Никогаш доста од овие егоцентрични психијатриски случаи.
Возам накај паркингот кај Лептокарија, од страната на Карев, кола пред мене, си се паркира прописно. Ја се паркирам непрописно и го затворам. Пошо нели, шансите некој друг да затворам и он да дојде во меѓувреме се поголеми отколку тазе паркираниов. Плус секако ако му е нешто ептен итно и одма се враќа, ќе ми кажеше уште кога ме виде дека го затворив. А и онака се враќам за 1 минута.
Искачам од кола, искача од кола.
Го гледам, ме гледа. Одиме, он накај Ана Кристи, јас накај Мартини.
Се врти и ме прашува „брзо се враќаш, така?“ Викам: да, одма.
За неупатените, Ана Кристи е 25 метри оддалечена од Мартини.
Влагам во Мартини, плаќам, зиам вафлата, одам накај кола.
Ете го во неговата. Нема теорија да ме „чекал“ повеќе од една минута.
Пред да влезам во кола, нервозно ми довикува „што направи бе брат, 150 години те чекам!!!“. Влагам во кола, го ставам клучот, ми свири.
Луѓето со вакви фејк на сила нервози, само на клада.