Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.995
Поени од реакции
35.889
Да се посадат насекаде вакви прекрасни цвеќиња како гореспоменатите Венус шо јадат инсекти.

Ма нека сотрат све живо од тие мали никакви бескорисни пакости, нека се сјебе и флора и фауна и све у три лепе нека иде. ЧОВЕК НЕМОЖЕ ДА ОТВОРИ ЏАМ БЕ!!!! Особено пчели и оси, би им направил тотален геноцид одма да зависи од мене.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
ДК ако се направи тотален геноцид над пчелите после ќе се тепаме за свежа храна. Ама среќа ние сме НАТО членка па ние ќе тепаме другите и ќе им земаме храната.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.617
Поени од реакции
6.046
Драга.

пчелите се ложат на поленизатори - нејчесто искучиво со бели или светли цветови, со многу полен и нектар.

Дали ова растението е зло или не, јас незнам. Јас го споделив пошто денес читав за него и идејата дека и растение може да биде карнивор ми се виде како невиден оксиморон и/или уникатна шега на природата/Универзумот.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Кајгано,
Ако пчелите имаа форум, ние најверојатно ќе бевме главна тема и опишани дабетер од Кортез, Хитлер, Сталин...... и сите други кои ние ги есапиме за гадови!
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
368
Поени од реакции
812
Драга, можеше ли животецов да биде комплициран и на моменти толку тежок?
А времето си лета, не те чека да се соземеш од некои удари.
Камо среќа да можев да сменам некои работи.

И да, спиењто со пижами од вечерва го прогласувам за умрено.
 

Kaleb

Where we’re going, we don’t need roads!
Член од
15 август 2020
Мислења
393
Поени од реакции
2.948
Кајго сеуште се трезнам од синоќа, се мислам дали направив добар потег, искрено било тешто да побараш рука, но се исплатило чекањето, и се гледа у очи колку е среќна. Оној, мојот другар од детството после цeла дешавка, цел среќен ми вика: Congrats, you will soon know marriage is like deleting all the apps on your phone, except one! Да, ми кликна на што мислеше тек изутринава :facepalm:
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.617
Поени од реакции
6.046
Драга,
прво честитки до Калеб! :)
Денес читам дека Бајден ќе одел на когнитивен тест. Имал многу испади, еден нервозен испад имал дури и со новинарка од СиЕнЕн, damn да имаш испад со тие што ти го чуваат грбот. :unsure: Тоа е како Трамп да се скара со Tucker Carlson. (добро овие со douche names се раѓаат? или подоцна стануваат one?)
Како и да, што мислат кога клаваат 90 годишници за претседатели бе? Стварно мислат дека колку постар толку подобро? Луѓево колку повеќе старееме, толку повеќе се враќаме на она што сме биле како деца, и со умот, и со пелените. 90% од нас пак не чекаат пелени.
Значи оптимално е потенцијален владетел да има од 45 до максимум 60 години. Ни премлад, ни престар.
Замисли Макрон да беше претседател на 18? Скоро ставен во врска со Брижит Макрон, па присилно исселен од Париз од страна на родителите, мислеле дека ќе го оддалечат од неа.
Ја памтите сликата од Борис Џонсон ко дете? Еве го Макрон ко студент.
Англичаните мораат да се помират со тоа дека Франција е the real deal во Европа. Сликата на Макрон во споредба со таа на Џонсон е тестамент на мојата теза. :ROFLMAO:



 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Имам другарче.....сега моментално е тука.....инаку е горе-доле во Германија подработува. Доаѓа, одмара....па кога ќе пројде периодот оди пак горе да работи. Се снаоѓа човекот.

Сега му истекол пасошот.....кине нерви. Се јавил во ДЕ амбасада.....му рекле нема шанса да влезеш.....правила се правила и крај.
Нови обрасци нема.....тоа дека некој ќе влезе во друга држава со ИСТЕЧЕН ПАСОШ......мало теже.
Кога ќе го лупне граничарот....истечениот пасош на скенер....се чита биометријата.
Биометријата на дисплеј вели.....жолто светло....детали: Пасош со изминат рок на важност.....жолтото означува ВРАТИ.
Фино лепо.....ќе му кажат....дреми на аеродром и на првиот авион назад за Македонија.
Нема таму ама види....ЗЗ и Спасовски......кажаа дека можело да патувам со истечен пасош, па зарем не ви се јавија? :lolzz:Тоа се само....празни приказни за мали деца.
Истечен пасош....НАЗАД.....крај на приказната.
Ова не е само за Германија......било каде. Кој се лаже и верува на оваа БАНДА.....дека ќе патува со истечен пасош.....се зезнал.
Истечен МК пасош.....само за влез и излез од Македонија....толку.

Битно власта подели Македонски пасоши.....на сите добри....силни босови ширум светот. Да се чуе за Македонија......добар глас да ја бие.

Држава во која НЕМА обрасци за ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ
-таблици ЈОК
-возачки ЈОК
-ЛК ЈОК
-Пасоши ЈОК
....итн
НЕМА НИШТО.....но има тука нешто.....избори им се ближаааат. Треба ли да ги фалсификуваат......ами како.

Жал ми падна за човекот......стварно ми е криво.

Од друга страна.....го гледам мојот пасош.....среќа до 2025 важи.....исто и другите документи.....чиста моја среќа.

Каде ли живееме, кој ни ја раководи државава.......страшно!
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Кајгано, речи фала што во нашиот правопис стои правилото за три точки.
Замисли @TrendS да е кавадарчанец и наместо тие знаци да си пишуваше по кавадаречки :D Можеш да претпоставиш како ќе изгледаше постот? Точка.:ROFLMAO:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.810
Поени од реакции
35.190
Кајг,
...и не само што нема пасоши за обичниот македонските граѓани, а богами и обрасци за друга лична документација... туку нема ниту обрасци сведителства за децата што завршиле со школската година... се прашувам дали има обрасци за новородени во матично или онака ќе останат неродени уште! :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom