Одвратни ми се ликови ко екс шарените (ама сеуште шарени) кој пробуваат во миг на крф, црнила, тежина ко таа на металот Иридиум, да политизираат кобен настан.
Уште поодвратни ми се оние кој ги напаѓаат, за да ја одбранат нивната сегашно владеачка елита. И на едните и на другите - тури им кур, еден подебел. Не за џабе чкртав се на гласчките лифчина ко бев таму. Одвратни. Би им плукнал в сурат и на двете групи.
Јас ја кладов Најцрниот Ден, на Лана дел Реј, да се врти со саати. Знам дека на сите семејства кој изгубија дете, отсега па натаму, секој ден ќе им биди најцрниот. Мисли: Ќе пробам да се изолирам од сето ова! - зар можам?
Недела дена пред да се случи трагедијава (пред минатиот викенд), бев излезен на Театар со шефицата, овде во туѓина. Така и се осетив, толку далечен од она што го гледав. Ми фалеше да сум дете во Војдан Чернодрински во Прилеп, со најдобрата другарка, сега во Америка. Мислам дека бевме да гледаме Чорбаџи Теодус со Параскева или Итар Пејо во Солунски Патрдии? Надвор од салата, пред да влезиме, некој ме пипна по рамо, јас се свртив и одеднаш лик со бркој, (кој мене ко детуле ми се чинеше дека е 2 метра висок), ме крена во висина на негови рамена, беше Александар Спиркоски - Џумерко. Очите му се смееја, погледот му се фиксираше минута на мене, ме гледаше со таква лукава гордост ко јас да сум негово дете.
Шефицата инсистираше да пијаме - пошто еднаш се живеело. После првата чаша бело вино, филмот настани од минатото продолжи со поголем интензитет понатака. Речиси, исто ко да не седев до нејзе. Ко доцен адолесцент почнаја очите да ме болат пеколно многу. Пред мене гледав шарки од цртички и точки како се движат на светлината. Очите ми беа црвени и крвави. Татко ми ги сврти сите болници од Прилеп, Скопје и Битола, да најди доктор. Никој немаше термин. На крајот му текна дека имаше редено паркет во станот од Др. Сандра Гочева (сестра од Каролина) од Битола и пошто имаше телефон контакт од сопругот (Хрват?), дозна дека сум можел приватно да закажам термин во Систина во Битола.
Најмногу и беше страв да не било Глауком, но измери очен притисок и ова го елиминираше па воздивна и рече - најлошото е зад нас. После спроведе неколку испитувајна. Седев во црна просторија, откако преходно ми капнаја капки кој ги отвараат зениците за да можи да види назад во окото што се случува. Ми препиша гел за очи и мрсни капки од Хрватска и ми рече да напрам алерго тест. Ме спаси.
После пијаниот театар со шефицата, цела недела ме спука носталгија. Најчесто слушав песни од Каролина. Филмој за се она што можевме да бидеме. Решив да не пијам алкохол до лето, пошто кај мене е тригер за депресија. И викендот капак на сето тоа, читам за трагедијата. Живот, ебаму мајката.