После два месеци во кои глава не можеш да кренеш од обврски, проблеми, стресови конечно наоѓаш викенд во кој планираш да одмориш од све и колку толку да се вратиш во нормала. Ќе си испланираш и огранизираш, и све тоа ќе ти го смени еден повик една вест.
Ниту в од викенд видов, ниту се одморив и наполнив батерии. Повише емотивно и психички се потрошив. Тешко е кога некој ептен близок со кој си се смеел и зборувал до вчера знаеш дека више никад нема да го видиш, да му слушнеш глас, да го прегрнеш, да слушнеш по некој совет од него.