Никогаш не бев способен да седнам и да напишам нешто што на доволно јасен начин ќе ги изнесе работите кои сакам да им ги кажам на најдрагите. Најлесно ми беше да ги погледнам во очи и да им пренесам дел од сигурноста, поддршката и вербата која им ја нудам со еден навидум обичен поглед.
Ќе пробам да го доловам преку стиховите од River на Emeli Sandè она што погоре накратко го опишав.
Верувам дека секој од вас има по некоја личност на која сака да и помогне да успее и да постигне нешто повеќе од материјално задоволство.
Понекогаш остануваме неслушнати токму кога сакаме да помогнеме
See maybe I'm too quiet for ya,
You probably never noticed me,
But if you're too big to follow rivers,
How you ever gonna find the sea.
Пробуваме да бидеме оние кои ќе го направат патувањето кон целта полесно само затоа што туѓата среќа е и наша.
So follow me, I'll be your river river,
I'll do the running for ya, follow me,
I'll be your river river, I'll move the mountains for ya,
Follow me, I'll be your river river,
I'm here to keep you floating, follow me,
I'll be your river river, river river, yea
Даваме сè од себе за да разубавиме нечиј живот, знаејќи дека личноста е доволно вредна и заслужува наша пожртвуваност.
If all you want are answers to your questions,
And you can't seem to find no love for free,
If you're lookin' for the right direction,
Then darling look for me.
И покрај тоа што знаеме дека сами по себе не сме решението и единствениот пат кон крајната дестинација, сепак остануваме да го олесниме товарот кој доаѓа со самото патување.
See, I can't make the loan much lighter,
I just need you to confide in me,
But if you're to proud to follow rivers,
How are you ever gonna find the sea
Секогаш пробуваме да дадеме до знаење дека без разлика на сè, колку и времето да нè раздели, секогаш ќе ги имаме тие неколку посебни личности за кои сме спремни да одиме против цел свет само за да можеме утре да им бидеме потпората која некогаш ја гледале во нас и можеби и недоволно ја искористиле.
Wherever you are standing,
I will be by your side,
Through the good through the bad, I'll never be hard to find,
So where ever you are standing, yea, I will be by your side,
Through the good through the bad, I'll never be hard to find.
На крај, би сакал на момент да размислите дали имате некоја ваква личност во вашиот живот и дали можеби има некој кој за вас би го направил сето она од погоре. Доколку одговарате на барем еден од овие два услови, сметајте се себе за среќна личност и не заборавајте да го цените она што другите се спремни да го направат за вас.