Напорен ден беше ова.
Добра ноќ <3
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
од странциве се нема спас.
остај овие што се познаваме братучеди, кумови, тетки и стрини туку ти правам муабет за овие по улици што ги среќавам. мислим стварно дај малку......
таму по цели денови работат од утро до мрак, а овде демек еве ние живот живееме ајде ќе се пијанчиме до 6 сабајле. :гомце:
денеска имав гости цел ден ( странци), вчера исто така ( други странци) и за околу еден месец треба да пристигнат трети странци и тоа сега пред еден саат ми закажааа кога ќе иделе да сме си знаеле. а пред нецел месец едни веќе испративме.
сите овие да ми дадеа по 50 евра ( не барам повеќе) па верувај дека нова кола ќе си купев, ама скржави се пустите сите до еден. не даваат толку.
сега вечерва еден од братучедите (швајцарија) го извадив по кафулињава, да го запознам со друштвото, ова-она и замисли се ја му плаќам брате мили. тој си се прави на три ипол.
пијачка јас, такси јас, уште една пијачка јас.......плаќај Дарко ти имаш......:facepalm: ок извини не знам што пишивам, ај чао.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Draga Kajgana, sex was ok. <3

Draga Kajgana, sum povratil tolku mnogu, shto za moment rekov, this is it, im gonna die in my toilet (imam WC moe hater, whatcha know about having your own bathroom shto ima vlez samo od spalnata tvoja? <3)
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Драга,
како човек да реагира на феноменот - broken dream? Онака вчера меѓу гужва и расположени луѓе токму на оваа тема размислував и дојдов до заклучок дека има само две можни реакции: или ќе си разочаран и ќе мислиш каде е твојата грешка, или ќе се раководиш од реченицата дека секој крај е можност за нов почеток. Знаејки се себеси и мојот неуништлив оптимизам претпоставувам дека ќе ја одберам втората опција.
Вчера дури проаѓав низ гужвата и низ сите тие расположени луѓе видов една девојка која ми остави впечаток и ме потсети каква јас бев порано. Онака беше лабава, со искрена насмевка, безгрижно се нишаше на песничките со чашка во рака, и на чело и пишуваше дека нема грижи. Ме потсети на старите денови кога и јас го правев истото.
И многу лесно можам пак да бидам старата јас...потребна е само една одлука, само еден чекор во друг правец, само еден бурен и тежок период...Потребно ќе биде да го доживеам феноменот: broken dream, за конечно да си го вратам назад стариот безгрижен живот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom