Драга Кајгана (виртуелен дневник)

D

dobramuzika

Гостин
имам апетит лвл - додека сите ја јадат првата чинија со било што, јас ја јадам втората.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.206
Поени од реакции
6.560
Sfakas deka si ostarel koga nemas pojma deka e prvi april(ok,vidov 3-4 maski niz grad), nikoj ne ti se javuva da ti prodade glupa fora(i ti onaka deka realno nemas pojma deka e 1 april) i koga na site socijalni mrezi nema da ti se pojavi post za 1-vi april so glupa fora..
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Јас сум помеѓу ретките оние 26 годишни луѓе кои не сакаат ништо да прават во сабота навечер. Ми се шета преку ден, поготово ако е преубаво времето како денес што беше, ми се дружи преку ден, ми се ужива некаде надвор преку ден. Вечер... се што сакам е да си направам вечера и да свртам една до две партии кантер, па да се опружам на кауч и да гледам серии. Нит ми се журка, нит ми се пие, нит ми се дреме на пијачка у кафуле. Всушност, кога доаѓа викенд, секогаш ме мачи (first word problem, I know) дилемата каде да идам и што да правам. Се ми е досадно во градов. Ниедно место не ме привлекува, тоа па тоа. Поради ова ми се живее во некој огромен град, на пример Париз или Барселона. Во такви градови мислам дека можеш секоја вечер на различно место да отидеш. Тука, нема место што човек не го знае. "Еј бев во Ли" слушаш и веднаш знаеш каде била таа личност. Едно место е со тоа име. Мал е градот. Не е Лондон, па да отидеш во некое место прв пат во живот, па да споделиш со пријатели и да се чудат каде е, што е, какво е. Мислам дека тоа е главната причина поради која не ми се искача на викенди. Градов ми е досаден, луѓето ми се досадни, немањето избор ме фрустрира, сафра ме фаќа, се осеќам заробено...

А да си зеам грицките, си пуштам сериичка, си олабавам малце..? Најубо.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Македонскиот народ изреволтиран од еден глуп лапсус на турбофолкерата Елена Велекса веднаш е спремен да навредува по фејзбук и да пцуе фамилии и да се покажува како најпатриотскиот народ на светот.Ама пак затоа не знае да препознае кога еден човек му продава 11 години лажен патриотизам а исто така не знае да препознае кога еден друг човек како демек во името на правдата и демократија му ја продава државата.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610

If hell had elevator music, se nadevam kje zvuchi vaka pushteno do daska.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Драга Кајгана ти немам пишувано во оваа тема од 31 Декември 2016 кога ти ја кажав мојата желба за 2017 а тоа е во Мај да ме извлечат на лотарија за зелена карта.

А вчера се случи ужас. Одам вчера претпладне низ град да купам патики. Купив патики, и кога низ град среќавам еден познаник од кај јас што живеам и човекот ми пренесе лоша вест.
Ми кажа дека пред помалку од еден час починал еден човек кој што живее во наша околина.

И тоа требаше тој човек да ми биде џокерот, да биде мојата помош, во случај да ме извлечат на зелена лотарија и да ми треба спонзор за одење преку лотаријата, човекот кој вчера почина има ќерка и зет отидени во САД пред 8 години баш преку оваа зелена лотарија.

Човекот ми имаше кажувано дека овде е грозна ситуацијата од финансиска гледна точка за живеење посебно за помладите, и дека ако добијам можност за иселување од државава да не се двоумам воопшто.
Ќерка му со завршен Економски факултет не можеше овде да најде работа па се пресели со мажот во САД, баш со таа зелена лотарија.
Да останеше човекот жив ќе средеше со ќерка му и зетот да се нафатат за спонзорство, вака останав јас без спонзор. Имам слушано од луѓе дека зетот го слушал својот таст и му донесувал кога доаѓал од САД пред 3 години работи кои му ги порачал вчера починатиот таст.

Денес е погребот на човекот. Нема да дојдат ќерка му и зет му од САД, сепак е далек патот за да дојдат.

Сега како и што понатаму ќе правам не знам. Ова не го измислувам, барем има еден форумџија со ник име Росемберг и кој има слика од некој цртан лик кој пишуваше во темата за Зелена лотарија на форумов, на него во приватна порака пред 3-4 месеци му пишав дека ако ме извлечат на лотаријата ќе правам муабет со човекот околу спонзорство за САД. Но сега, и да ме извлечат немам со кого да правам муабет за спонзорство, човекот повеќе не е меѓу живите.
Ајде, и ако ме извлечат на лотаријата, можеби во амбасада на САД нема да ми бараат спонзор, на некои им бараат спонзор на некои не им бараат.

Заглавувам во оваа дупка од општество, на Срби ретко им се дава Бугарски пасош, повеќето се одбиени за тој пасош. Тој пасош е потребен за полесно да се најде работа низ ЕУ. Лотаријата за САД беше идеална за мене.
Ми преседна 1 Април.
 
D

dobramuzika

Гостин
сакаат публика, доаѓа плејоф и местат, епа чекајте бе малку. инаку, сабајлево требаше да одиме со воз до скопје, па од скопје до куманово со автобус на рапскилз, ама... сабајлево кога побаравме повратна карта до скопје и покажаме лична карта тој на шалтер ни рече - се убаво, ама воз сега нема, дури после во дваесет за дванаесет... тоа е, неинформираност. ајде, за неколку години ќе се смееме на оваа случка, не дека не се смеевме сабајле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom