Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.563
Поени од реакции
9.654
Мала павлака 40 денари. Абе за 25 ја купував... Тука милион ти треба месечно само за се прехраниш. А тек па други работи, со милионот не можеш да си ги купиш, освен ако не си штедел од претходниот месец од тој милион.

Поскапување, ама она безобразно тап наеднаш +200 кабловската и нетот. Такси вчера до исто место 110, денес 200. Поскапено било.

Дома исто се, климата исто дува, бољерот исто пуштен, исто машини се пуштаат, исто се готви, еден месец 5000, другиот 8. 120 денари еден чипс, да го делиш на 4 дена да поминеш 4 филма да изгледаш, едно парче ќе си го грицкаш полека ќе го кршиш на четвртини, ако земе некој цела рака да лапне од чипсот очи ќе се извадат. Да не правам муабет за играчки, пластики што смрдат, тенки ко хартија, 30 см вовче 300 денари. Оние демек квалитетните над 1000. Па начукале кујни, машини за перење, па дури и џогери за играње и до 100 евра ги има.

Мене кога ми пораснале братучедите во Шведска ми испратија едно бебе, исчкртано цело, без едно око, Били се викаше и толку од играчките. Да ми купат моите цела кујна со сите апарати или веце со шоља господе боже да оделе играчките да какале кога ќе ми шибнеа една влечка по газ, ти мене ќе ми бараш глупости, еве ти 10 денари за празен сендвич. Па и тоа бе, еден празен со повеќе кечап... За грев.

Едит: Сега гледам и за тоа бојкот ќе имало. Ќе одам и јас ме изнервира павлаката.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.970
Поени од реакции
11.266
Драга

Очекувам деновиве да ги видам истите сцени како од Короната!
Македончето решило да копира, пардон бојкотира.. :rolleyes:
Па следниве два дена ќе се потсетуваме како изгледаше грабањето на два пакети тоалетна, брашно, шеќер, стрвости.. не е шала! Петок ќе се бојкотира !

:popce:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom