Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Играв 25 саати покер. Неприкинато. Во зачадена соба со еден куп комарџии. Настинат, со мала температура. И минус завршив.
Штом ја преживеав оваа голгота, практично сум неуништлив.
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
:facepalm: Море не цензурирам сите нека видат какви будали имаме во Охрид!

 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Изминатава година од толку запросувања кои ги видов на фб и завршија со "Да", денес дознав дека и едно завршило со "Не"
Каква корпа. :icon_lol:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.731
Поени од реакции
35.250
На Ристета изгледа му дале неограничени, па кај сите почна да се јавува.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Добро бре пичка му матерна овој народов во Југославија што е растен, разбира ли дека не е веќе тоа старо време кај што сите мислеле за тебе и едина обврска ти била да станеш сабајле и да си легнеш навечер? Што е толку тешко да си научиш како да си ги извршуваш обврските и тоа секој ден што се бара?

Јас разбирам дека е срање и државава и се` ама како што е срање за мене, Петко, Станко, така е и за тебе. Имале 40+ години, стари биле да учат да прават *наведи тука* а не се стари за драпање мадиња по цел ден, море само Јапонија и Јужна Кореја за ваков народ, секој ден да мора нова технологија да учат. А не како тука, најди еден паметен што ќе се интересира да ти помогне еднаш, два пати па после накалеми му се за навек.
Стока.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Јас пак, ги обожавам овие хипокрити кои ,,се борат" против оваа власт, а ја користат истата нивна реторика.

Да не знае човек кој е полош.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Јас вака празнично имам порака до сите родителите кои сакаат своите деца да ги напарават Анштајн,Тесла,Хокингс...
Луѓе не знам што ви се случува на вас ама дајте малце погледнете си ги децата,и остајте ги да бидат деца,барем сега кога можат да уживаат во тој период,не им ги одземајте највредните работи во животот.Зар не ве боли срце кога си ги гледате децата на 6-7год. одат во школо со толкави ранци учат по Кембриџ систем и покрај тоа да ги присилувате и терате да одат на курс по англиски јазик навечер во 7-8?Сериозно?Разбирам детето да има желба да учи и да го му дадеш тоа ама што ако несака,што ако тоа во школо му е доволно.Немора да го тероризираш како тоа сите оделе на курс па мораш и ти,да знаеш,да бидеш паметен дрн мрн.Ако навистина веќе толку сте се запнале пуштете им дома цртани што ти ја знам документарци некои нека ги слуша на англиски патем има и еден куп програми на интернет за учење јазик и онака дома поминува време на интернет нека го искористат ете за англиски ако толку веќе сте запнале.
Пробајте разберете дека ни возрасен човек неможе да восприема толку многу информации во 8 навечер после полн работен ден а да не збориме за дете од 7 години коe претходно седело во школо на 6 предмети,со ова сакам да ви кажам дека лупате пари на нешто за џабе патем им штетите на вашите деца.Остајте ги нека поживеат барем еден дел од животот асално.
Крај краева луѓе како гореспоменатите се раѓаат,и они не се тоа што се поради англискиот јазик,едуцирајте се прво вие па после одлучете што треба да прават вашите деца.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Дур се игрa репрезентaтивен спoрт учaм нoви пцoвки блaгoдaрение нa кoмшијaтa :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.128
Поени од реакции
15.962
Драга,

Иам двајца внуци од братучетки, машко и женско. Иста возраст се, едвај второ одделение. Девојчето е толку мирно, смирено и одлично за комуникација што просто ми е неверојатно дека денешно дете на таа возраст така се однесува. Не ја интересира многу технологијата, али за се може да ти направи муабет, ко возрасна да е. Машково од друга страна е толку затупено во развој, не знае А да гукне, никаков муабет не знае да сврзи. Цел ден седи на компјутер, игра игрици и не знае со деца да си игра надвор, во некаков си свој замислен свет си живее. Ваљда денес живеат по правилото - само да не ме замараат мене децава, а и јас да не се замарам со нив, пушти го нека седи пред компутер цел ден.
Не, поарно е да те тераат да одиш на секакви курсеви и секции и глупости, кај и да имаш прилика, отколку да седиш ко муле. Родителите треба да ти ја пикнат во глава таа работна навика, инаку на 30 години ќе бидат истите тие мулиња, демек кутрите несоцијализирани и неразбрани од општеството. Зашто сите години се убави од животот, прво е дете, па после пак наубавите години тинејџер, па пак најубавите на факултет си пошол. И нигде низ овие години изгледа не треба да се мачиш. Да, така ќе станеш човек.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom