Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.344
Поени од реакции
10.229
ДК
Идеш на прослава од фирма во кафана, јадеш, пиеш, играш, пееш, свириш, на маси, на столици, се смееш...опа нина наааа...оклештени, одлепени сите...и...и доаѓаш дома, испотена, усмрдена од цигари...Те прашуваат како си помина, а ти велиш: - вауууу, лудо, супер забава!
....се бањаш, легнуваш...и ПЛАЧАМ :place::place::place::place:
постара сум за уште една година:place:
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.606
Поени од реакции
7.496
Кои се тие фрустрации да се фалиш на инстаграм со небитни работи? Вол 40 годишен иде у теретана сам го мести телефонот да го снима како вежба, за што? Кого ќе воодушевиш со тоа? Отишле на некое патување и сите знаеме од чек ин на Петровец до шољата за кењање у хотел каква му е. У реду е мислам, сите имаме пристап до интернет и истото сме го виделе кај 100000 други. Ништо ново не ни кажа. Постирај нешто креативно ти што си напраил а не да се испофалиш за нешто со пари што се купува. Друга работа е како си дошол до тие пари али ај…

И кога ќе дојдеш до пари треба класа да имаш. Ама комплексите се прејака работа и секогаш испливуваат на површина (не)свесно. За греота луѓево што мора се да стават на соц медиуми за да добијат валидација од некои си таму. Кого импресионираш со миљарда сториња и постови од плажи кои сите ги виделе? Големиот буџован, па иди види како се однесуваат и што постираат и дали воопшто имаат инста профили тие на кои официјално им се восхитуваш ти. Фуј.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
619
Поени од реакции
1.915
Добар ден.
Мини инфаркт на ден.
Време моливи пенкала и останат stationery да се обнови, знам симболично качија цените ама не драматизирам, си викам ајде сега колку може да качат жити сѐ...

Тенкоминец 7.5 евра.
Тенкоминец.
Седум.
И пол.
Евра.
Инаку ми треба за едни микроскопски графи шо мора да ги пополнувам пред крај на секоја година, ама искрено не мислев дека фактот што го изгубив стариот тенкоминец во селење ќе има вакви последици.

Тетратки 5 евра, нормален молив исто тука некаде, најглупа касичка за штедење метална мала 20 евра.

Има тука еден чиче редовно што храни гулаби, ќе разгледам наоколу некое перо да не останало, мастило од маркерите за табла ми остана среќа.

Што се стори со цениве, децении заспаниот тронка Егеец у мене подиве.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom