Драга,
Сакам на крајот од оваа година, сакам сите луѓе да се среќни, да шират љубов и позитивна енергија.
Бог не создал да бидеме радосни, да не заглавуваме на некои празни работи, само љубовта нека зрачи и ништо повеќе не ни е потребно.
Луѓе, не можам да опишам колку е голема Божјата љубов и милост и затоа така треба да бидиме и ние.
Во секој миг, погледнувајте на другиот до вас со разбирање, па и најтешките моменти заедно ќе ги поминете без проблем, само трпение, трпението златни врати отклучува.
Мажи сакајте си ги своите жени, имајте си меѓусебна почит.
Деца и пораснати деца не престанувајте да креирате љубов и позитивна енергија каде и да бидете.
Молете се и барајте го прво царството небесно и се друго ќе ви се придодаде.
Вие сте прекрасна личност, само треба да го испитате срцеето и ќе видете дека во вас се крие нешто најскапоцено.