Драга,
Пак те имав ставено на пауза, но овој пат од поинакви причини, кои беа далеку од мои желби или потреби. Денес конечно поминав доста време на тебе и токму на оваа тема. Се изначитав постови кои се поклопија совршено со тоа што ми се дешаваше и сеуште се дешава. Затоа си ја сакам темава. Ретко се наоѓа нешто квалитетно-признавам, но кога ќе се најде, доволно е вредно за целото посветено време и внимание.
А изминатиов период... ах мамата. До толку ме напна што ги изигнорирав многуте прекрасни понуди за добар провод, што значи - отупев, се презатворив и се пребедирав! А колку го мразам последниов збор...

Неважно е тоа сега, затоа што помина најстрашното. Сега е важно новото работно место и патот до новиот успех. Се надевам дека ги имам силите од минатото кои нема да ме напуштат некаде по пат, додека пак стигнам каде што треба т.е. каде што имам замислено. А ќе се трудам да испадне така. Јас можеби ќе пропаднам некогаш, но тоа ќе е кога ќе ми се смачи од се` или кога јас лично ќе се откажам. Никогаш кога друг ќе ми го посака или иницира тоа.
И уште ова. Мал совет до глупавите мажи. Никогаш немојте да потценувате девојка кога ви бара помош(!), никогаш немојте да молите кога сакате нешто поинтимно со некоја(!) и никогаш немојте да фрлате евра на маса и во случај да сте крајно глупави за поинаку да дојдете до целта! На глупавите, ништо не им помага да стигнат до паметна девојка. Што побрзо сфатите кај ви е местото, тоа поубаво за вас и за сите слични на вас глупачки.
Толку за мене и од мене. Па, како си ми ти?
