- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 3.430
- Поени од реакции
- 11.276
Драга, вчера цел ден го поминав со другарки од тинејџерски денови, со кои заради сплет на околности и не се дружев баш толку многу, па после и далечината и туѓината си го направи своето. Без разлика на тоа, муабетот си течеше беспрекорно и буквално се чувствував како да сме продолжиле таму каде што застанавме. Се беше скроз природно, и многу носталгично и емотивно беше потсетувањето на старите добри времиња. Заглавивме до пет сабајле со длабоки дискусии за животот, работата и се измеѓу. После сето ова време, тоа ми беше баш потсетник за тоа колку се важни овие пријателства, колку ми недостасувале и колку поинаков би ми бил текот на животот ако сум направела некои други избори во животов.