Драг господине, драга госпоѓо,
знаеш дека животот е едно тркало што кружи околу една оска,
трчаме низ времето, години си минат, дал среќни ил тажни.
Драго срце, само тоа знае што чуствува, само тоа знае колку пати,
само тоа ја знае вистинската среќа и тага, ги познава вистинските луѓе,
ги знае своите желби.
Зошто ли се оставаат дечиња сираци без мајка, зошто ли мора срцето
длабоко да плаче заради огромната загуба?
Што ако таа е херој и дарила живот на некој што се борел за него,
што ако се раскажи насекаде низ светот, дали знаеш колку
ли болка чуствува тоа дете, колкава ли празнина заради тоа што
нешто веднаш ќе му недостасува? И да е мало дете, тоа повеќе знае,
тоа најмногу пати, болка и празнина ќе носи со него цел живот,
заради тоа што најубавите години што можело да ги доживее,
остануваат празни како темните улици доцна во ноќта.
Бидете среќни со вашите родители, имате цело богатство исполнето
со љубов, грижа, внимание и исполнетост и почитувајте ги
заради тоа што тоа поубаво ќе живеете доколку вистинската среќа ќе
ја пронајдете покрај вас.
Еден млад човек.