Драга,
Иам двајца внуци од братучетки, машко и женско. Иста возраст се, едвај второ одделение. Девојчето е толку мирно, смирено и одлично за комуникација што просто ми е неверојатно дека денешно дете на таа возраст така се однесува. Не ја интересира многу технологијата, али за се може да ти направи муабет, ко возрасна да е. Машково од друга страна е толку затупено во развој, не знае А да гукне, никаков муабет не знае да сврзи. Цел ден седи на компјутер, игра игрици и не знае со деца да си игра надвор, во некаков си свој замислен свет си живее. Ваљда денес живеат по правилото - само да не ме замараат мене децава, а и јас да не се замарам со нив, пушти го нека седи пред компутер цел ден.
Не, поарно е да те тераат да одиш на секакви курсеви и секции и глупости, кај и да имаш прилика, отколку да седиш ко муле. Родителите треба да ти ја пикнат во глава таа работна навика, инаку на 30 години ќе бидат истите тие мулиња, демек кутрите несоцијализирани и неразбрани од општеството. Зашто сите години се убави од животот, прво е дете, па после пак наубавите години тинејџер, па пак најубавите на факултет си пошол. И нигде низ овие години изгледа не треба да се мачиш. Да, така ќе станеш човек.