Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.350
Поени од реакции
10.247
ДК
Идеш на прослава од фирма во кафана, јадеш, пиеш, играш, пееш, свириш, на маси, на столици, се смееш...опа нина наааа...оклештени, одлепени сите...и...и доаѓаш дома, испотена, усмрдена од цигари...Те прашуваат како си помина, а ти велиш: - вауууу, лудо, супер забава!
....се бањаш, легнуваш...и ПЛАЧАМ :place::place::place::place:
постара сум за уште една година:place:
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.622
Поени од реакции
7.575
Кои се тие фрустрации да се фалиш на инстаграм со небитни работи? Вол 40 годишен иде у теретана сам го мести телефонот да го снима како вежба, за што? Кого ќе воодушевиш со тоа? Отишле на некое патување и сите знаеме од чек ин на Петровец до шољата за кењање у хотел каква му е. У реду е мислам, сите имаме пристап до интернет и истото сме го виделе кај 100000 други. Ништо ново не ни кажа. Постирај нешто креативно ти што си напраил а не да се испофалиш за нешто со пари што се купува. Друга работа е како си дошол до тие пари али ај…

И кога ќе дојдеш до пари треба класа да имаш. Ама комплексите се прејака работа и секогаш испливуваат на површина (не)свесно. За греота луѓево што мора се да стават на соц медиуми за да добијат валидација од некои си таму. Кого импресионираш со миљарда сториња и постови од плажи кои сите ги виделе? Големиот буџован, па иди види како се однесуваат и што постираат и дали воопшто имаат инста профили тие на кои официјално им се восхитуваш ти. Фуј.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
640
Поени од реакции
1.962
Добар ден.
Мини инфаркт на ден.
Време моливи пенкала и останат stationery да се обнови, знам симболично качија цените ама не драматизирам, си викам ајде сега колку може да качат жити сѐ...

Тенкоминец 7.5 евра.
Тенкоминец.
Седум.
И пол.
Евра.
Инаку ми треба за едни микроскопски графи шо мора да ги пополнувам пред крај на секоја година, ама искрено не мислев дека фактот што го изгубив стариот тенкоминец во селење ќе има вакви последици.

Тетратки 5 евра, нормален молив исто тука некаде, најглупа касичка за штедење метална мала 20 евра.

Има тука еден чиче редовно што храни гулаби, ќе разгледам наоколу некое перо да не останало, мастило од маркерите за табла ми остана среќа.

Што се стори со цениве, децении заспаниот тронка Егеец у мене подиве.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.387
Поени од реакции
38.837
Ќе се забоде со колата во некоја гужва браник до браник, и ќе зема да снима и да коментира каде одел овој народ дали биле нормални.:tapp:

Потребата да се истакне каде е и да се прави паметен во секоја банална ситуација во секојдневието, стана како дрога. Особено за генерациите 60+, неподносливи се.

И како бре може секој ден да ти е ист муабетот? Значи не само муабетот, и истите реченици ги користат од вчера. За негативноста муабет да не правиме, строго депресивни теми и како малиот човек е угнетуван и роб. Па напрај нешто бе пичка ти материна, земи некој курс усоврши некој занает, научи нешто да понудиш на пазарот, прочити некоја книга добиј некоја идеја и проби да ја реализираш. Ама полесно е сабајле у 5 кога одиме на работа на мене да ми плачеш у кола како ќе ја дигнале старосната граница за пензии, како неможеш да заштедиш ништо и работиш за да ги богатиш швајцарците.

САБАЈЛЕ У 5 МАМУ ТИ ЈЕБЕМ.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.001
Поени од реакции
1.045
Драга,
Сакам на крајот од оваа година, сакам сите луѓе да се среќни, да шират љубов и позитивна енергија.
Бог не создал да бидеме радосни, да не заглавуваме на некои празни работи, само љубовта нека зрачи и ништо повеќе не ни е потребно.
Луѓе, не можам да опишам колку е голема Божјата љубов и милост и затоа така треба да бидиме и ние.
Во секој миг, погледнувајте на другиот до вас со разбирање, па и најтешките моменти заедно ќе ги поминете без проблем, само трпение, трпението златни врати отклучува.
Мажи сакајте си ги своите жени, имајте си меѓусебна почит.
Деца и пораснати деца не престанувајте да креирате љубов и позитивна енергија каде и да бидете.
Молете се и барајте го прво царството небесно и се друго ќе ви се придодаде.
Вие сте прекрасна личност, само треба да го испитате срцеето и ќе видете дека во вас се крие нешто најскапоцено.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.622
Поени од реакции
7.575
Којзнае на какви порно сајтови сум бил што цел месец по два пати на ден ми се јавува извесен Марио со руски акцент од некоја фирма Коин Маркет Кап во врска некои си мои пари. Превара знам, али упорен е Марио па така некогаш сме на добра нога го подучувам некој збор на македонски, ама почесто ми е издувен вентил па му терам мајки шајки до 10то колено. Денес ми налета на пуна додека чекав семафор кај Нова Македонија, лош ден за Марио.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.852
Поени од реакции
17.572
Купив пола кило печеница на акција, имам некоја брља што ми спакуваа моите, што се вика да се пројде скромно на утрешниот сосема обичен ден.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.800
Поени од реакции
2.999
Кајг,се надевам се лошо во новава година ќе ме одминува, вклучувајќи негативни, злобни и прости "луѓе". Посебно роми од Куманово кои не знаат граматика и правопис, интересно е колку голема простотија може да поднесат овие жолти страници.
Да колнеш некој да умре, а тој некој не знае ни дека постоиш, ниту потрошил една милисекунда во животот да помисли на тебе, дно дна.
Секој што ми мисли лошо да му се врати 1000000 уште полошо, даче Бог. Амин.
Јас на никој лошо не мислам.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2011
Мислења
1.168
Поени од реакции
1.051
Драга
Сите мислеме лошо ,сите сме истомисленици,јас кога ќе видам добар задник полудувам,па си викам ,, господи помилуј ме '' еднаш ако е женски и трипати ако е машки. Туку ,лани пред нова година,,кајгана не банираше сите не можевме да пишеме. Годинава ќе се испразниме.
Дечки, Среќна нова многу секс , здравје и пари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom