Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
14 август 2018
Мислења
4.999
Поени од реакции
11.504
Драга....

Четврт ден на тага, бес и немоќ :place:

Нашиве национални телевизии си рокаат турски серии под обавезно!

Малку е атомска бомба за нас.. малку...
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
6.010
Поени од реакции
18.398
Драга

Гледам некој мој сограѓанин бил убиен од немар на докторите или сестрите (да тежок израз е, но треба така да се нарече кога некој е пуштен низ раце од неспособност) и нека му е лесна земјата. Па се сетив на една случка, што ми ја има кажано пријател лекар.

Требала некоја сестра да удри инјекција Б12 на некој пациент, aрно ама немало на состојба, па зела две Б6. Среќа дошла главната сестра и ја видела што спрема и ја прашала што прави, оваа одговорила дека нема Б12 инјекција, па земала Б6 пошто логичнон нели 6+6 е 12.

Е такви за жал не лечат и не дај Боже никој да заврши на лекар, посебно покрај такви сестри и лекари.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.887
Поени од реакции
6.561
Кога почина дедо ми, баба ми го оплакуваше со некоја стара песна на погребот. Звучеше како песните на Синтезис. Истиот лелек. Истата трагедија како таа на Тајна Царовска во завршетокот на филмот Троја. Останав нем, кога ја чув како дете.
Не можев да разберам зошто прави уште поголема трагедија од настан и онака тежок (мајка ми не уклучи телевизор неколку месеци после ова, носеше црно на некој 30ет години). Но денес разбрав дека, можеби и олесна во болката, да го опее така. Таа традиционална песна, нив двајца ги покажа како, само два мали атоми небитност, дел од нешто неколку илјади години, балкански постаро.
Само Господ Бог знае колку важни луѓе од мојот живот сум оплакал заедно со песната на Царовска. И мајка ми.. и сестра ми. Ми ја дери душата, ко нож да врви низ парче текстил. И нека боли. Требало да боли. Прифаќам да боли. Нека боли.
#Илијада
#Илинден
#Моите
#ОваДенес

 
Член од
1 јануари 2025
Мислења
171
Поени од реакции
563
Веќе не знам кој ден по ред нити ми се пишува, нити ми се чита, душава ме боли а и телово изгледа фати ритам и два дена ме тресе грозница и едвај се движам. Покрај тоа ќе идам на работа и да бидам у движење и да ми пројде денот пошто во кревет да лежам и бидам гневен на корумпирани гомнари 2200км далеку е полошо..
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
778
Поени од реакции
1.407
I’m frantic in your soothing arms
I can not sleep in this down filled world
I’ve found safety in this loneliness
But I can not stand it anymore

Cross my heart and hope not to die
Swallow evil, ride the sky
Lose myself in a crowded room
You fool, you fool, it will be here soon

It comes alive
And I die a little more
It comes alive
Each moment here I die a little more
 
Член од
2 април 2022
Мислења
86
Поени од реакции
407
Кога читам по мреживе како го бранат Панччо и днк ми се повраќа.
Тие со евтина пиротехника и нестручно работење убија 60 деца.
Колку системот у газдата криви толку и днк.
Шо не ви е јасно?
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.327
Поени од реакции
10.096
Уште не почнала пролет а се осеќам како ми треба одмор, само не знам на која страна да фатам да побегнам сам од себе, барем на еден месец.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.107
Поени од реакции
38.248

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.887
Поени од реакции
6.561
Предлагам да им се направи спомен обележје на децата, слично на Македонските Гробници во Егејска Македонија - Вергина (на Филип Втори) и ново откриениот во Амфиполис (Гркињата Олимпија?). Затоа што е колективна Македонска Трагедија.
Никој не заслужува да умри толку млад особено не заради журка, во сржта на европскиот човек е да излези и да се забавува. Никој не заслужува да умри во пожар, во оган.



Ново откриена Македонска Гробница во Егејска. Претходно стоеше само Лавот на врвот од ридот и не знаеаја што одбележува. Или е гробот од Олимпија или од некој Македонски Генерал.







Македонскиот Крал со неговата грчка сопруга, прикажани како Адот и Персефона, кочијашот е Хермес - носи Македонска Шапка. (Персијците не викале нас Македонците, "Грците со чудни шапки", со цел да не навредат). Сме зборувале на свој јазик исто како и Албанците и Романците. Грчкиот не е единствениот мајчин јазик на Балканот. Бил зборуван од нашата елита, пошто културата им била огромна (исто ко јас денес што имам мајчин јазик Македонски, ама знам да зборувам и Англиски)- не ги потценувам Грците. Ама сме имале наш јазик, ние секогаш сме биле скрос друга нација. Александар секогаш им велел на мажите од армијата да говорат на Македонски, а не на Грчки. (заведено во неколку списи во Вавилон)





од Гробот на Филип кај Вергина



Ко себеси да се гледам, истите веѓи, истата уста. ФИЛИПЕЕ УБАВИНО!!!<3



Дабови лисја, не маслинови. Регионот над Прилеп (Плетвар) е цел обраснат со дабови шуми. Пелагонија и Мариово исто. Затоа и пивото го крстивме Златен Даб.


 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom