Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
22 август 2022
Мислења
772
Поени од реакции
2.257
Почна редење на коцките Кајги фала Богу, дел по дел.
Прво , нели со станот сум позадоволна.
Новава канцеларија ми е топ. Е ова е атмосфера кадешто ќе се работи, ова се жени, не оние Боже ме прости фрустрираните.
Особено кога дел од работата вклучува посета и контакт со деца, многу е битно со колегите да имаш убава енергија.
Колку и да си професионален, децата чувствуваат кога си жртва на мобинг.
Овој цртеж од денеска. Не се смејте, мали се, ама преслатки и сѐ разбираат и гледаат што сакаме да замаскираме зад шминката на као професионално однесување и бон тон. Еве со колешката како нѐ нацртала срцка. Јас сум таа од десно. :D
Ништо не им бега од око, ниедна воздишка, ниедно згрчување на веѓи или збрчкување на чело. Можеби, сите овие проблеми што ни се случуваат почнале оттогаш кога ние ја изгубивме моќта да се гледаме и слушаме вистински, освен кога треба некому да му се најде слаба точка.
472880786_1299395024644414_8550509781319323312_n.jpg
И пак и пак по милионити пат, иста работа ми се докажува. Каде има ароганција, кренат нос, гледање од високо, таму тешко има вредност поголема од твојата. Успешен човек, квалитетен човек, остварен човек, почесто има тенденција да им помогне на другите да се искачат нагоре. Затоа што кај првиов постои доволно самодоверба да е свесен дека со тоа, неговиот пиедестал нема да се разниша, оти до тоа место дошол со време, труд и испечен занает. Пола колешки ми се со докторати овде, со градски фамилии и саглам углед. И токму тие се од цела зграда најљубезни, најнепосредни, највесели, најсолидарни. Нема претеризам нафраканост и дотерување, на сапун или гел за туширање мириса собата, не на Шанел на полунебањато пример.

Оти нема комплекси кадешто има квалитет и комплетно изградена личност. Како она непишано правило дека најсаркастичните и професори наставници најмногу што заплашуваат, неретко самите биле најслаби и најнедисциплинирани ученици барем еден период. Намерно не реков строги. Строгите и правични ми беа омилени и секој кога бегал од нив, јас отсекогаш во прва клупа, со окалките :D се трудев колку е можно на повеќе листови од тетратката да соберам од нивното знаење. Ден денес ме паметат. Добро, тука на моменти и лудата храброст си има свое, ме фаќаат бранови така, после се чудам како да излезам од ситуација.

Оние коконите потпишале отказ. Две и пол години душата на памукче, секој ден да се плашиш за свој леб иако ништо немаш помалку или погрешно направено, да чекаш крај на работно време да се скриеш да си се исплачеш додека те знаат за секогаш насмеаната балканска колешка, ама ако. Просто нека им е дотука. Ваљда Господ мисли доволно сум силна за предизвиците што ги дава, истрајав без да играм валкано ни една секунда. Од дно на душа им посакувам работно место кадешто самите ќе бидат поисполнети и посреќни, оти тука, колку и да беа лоши и bossy, среќни не беа. Можеби тоа и беше проблемот, кој го гледал филмот Incendies го знае моментот дека најизмачуваната заробеничка беше жената што пее. А, јас и покрај нив, знаев дека тука ми е местото, со оглед на работите периодот. Утрето што ќе донесе никој не знае. Ама, тие нека им се погоди работно место како за нив, макар од мојата дупла плата да земаат. Сѐ нека им е најубаво, само од мене далеку. Не сакам да мислам лошо никому, тој отров секогаш на сопственикот се враќа.

Станбено, маалски, добро, со работа добро, уште една работа веќе да се финализира, еден убав брак, без многу одолговлекување во рацете детенце, како што сум помогнала на толку луѓе, да израснам и една моја минијатура и веќе аман, да се “пензионирам“. Што викаше Гоце Тодороски кога идеше кај кадијата да му ги бара парите на нозе да застанам без да ми речат па ете, стоиш. :icon_mrgr:

А, тоа ќе биде. Кога веќе гледам дека повторно се наоѓам себе си и тоа што е мое ќе го најдам.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
932
Поени од реакции
2.095
2025та сме Драга...

 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.472
Поени од реакции
6.132
Ние возрасните животот го поминуваме проживувајќи го сопственото детство.
Мислите, почетоците и краевите, дејствијата повразни со луѓе, игрите, утехите...можеби делува во меѓувреме дека нешто се променило во нас, но содржината на нештата и тогаш и сега останала иста.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.405
Поени од реакции
10.287
Сонце, и одма курето рипа :brlav:
 
Член од
22 август 2022
Мислења
772
Поени од реакции
2.257
По месеци пак го сонував татко ми.
Се стрчав да го гушнам тој ме застана. Не дозволи да му се доближам.

,,Ама ти беше толку совршен татко."

,,Ако е така, многу беше лесно. Не ме барај во луѓето, јас и без тоа сум блиску, на земјава веќе татко не ти треба, ти гледај си веќе за таткото на твоите деца. А јас ќе си го чекам внучето. Сѐ ќе биде многу убаво, слушај го ти стариов."

Секогаш така велеше, ,,слушај го ти стариов ,не собрал толку години в торба бадијала"

Уште не можам да си дојдам на себе си.
Мислам дека единствено нешто полошо од траума од лош татко и да бираш мажи како него и да ти е нормално и насилство и се' односно daddy issues , е токму спротивното, да си имал совршен татко, да си го изгубил и кај и да е, 3 години да се лутиш на себе си и на сите околу тебе за секоја несовршеност,погрден збор повеќе и кукавичлук во споредба со него.
Да не зборам за празнината којашто ја оставило неговото заминување. Само мајка ми да е добра, што подолго.
Никогаш не бев непримерно дете, дисциплинирана бев дури и повеќе од што се бараше од мене, на мајка ми дури ѝ е жал, ќе каже, кешки малку помалку да нѐ слушаше, малку повеќе да се забавуваше во животот , не ни е некоја грижа на совест во прашање, ете има родители толку добри, што ни 3 животи со нив не се доволни.

Ако имате добри родители, колку подолго ги гледате нивните имиња на екран на телефон, толку повеќе сте во ќар. Сите други, според заслуга.


 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.689
Поени од реакции
12.062
Колку и да не се совршени нашите родители оставаат длабоки траги во нашите животи. Всушност, неверојатно е колку нивната несовршеност ја формира нашата смисла за совршенство. И тие моменти кога се они покрај нас, здрави и живи, може да изгледаат толку обично, а сепак се најскапоценото нешто во нашиот живот. И не ни се они само физичка поддршка, туку и емоционална потпора и тоа чувство на поддршка е нешто што треба да го цениме и негуваме.

Последните пет шест години имам посебна блискост со моите родители и сфаќам дека како човек старее, созрева, создава свој живот, така прогледува, почнува да ги разбира работите околу себе и да ги гледа нештата од друга перспектива. Како да имаш нов светоглед за нив, нивните жртви и начинот на кој се жртвувале за тебе.

Затоа, ценете ги родителите додека се тука бидејќи секој момент со нив е подарок, а нивната љубов и грижа се непроценливи. За оние кои ги немаат, сетете се на сите заеднички поминати моменти, советите што ви ги дале, мудроста што ви ја всадиле, и љубовта што ви ја подариле, затоа што тоа е силата и поткрепата што секојдневно ви ја даваат и ви покажуваат дека се постојано тука за вас на некој поинаков начин. Прегратки :love:
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
3.252
Поени од реакции
9.836
Ништо не кажува колку си сингл како качување по планини со рандом луѓе во група и постирање на фејсбук.

Слика во група пред некој планинарски дом и сите со Крале Марко лименки за живели и текст: “Огражден 1744м.” = дундата сува барут.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Македонскиот менталитет е амеба менталитет, К-15 беа револуција во нивно време со саркастични скечеви за нашиот менталитет, како тоа ние сме глупа нација, едни исти не дупат 30+ години итн. Се додека не си погазија на самите себеси со прифаќањето и промовирањето на Северна, и нормално, народот ги плукаше недела, две, после тоа се заборави буквално се и сега се тепаа за да купат карти за големиот "Comeback" на хипокритиве гнасни. Понекогаш се чудам како уште имаме држава со ваков глуп народ, ќе да е glitch in the Matrix.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.676
Поени од реакции
10.081
Од секогаш, луѓето што ги запознавав од прва ми ги кажуваат проблемите и интимните работи. Сигурно 80% од нив.

Секогаш се прашував зошто, дали на сите така им кажуваат, дали гледаат нешто во мене, некоја утеха шо знам.
И секогаш кога ќе излезам, пријатели ќе ме прашаат и што ти раскажа продавачката пример?

Има едно дуќанче за џиџи миџи во пазарот и си купувам понекогаш балони, некои украси, глупости. Првиот пат кога влегов си наредив што ќе земам и почна продавачката од цената до разводот што го имала зошто мажот и ја фатил за коса зошто ја оставила сијалицата запалена. И дремев јас, викам ццц идиот, што да и кажам. После бев да виткам некој поклон и веќе готово цела биографија, сите проблеми, се ми раскажа.

Еден куп ги има, еве денес бевме во едно село и влегувам јас во едно продавниче да купам вода и продавачката здраво од кај си вака така и стигна муабетот дека жената на братот на мажот и направила да ги избркаат од куќата во град, па купиле на село куќа и продавница...

Да кажеш дека и јас кажувам нешто за мене, не, само здраво и некоја смешка така ќе лупнам за тоа што купувам, се смеат луѓето и почнува сеансата...

Како било.


Оваа година решив да гледам повеќе филмови. Смртта на Линч ја осетив како смрт на некое мое убаво време што никогаш нема да се повтори. Како кога ти недостига детството. И во негова чест после ќе го изгледам првиот филм за оваа година. И ќе продолжам.
Сакам, се надевам, макар три ноќи да гледам еден...
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
3.252
Поени од реакции
9.836
Вчера помалово дојде као тато да ти нацртам 5+ на рачето. Ајде викам нема проблем. Нема да лажам, има детето проблем со цртање криви линии па ми искочи ко свастика на лева рака. Мала заебанција дополнителна е што фолмастерите се некаква хемија што варикина не ги вади, и така.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.084
Поени од реакции
13.067
Пред години и години денов ми беше еден од омилените. Ќе станевме сабајле рано, возбудени, се спремавме, ти ќе кренеше една ракија и тргавме.
Многу сакав кога по пат застанувавме за да си поприкажиш со многуте луѓе кои те познаваа и почитуваа. Се осеќав посебно.
Прекрасни спомени имам од денов, секогаш ми се враќа едно сеќавање како седиш на маса и ја пееш “Ој природо вечна убавице” со чаша вино во рака.
Толку работи се променаа откако те нема, како ова моментално да не е мој живот, толку ми е далечно од сите тие сеќавања. И денов веќе ми е само еден обичен ден, го немам тоа чувство, само грутка во грлово.
Ми остави вечна рана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom