Драга Кајгана ти немам пишувано во оваа тема од 31 Декември 2016 кога ти ја кажав мојата желба за 2017 а тоа е во Мај да ме извлечат на лотарија за зелена карта.
А вчера се случи ужас. Одам вчера претпладне низ град да купам патики. Купив патики, и кога низ град среќавам еден познаник од кај јас што живеам и човекот ми пренесе лоша вест.
Ми кажа дека пред помалку од еден час починал еден човек кој што живее во наша околина.
И тоа требаше тој човек да ми биде џокерот, да биде мојата помош, во случај да ме извлечат на зелена лотарија и да ми треба спонзор за одење преку лотаријата, човекот кој вчера почина има ќерка и зет отидени во САД пред 8 години баш преку оваа зелена лотарија.
Човекот ми имаше кажувано дека овде е грозна ситуацијата од финансиска гледна точка за живеење посебно за помладите, и дека ако добијам можност за иселување од државава да не се двоумам воопшто.
Ќерка му со завршен Економски факултет не можеше овде да најде работа па се пресели со мажот во САД, баш со таа зелена лотарија.
Да останеше човекот жив ќе средеше со ќерка му и зетот да се нафатат за спонзорство, вака останав јас без спонзор. Имам слушано од луѓе дека зетот го слушал својот таст и му донесувал кога доаѓал од САД пред 3 години работи кои му ги порачал вчера починатиот таст.
Денес е погребот на човекот. Нема да дојдат ќерка му и зет му од САД, сепак е далек патот за да дојдат.
Сега како и што понатаму ќе правам не знам. Ова не го измислувам, барем има еден форумџија со ник име Росемберг и кој има слика од некој цртан лик кој пишуваше во темата за Зелена лотарија на форумов, на него во приватна порака пред 3-4 месеци му пишав дека ако ме извлечат на лотаријата ќе правам муабет со човекот околу спонзорство за САД. Но сега, и да ме извлечат немам со кого да правам муабет за спонзорство, човекот повеќе не е меѓу живите.
Ајде, и ако ме извлечат на лотаријата, можеби во амбасада на САД нема да ми бараат спонзор, на некои им бараат спонзор на некои не им бараат.
Заглавувам во оваа дупка од општество, на Срби ретко им се дава Бугарски пасош, повеќето се одбиени за тој пасош. Тој пасош е потребен за полесно да се најде работа низ ЕУ. Лотаријата за САД беше идеална за мене.
Ми преседна 1 Април.