Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.127
Поени од реакции
1.204
Драга, нешто најпоучно што го најдов:
,,На сите можни начини спротивставувајте се на избувливоста своја, па, со помош Божја, таа неизоставно ќе ослаби. „Ако некој пат ти се случи да се раздразниш или разгневиш, тогаш макар ништо не говори, или оддалечи се, или затвори ја устата своја, за да не избие од неа огнот на јароста и не ја опали твојата душа, та да не ги вознемириш залудно оние што живеат со тебе, но штом тој оган изгасне и во срцето твое завладее мир, тогаш говори го она што ќе му биде за поправање на твојот ближен“.
Од книгата: ,,Господи, очисти ги моите гревови"
Ах, колку само малку треба за да не направи човек нешто што не треба
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.213
Поени од реакции
26.294
На денешен ден е убиен Гај Јулиј Цезар, најпознатиот од сите цезари. Смртта му била претскажана од пророк кој му рекол дека ќе умре на мартските иди (средината на март) и на истиот тој ден Гај го сретнал истиот пророк и му рекол дека дошле мартските иди, а тој е уште жив. Дојдоа, ама уште не се завршени му рекол пророкот. Во таа чест се исковани златни и сребрени монети кои на едната страна го имаат ликот на Брут (еден од убијците на Цезар), додека на другата два ножа измеѓу кои стои кече што традиционално се носело тогаш и натписот EID MAR т.е. мартските иди. Тие монети, посебно златните се едни од најретките во светот.

1742064855467.png

Подоцна во 16 век, Шекспир ја пишува драмата Јулиј Цезар каде што во еулогот Марк Антониј ќе ги каже еден од најпознатите и најцитирани зборови од делата на Шекспир:

Friends, Romans, countrymen, lend me your ears;
I come to bury Caesar, not to praise him.
The evil that men do lives after them;
The good is oft interred with their bones;

Третиот и четвртиот стих во обратен редослед Брус Дикинсон, пејачот на Ајрон Мејден, често ги изговара како вовед во "The Evil That Men Dо" најомилената моја песна од тој бенд, кој имав чест да го гледам 2 пати 2007 и 2009. Првиот пат ме тресеа скроз гол на српска граница иако бев "најнормален" од цел автобус организиран специјално за тој концерт, со кратка коса и пристоен. Мене ме најдоа.


Сите други беа металци со долги мрсни коси и бради и во црно. 14.03.2007, ден пред мартските иди.



Да ми е да знам за кој кур ги знам сите овие работи на памет, а не сум ни историчар, нит нумизматичар, нит археолог, нит музичар, нит литературен критичар... А се почна со тоа што видов на календар дека е 15 март.
 
Член од
1 јануари 2025
Мислења
204
Поени од реакции
683
Денес приметив дека и покрај тоа што плаќам Спотифај премиум, ме дупат у здрав мозок, односно ми пуштаат АИ генерирани песни, мислев дека полудувам.
Заслужен отказ, крвта коропорациска да ви ја ебам, се враќам во фул моуд пират, ни 5е не заслужуваат алчни гомна.:mad:
П.С после направив истражвуање и наидов на редит дека има и многу друге луѓе што истото успеале да го фатат и фрката било што со овој начин, плаќале помалце royalties за музичарите. Какви гомна еј.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.745
Поени од реакции
13.543
Passed down to you...

Ми се гади од моменталнава состојба во глобални рамки.
Ми се гади од фразата А-Пе-Пе (ако пројде, пројде).
Ми се гади од крајната неодговорност кај повеќето луѓе (било што сум ги сретнал лично или набљудувал)
Ми се гади од релативизирањето за било каков проблем.
Ми се гади од честата реплика - „абе ти што се замараш толку, има кој да му ја мисли“.
Ми се гади од апатијата која е сеприсутна кај повеќето млади.
Ми се гади од недоволната информираност и извадување на заклучоци од ракав.
Ми се гади од кичот и невкусот што се' почесто е застапен во медиумскиот простор.
Ми се гади од ароганцијата кај одредена група на младина со изреката (знаеш ли чие дете сум јас?).
Ми се гади од нестручноста и шарлатанството при завршување на било која обврска која повлекува сериозна одговорност.
Ми се гади од неработници и шалабајзери кои мудруваат како треба да се живее/заработи корка леб.
Ми се гади од почитичари - лешинари - популисти.
Ми се гади од глуматарење лажна скромност.
Ми се гади од етикетирање врз национална/етничка/расна/религијска основа.
Ми се гади од колективна глупоќа.
Ми се гади од колективна амнезија.
Ми се гади од колективно исмејување кон одредени ликови кои не направиле ништо лошо.
Ми се гади од шовинисти и квази феминистки.
Ми се гади од изреката „Дотука. Другово не е моја работа, нека му ја мисли следниот.“.
Листава може да се продужи и понатака.

So says Saladin....
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.824
Поени од реакции
7.044
ДК,
Замисли сабота вечер, ти вратен од дежурство од работа во амбуланта во Кочани, си велиш ајде барем утре недела е ќе одморам, викат и топло ќе било па можи ќе ги прошеташ децата до негде, колку да се порадват а ти да заборајш дека живејш во Кочани. Уште неразденето ти звонат од работа хитно да се појавиш таму и таму, вероватно очите уште не ти се доотворени, а веќе си сведок од прва рака на хорор кој ниту си можел било кога да го замислиш. Пожарникари уште гаснат дури влегваш во нешто шо лесно можиш да го помешаш со штала и уште на врата гледаш деца, еден преку друг засекогаш заглавени во момент на агонија и ужас. Што ти се врти во главата дури чекаш уште некој сирот ко тебе па да почните да ги вадите еден по еден? Дали постој нешто што би можело да те подготви за сликата пред тебе, дали имаш збор да прозбориш со тој со кој шо кревате или гледаш дека и тој нема крв во него па ќитите двајцата? Во кој момент ќе ти помини шокот и доаѓа фазата на пцуење во себе ама од кај да почниш? Од кој да почниш? Рибата од главата смрди ама шо прајме кога цело езеро е пресушено и останато е мочуриште полноглавци и комарци? Сигурно ти звонат на телефон родители чии деца нив не им креваат на телефон а се твои познаници. Вероватно и препознаваш некои од нив, јебига Кочани е, ама зошто на тебе да падни проклетсвото на твој познаник да соопштиш дека нивниот живот е и официјално завршен? Сигурно во ист момент би го свлечкал секој еден виновен да види она што ти гледаш и да ја слушни тишината на 50 души, па тој нека ги погледни в лице и да им каже што бидна од чедата. Ако Бог не постои, сигурно се надеваш дека во ист момент ќе се створи колку да го казни секој еден виновен за ова дереџе, пошто земска казна не постои. Излегваш надвор и не си сигурен дали мирисот на пепел и чад никогаш ќе излези од тебе, ама немаш сега време за уште прашања, имаш мртви деца за кревање.
П.С
Во моја кожа не сакам да сум, а камоли во било чија на секој еден, како и да е афектиран. Лесна им земја и божја сила на фамилиите, правда ниту имало ниту ќе им смени сега ако има.
 

my_name_is_in_use

¯\_(ツ)_/¯
Член од
12 април 2024
Мислења
110
Поени од реакции
280
Смртта на толку млади луѓе е нешто тешко што може да го прифатам, и можеби ќе трае уште долго време додека не се излечи таа болка.
Една ноќ која се чинеше обична и исполнета со смеа, музика и радост, трагедија ја погоди Македонија. Пожарот во Пулс кој зема толку многу невини
животи, не остави без зборови, со срце полно тага и бес. Секој од нас, без разлика на возраста или положбата, се чуствуваме повредени од оваа ужасна загуба, но и со лутина, бидејќи знаеме дека многу од овие жртви со Име и Презиме можеле да бидат спасени.

Колку болка и неподнослива тага се скриени во сликата на родителите кои го изгубија своето дете, на браќа и сестри кои никогаш повеќе нема да ги видат своите најблиски, на пријатели кои го изгубија оној кој беше нивна поддршка и причина за смеа.

О, темни облаци го сокрија денот.
Пожарот што гори, го зема секој глас.
Душите што исчезнаа, во огнот се изгубија.
Потсетник на трагедија, што нема да ја забораваме.
Секој плач што се губи, во пепел се претвора.
За секој изгубен живот.

Сеќавањата остануваат, што огнот ги впи.
И сето што Тие беа, сега е само темнина.
Семејства што плачат, срцата се скршени.
За секој што не се врати, и за секој што беше изгубен.

Секогаш ќе бидеме сведоци на пепелта што огнот ни ја остави.
Огнот ќе згасне, но болката ќе остане.
Сеќавањата ќе не водат, преку темнината што не опкружува.
Никогаш нема да Ве заборавиме.

За сите Вие што ја изгубивте својата светлина,
Почивајте во Мир!
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.849
Поени од реакции
30.102
Драга,

најтажен Свети Патрик до сега што сум го славел. Немам желба ни една чаша виски или пиво да се напијам. За музика пак ич.
Само ќе ја постирам песнава за последен поздрав до сите настрадани и сите ожалостени.


So fill to me the parting glass
And drink a health whate'er befalls
Then gently rise and softly call
Good night and joy be to you all
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.764
Поени од реакции
18.521
Знаете ли што е полоша работа од гнасен новинар, адвокат, политичар?


Два или повеќе од нив, ништо друго.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.363
Поени од реакции
4.737
Апдејт на постов од пред месец дена подолу (ЈА ФАТИЈА КАКО КРАДЕ БЕ

Нема појако врвот на циганизмот е достигнат. Патики, играчки си купувала со службени пари и собирала сметки од вечерите со странците.

И уште ја праќаат по други состаноци, оваа нема срам уште си се развозава со служебаната кола, договара презентација, за узпат на враќање од службено патување да си се вози со кола.

Па кој кого јебе тука, да беше некоја јака ќе рече човек се дешава нешто оваа една иритантна и уште не знае да престане да зборува. Ако нешто не се деси за недела две па ја ќе си одам упм у ходник не сакам да ја сретнам. У фирма од 15 души, па уште сите нагалено ги вика)


Сите добивме анекс при намален обем на работа намалена плата, при зголемен зголемена. За неа не знам пак ја пратија на служебено патување.

Ние сме тројца други што работиме исто со по 4-6 год искуство она е неколку месеци.

И шо праи фирмата, не ги наградува тие шо никад не напраиле проблем туку ја чува оваа у случај да се договориме ние си одиме она да преземе дел од работата. Ем ќе сработи 10% од тоа шо треба да сработи и ќе се потпише на нешто што некој друг ќе го заврши пример газда или менаџер, ем нема да бара поголема плата туку ќе биде благодарна шо не е шутната

А ти работи до 4 сабајле да стигнеш рокови ако немаш памет
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.914
Поени од реакции
6.609
Одвратни ми се ликови ко екс шарените (ама сеуште шарени) кој пробуваат во миг на крф, црнила, тежина ко таа на металот Иридиум, да политизираат кобен настан.
Уште поодвратни ми се оние кој ги напаѓаат, за да ја одбранат нивната сегашно владеачка елита. И на едните и на другите - тури им кур, еден подебел. Не за џабе чкртав се на гласчките лифчина ко бев таму. Одвратни. Би им плукнал в сурат и на двете групи.


Јас ја кладов Најцрниот Ден, на Лана дел Реј, да се врти со саати. Знам дека на сите семејства кој изгубија дете, отсега па натаму, секој ден ќе им биди најцрниот. Мисли: Ќе пробам да се изолирам од сето ова! - зар можам?
Недела дена пред да се случи трагедијава (пред минатиот викенд), бев излезен на Театар со шефицата, овде во туѓина. Така и се осетив, толку далечен од она што го гледав. Ми фалеше да сум дете во Војдан Чернодрински во Прилеп, со најдобрата другарка, сега во Америка. Мислам дека бевме да гледаме Чорбаџи Теодус со Параскева или Итар Пејо во Солунски Патрдии? Надвор од салата, пред да влезиме, некој ме пипна по рамо, јас се свртив и одеднаш лик со бркој, (кој мене ко детуле ми се чинеше дека е 2 метра висок), ме крена во висина на негови рамена, беше Александар Спиркоски - Џумерко. Очите му се смееја, погледот му се фиксираше минута на мене, ме гледаше со таква лукава гордост ко јас да сум негово дете.

Шефицата инсистираше да пијаме - пошто еднаш се живеело. После првата чаша бело вино, филмот настани од минатото продолжи со поголем интензитет понатака. Речиси, исто ко да не седев до нејзе. Ко доцен адолесцент почнаја очите да ме болат пеколно многу. Пред мене гледав шарки од цртички и точки како се движат на светлината. Очите ми беа црвени и крвави. Татко ми ги сврти сите болници од Прилеп, Скопје и Битола, да најди доктор. Никој немаше термин. На крајот му текна дека имаше редено паркет во станот од Др. Сандра Гочева (сестра од Каролина) од Битола и пошто имаше телефон контакт од сопругот (Хрват?), дозна дека сум можел приватно да закажам термин во Систина во Битола.
Најмногу и беше страв да не било Глауком, но измери очен притисок и ова го елиминираше па воздивна и рече - најлошото е зад нас. После спроведе неколку испитувајна. Седев во црна просторија, откако преходно ми капнаја капки кој ги отвараат зениците за да можи да види назад во окото што се случува. Ми препиша гел за очи и мрсни капки од Хрватска и ми рече да напрам алерго тест. Ме спаси.

После пијаниот театар со шефицата, цела недела ме спука носталгија. Најчесто слушав песни од Каролина. Филмој за се она што можевме да бидеме. Решив да не пијам алкохол до лето, пошто кај мене е тригер за депресија. И викендот капак на сето тоа, читам за трагедијата. Живот, ебаму мајката.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom