Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.335
Поени од реакции
3.944
Драга ...

луѓево треба да почнат да читаат книги и да се трудат да ја сфатат темата и идејата. Многу се нервирав кога требаше да прераскажеме лектира во средно и да кажеме што е темата и идејата. Ама очигледно било потребно.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
4.850
Поени од реакции
3.861
Драга,
Се што е направено од човекот е призвод на злото. Борба за утопија.
Leave the plant alone !
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
564
Поени од реакции
437
Кајги

По кој пат ти се жалам дека немам време?
До мене ќе да е проблемот... и ко шо ми гледат немат ни да имам некогаш. Можда сум расплинета на миљон страни, од кој појќето се не-толку-важни.
(Приоритетиии!)

Утре прам годишна писмена математика, последна во животов. И сум најнеспремна ever! Ќе ја е*ам оценката математика и годинава. :) Така и ми требит. Книга немам фатено цела година ко шо требит. А шубо на времето си бев бубалица.

Поздравче :)
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Уф Драга, да и го кхм дечкото на оваа. Уф каков е. :love:
На, плакни очи.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.599
Да очекуваш луѓето да бидат фер према тебе , само затоа што ти си фер према нив, е исто како да очекуваш лавот да не те изеде тебе, само затоа што ти не јадеш лавови:)

 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
1.168
Поени од реакции
2.628
Драга Кајгана , прв пат ти пишуем у темава , ама се надевам ќе има фајде .
Ништо не сакам , се си имам , ништо не ми фали .. само ако може МЗТ денес да тепа друго ништо не ти барам .
Биди ми поздравена :)
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.056
Поени од реакции
2.678
Сум заборавила колку е убаво чувството кога ќе си дојдеш дома целиот накиснат од дожд.
А и сега ги слушам капките како тропкаат на прозорецот заедно со Placebo во позадина... Бесценето...
 

Doc Holliday

Модератор
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.813
Поени од реакции
3.853
Пак врне кајги а?
Ако нека си врне,мене ми е убаво,затоа и си седам со отворн прозор,ако се тресам како да сум на Северниот Пол :)
Што друго да се пофалам?Ништо што,само нема кој да ме избрка да си легнам,а знам дека треба да станам рано.
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.786
Поени од реакции
4.075
o hai tharr kayghana!!!!!!1!11 long time no see!
шоима, добра? ја ладам, си збирам комплименти :D предмалку ми кажаа дека сум го имала задников.
Топ, топ..
I'm so hawt bitches mistake me for Rihanna :D

Well not really.

..


God, this is desperate .


ќе ти се распишував, и онака ми е досадно али глеам деновиве не ти се праи нешо многу муабет, така да нема да те потам.
слушај си музиче на временцево :) ти напраив тема прееска, ѕирни ја моми4ката, добра е.
ја.. ја ќе сањам нешо добро. секогаш сањам убави ствари коа врне :)
друго, ништо. мед ми е, да не се грижиш :)

aaaaand that's it. kkthnxbai.
крчни си! :)
♥
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
С

Сатори

Гостин
Драга,
коцките секогаш си доаѓаат на своето место, колку и да е макотрпно додека ги собираш, додека ги наместиш, додека да ги засакаш и да те закаат, дур да простиш.
Имам за што да бидам среќна деновиве, во животот ми се врати личноста која што никогаш не си дозволив да ја закопам, иако бев доволно млада и глупава да си дозволам да ја изгубам. Ми се враќа насмевката на лицето кога знам дека ќе бидеме океј, после толку време. Колку ми фалеше само ... :)
Патем, ќе бегам за Франција за мастер, Париз, лична сатисфакција и дупла диплома. I am a lucky lucky girl my dear!
Љубам и ме љубат. Што да барам повеќе освен се што ми дава животот? Ништо! :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.279
Поени од реакции
4.499
Драга Кајгана,

Денес бев добар момак, ги завршив испитите од првиот дел.
Се мислам да фатам и вториот дел да почнам да го одговарам :)

И пак да се пожалам на мегаломанијата на америве... Липтон чај, најмало пакување 48 ќесички. Мини Сникерс, нешто над 400 грама.

Малку бед е што почна пуначот за лап-топот да ме дупчи, изгледа на едниот крај од кабелот многу сум го тегнел изминативе година и пол, и сеа понекогаш губи контакт. Енивејз, ќе преживее :)

Утре идам во Дизниленд :) Кога ќе се вратам ќе пишам по нешто :)
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Драга,

''Не те напуштив поради друг маж. Те напуштив поради друга жена.
Онаа која не можев да бидам додека бев со тебе.''
Предобро кажано драга. Мој ме истикт никад не вара :D А љубопитноста ја убила мачката, така да и мене нема да ми остане должна.
 

Гладиус

loading...
Член од
14 август 2008
Мислења
5.458
Поени од реакции
1.673
Секое проклето утро морам да станам од кревет, да се дотепам до WC, да се помирам со тоа колку страшно изгледам наутро и да прифатам дека денот може да се влошува со секоја помината секунда.
Треба да се соочам со фактот дека секогаш ми бега автобуост со кој веќе каснам 10на минути па дури и понекогаш да ги прежалам парите кои ќе ги фрлам на такси за да стигнам на некакво си глупо предавање на кое нема ни да се пушти список.
Додека да се средам, низ глава обавезно ми поминуваат некакви си глупи мисли кои ме тераат да се каам за постапките од претходниот ден и да се подзамислам како воопшто луѓето и ме трпат понекогаш во нивна близина. Секако мисливе ми се прекинуваат секој пат кога ќе фрлам поглед во огледало токму поради она што е наведено погоре во првата реченица.
Доаѓа моментот кога со страв влагам во кујна затоа што татко ми си има обичај пред да излезе за на работа да ја отвори вратата од терасата по што кујната е секако оладена до температура на топење на азотот, која е точно -210°C.
Доколку се среќните денови кога не ми трчаат пингивни низ кујна многу ми е полесно да стигнам до шпоретот и да ја уклучам најмалата рингла што е првиот паметен потег кој го правам откако ќе станам.
Следува загревањето на водата за кое време сфаќам дека мантилот за лабораторија не ми е здиплен. Сфаќам дека немам одговорено на предлабораториските прашања без кои вежбата истиот ден не би можел да ја работам од каде се повлекува фактот дека џабе ќе носам мантил. Кога на ова ќе го додадам фактот дека настинката сè повеќе се зајачува, почнувам видно да паничам паралелно со фактот дека следниот ден треба да имам направено презентација.
Во тој момент мислите ми се прекинат од звукот на зовриената вода. Го отворам висечето каде го чувам скапоцениот дар на природата. Ја земам кутијата и полека ја отворам. Полека но сигурно ме обзема тој божествен мирис - мирисот на кафето. Со лажичката ја нарушувам хармонијата која владее меѓу тие прекрасни зрна. Занесен од мирисот, почнувам да ја мешам жешката вода во која инстанттно се топат оние иситнети зрна. Во тој момент се појавува еден посилен, позашеметувачки и поостар мирис. Мирисот на штотуку подготвено топло кафе.
Токму тој мирис како ветер ги растерува сите проблеми кои веќе ми се навртеле како облаци за само половина час после будењето.
Одеднаш сè е убаво. И смрзнатата кујна станува пријатна, и мантилот е лесен за диплење и вежбата е интересна за читање и пишување. Презентацијата која треба да е готова за наредниот ден е скоро цела испланирана во глава, па ја чека реализацијата штом се вратам дома.

Би сакале ли една шолја топло кафе?
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom