Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
23 август 2010
Мислења
38.170
Поени од реакции
107.693
Еден од најглупите муабети што може човек да ги чуе од постариве е: Абе детево личи на мајка му, ама ЌЕ МЕЊА понатака...
Како бе експерти ЌЕ МЕЊАЛО и како тоа откривте на кого личи на 3 месечна возраст на детето?? Сеа мајка ми се зазборе со една комшика што има близначиња и одма експертизи паднаа на кого личеле, едното терало на мајка му а другото на татко му, ама ќе МЕЊАЛЕ понатака. :pos:

Иначе убаво не искачав 4-5 години по ред на први април, не знам кој кур ме натера вчера да искочам, пу да ти ебам народот шугав, цело Скопје беше вчера искочено ко да нема утре, ко судниот ден да беше дојден.

Нешто нервозен сум ми иде дубијам некој, ај ваљда после на фудбал ќе ми пројде, ќе издувам све негативно у мене.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Stef makedonski sindrom ti e toa, imas nesto kako otvorena vojna pomegu dvete familii, na kogo lici, dali e poveke na nas ili na vas, najbitnoto nesto vo zivotot, na kogo e, pa pogodenata strana si dava poddrska so toa, ke menja :icon_lol:

redno e i jas posle 2-3 godini da zemam odmor i da setnam, top mi se pogodi prilikava, vreme e za stavanje mozok na sleep i low priority :) Samo da ne zaboravam da go slikam pasosot na Instagram i da pisam love travelling <3 poso neli, legendata veli deka postojat luge sto ne im se seta, ne deka finansii nesto ova ona. Ajt da ne umaram, se citame za nekoe vreme.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.970
Поени од реакции
35.622
Го напишав можеби најголемиот пост од кога сум регистриран на форумот , 18 минути куцав , и го избришав оти нема смисла да посветувам нешто за бактерии.

На кратко ... Немам спиено 32 саати , нема да спијам најмалце уште 2. Единствена причина шо немам изладено пар ликови е оти не ми се лежи затвор , буквално не би осеќал никаква емпатија и чувство на грижа. Секоја пиздарија шо се дешава во државата посакувам да стане најмалце 10тина пати полоша , затоа шо не постои тој навредлив збор со кој што може да се споредат овие гадови наречени народ шо газат низ оваа држава , заслужуват да патат

Се најлошо.
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
После 5,5 км на статичен велосипед и 15 минути поминато време,станувам од точакот,нозете ти тежат и ти доаѓа песната од Емили Санде ......Болииииии .... у нејзин стил на пеење на босанско завивање .....

 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
1. 2 месеци има бебето на колешка. Од сликите кога имаше 2-3 дена се гледаше дека е цел на татко му, и јас се чудев како може толкаво дете толку да личи.
2. Да, мењаат децата и поголеми кога се а не па на таа возраст, иако најчесто тоа се вели за утеха. Ама мењаат.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Внатре во филмот се случува исто онолку колку и надвор од него, ми рече еднаш еден професор и не го сфатив.
Снимавме кратко филмче и во филмот има жива риба и му велам на колегата режисер јеботе кај да најдам риба за снимање, тој важна е рибата демек, глупости нешто, и отидов во еден ресторан во Охрид, имаат аквариум, се правам како чукнат му велам на едно бате што работеше во шанкот, абе демек колку се продаваат рибиве ама жива риба сакам и тој со сиот ум ми вели Дојди вечер во 10 не ми се шефовите тука ќе фатиме некоја риба и ќе ти ја дадам, и одам јас и уште двајца колеги во 10 вечер, тој влезе во аквариумот лом се направи, во една кофа зедовме риба Фала фала, ништо уживајте вие само снимајте ми вели во тоа е животот, како совет од Спилберг да добив.

Потоа отидовме до езеро да наполниме езерска вода за да не се отепа во хлор рибата како главен актер а планиравме да ја сместиме во када од еден колега кој беше единствен со када. Беше апсурдно да се гледа како тројца здрави прави момци полнат кофи со вода за да преживее една риба, одиме горе-долу демек да ја наполниме цела када, и ете одам јас на ред да наполнам вода од езеро, сретнувам една што се гледавме кратко и после престана да ме бара, и ме гледа со кофа со вода навечер, - шо прајш со кофата? - ништо, имам една риба в кола .... и таа - од кога почна женските риби да ги викаш, и јас нешто пробав да одговорам со клишеа не е тоа што мислиш блабла, али и реков се гледаме, најважна ми беше рибата да не умре и ја сместивме во када, супер и беше си пливаше.

Другиот ден одиме на снимање на плажа, почнуваме со снимање од 7 наутро, а рибата треба да почне со нејзините сцени во 12. И кон 10 часот одам кај колегата да ја земам рибата, и влегувам во станот, гледам рибата испуштила душа... му се јавувам на колегата од продукција - the fish died, и тој - how did the fish die, епа умре така фино. Му велам не кажувај таму на никого, и си велам пооо кариерата ми заврши ради една риба, и ми текна на еден брачед што работи во Хидробиолошки и со трчање одам таму, тие мрестат Охридска пастрмка и ги зачувуваат нешто вршат испитувања, одам со кофа му велам побрзо давај една пастрмка најмала што може филм снимам, и тој абе будала си ај прво кај директорката да ни даде одобрение ова она, абе какво одобрение треба за 1 саат рибата да глуми немам време ќе ни отиде филмот јабана. И „позајмивме“ една риба од базените, возам до плажата и ја носам рибата на сет. Новата риба преживеа цело снимање и потоа ја вративме во езерото, а од рибата што ми умре, татко ми следниот ден направи рибна чорба.

Во петокот го гледавме снименото филмче. Не ми се допадна, но засекогаш ќе го паметам по тоа што се случи надвор од него, како тоа за мене да беше филмот. Потоа снимавме уште едно кратко филмче, и една црнкиња актерка по име Реми од Гана или друга афричка република ми рече „дали може да ја носам твојата блуза за во сцена“ и кога ми ја врати, мирисот што го остави на блузата ме потсети на нешто што поминало или никогаш не се случило и сфатив дека не постои време и простор во женските мириси, затоа што се насекаде и засекогаш.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Едвај чекам времево да се стабилизира и постојано да биде топло и сончево. Ваквите заоблачувања и застудувања ми прават пад во расположението:)
 
P

poker12345

Гостин
Колку е жално што времево му прави пад во расположението на Бобот од Сунѓер..
Господе помогни да се стабилизира времево, зошто да му биде вака на Сунѓерот..ќе кажам три пат Оче Наш кој си таму горе на Небесата Наша и мила е Богородица твоја и наша, нека е жив и здрав Паша и да сркни од супата наша, Амин.
Ќе жртвувам 3 ипол бишиња, две жирафи, една камила, три змии сите различни видови и две тегла мармалад и ајвар.
Амин Господе Мили Пожртвувани О ти Господе што си семоќен помогни му на Сунѓерот Боб.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.648
Поени од реакции
34.852
ДК,слушни еден краток телефонски разговор:
-Ало, душо?
-Кажи?
-Дали знаеш да црташ?
-Ахам!
-Тогаш веднаш да се нацрташ кај мене !!!
:confused:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
@Scirea , репризите на Топ Тема одат на телма истата вечер некаде кај 23.30 или 0.30.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
Одамна не сум пишал, ама ме испровоцира една објава вчера на социјалниве мрежи, дали беше од некои од оние Анима мунди работи или индивидуално некој, небитно.

Си скролам по Фејсбук и наеднаш ми излегува споделен линк "Наставник силувал тринаесет годишна ученичка" со коментар на оној што го споделил, нешто во смисла: "Дали сеуште мислите дека кучињата се тие што треба да се истребат?" :facepalm:

Мене како прво не ми е јасно како е можно некој да си ги поврзе овие два настани, односно рационалните барања од луѓето кои алармираат за кучињата скитници и бројните примери каде што деца/стари луѓе се повредени при напад од истите, со тоа што бил извршен полов напад врз девојче? Нека ми објасни некој бидејќи очигледно е дека не сум способен да сфатам. Најмногу ме нервираат таквите типови на луѓе или организации, независно од случката што ја раскажав, бидејќи ги има на секој чекор. Таквите луѓе кога се зборува за решение на одреден проблем наеднаш излегуваат со контра прашања, во стилот: " Aааа ама што ќе правиме со ова другово, третово...?" и не знам уште што, односно истите веднаш се однесуваат како да сакаат да го спасат светот и да ја искоренат секоја неправедност, злоба или нееднаквост.

Јас само знам дека доколку одреден човек пример бара кучињата скитници да бидат ставени под контрола, да бидат вакцинирани, да бидат преземени во одредени прифатилишта, тоа не значи дека истиот тој човек се согласува со силување малолетни и на тоа ќе каже браво!! Исто така не значи дека ако одреден индивидуалец ги затруе или на било кој начин ги убие кучињата дека мнозинството го бараат таквото решение. Ама драги дами и господа заштитници на животните, тоа не им го крати правото на луѓето да бараат безбедни улици низ центрите на градовите и не им го крати правото да се противат на одење на работа наутро со десетина такви придружници или враќање доцна навечер со исто толку.

Од лани мислам дека беше, се враќам дома 1-2 часот нека било после полноќ, се вртам зад мене што да видам, цела глутница. Барем 10 кучиња ме следеа, не дека ми направија нешто, ама тоа не гарантира дека не се способни да направат. Едно дете 7-8 години со мајка, се движеше со чадор во рака и неколку кучиња му се спуштија, бидејќи сигурно некој друг ги тепал со таков предмет, ама не е тоа дете криво да одговара за другите! Истото важи и за лаење по колите, кога ќе се насоберат, лаат и трчаат по сите коли, тие не разликуваат, ним им се сите исти. Животно е на крај краева.

Ама не битно е да се направиме паметни и да си претпоставуваме дека луѓето што бараат животните да се тргнат од улица, подржуваат силување, кражби и убиства...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom