Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.404
Поени од реакции
9.704
Не може со пари да се попуни, брат
Таа празнина у душа е непоткуплива
Таму каде што нѐ гушат — имај сто куќи пак
Само една ти е дом, само една ќе те прими, ќе те прегрне безусловно
Правам пари, али ти ми фалиш, стари
Ми фалат твоите „не се курчи“ коментари
Ако паднеш, дојди дома, каде и да стигнеш
Таму нема кој да те погледне, не па да те дигне.

 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.354
Поени од реакции
113.654
На погрешна боја на сако мислев бе, отидов распар како идиот некој. :D

Него, денес околу 4 и пол/5 изгледа поминуваше некое гомно од политичар, апсолутно цел град беше закочен, 2 саати си одев накај дома. Од ден во ден се повеќе и повеќе презирам политичари и се што е поврзано со политика, кај не тормозат и не крадат на секое поле уште па и на овој начин не гњават. Не е реално колку е сменето Скопјево и колку се е отидено у курац у однос на пред десетина години. Јас не знам што ќе правиме откако ќе никнат зградине карши Холидеј Ин, најдобро ќе биде да се иселиме од земјава и да се спасиме со време.

Ајт идам да го испијам последното кафе за денес со надеж дека сабајле ќе си ги погодам алиштата за работа. :ROFLMAO:
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.404
Им љубоморам на птиците високо во дрвјата, тие ги живеат своите животи толку.. суштински. Им љубоморам и на пајаците, вервериците и семињата, пошто секое од нив го наоѓа својот пат автоматски.

Јас. Во себе носам чувство на нелагодност, сакам да припаѓам ко птиците во дрвјата. Седам со себе и гледам над градот, облакодерите блескаат, како никогаш да нема да паднат. Сини птици го бојат небото. Не можам да го игнорирам бршленот, кој расте се повисоко. Овај стил на живот не ми одговара, повеќе.
Автоматски споено мислење:

The Prima-dona life, the rise and fall.

 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.981
Поени од реакции
7.627
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.278
Поени од реакции
6.182
Што ќејф ќе имаа стари луѓе на штампање чудо едно. Абе принтер и топ хартија обавезно мора да има ако е 65+. Тоа се штампаат слики од прослави, рецепти за храна, мејлови. На цела гужва главата незнам кај ми е: ај те молам тонер земи да ми смениш. Ќе ти сменам кога цел гугл го иштампа и архивираше у зелена папка.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.892
Поени од реакции
25.212
Си купив оквири за заштита од екрани и си ги носам на работа, влезена у филм дека изгледам како некоја мутава, nerdy библиотекарка шо уствари е многу фрики у кревет и си го фурам филмов се додека еден повозрасен човек не ми се обрати со „госпоѓо“.
Така ти е кога во доцни 30ти ти сеуште си влезен во некој амерички тинејџерски филм.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.042
,,,, Животот е убав ,животот е се над се над сите убавини,ако имаш здравје,цел свет е твој , па ако си убав згоден и паметен,Бог ти дал се. Само околината околу тебе да си ја менуваш ,оти таа е како расолница ако не ја размешаш ќе смрди.
Туку некој нека му каже оти ,,Птиците умираат пеејки.

Тие па едни чудни Скопјани ,лалеее , што сега не ви се свиѓа? Пред 15 кога студиравме сите не можевте од нас глава да дигнете ,секаде ви сметавме у маркет, сообраќајот,диско,бар, институции, универзитет, свадби ,секаде
Е сега ,и згради ви пречат и политичари ,ајд на село ,а бе ајде на село остајте културата и културните нека си живеат во градот.
Секаде има такви градски.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.278
Поени од реакции
6.182
Сиромав човек, жив ѓаол. Не е за џабе тоа. Абе го гледаш дека се дави, фрли му цигла една да се удави.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.345
Поени од реакции
38.514
Во последно време нонстоп ми излегуваат вакви постови. Се откупуваат групи со многу членови, им се менува наслов и се фура оваа воук гнасна кампања. Топ коментарите се претежно од празни али верифицирани профили кои се гледа од авион дека се направени само со една цел.

Ги има и за мажи и за жени, масовно се работи да се создаде одбивност кај луѓето од спротивен пол, и да се растури бракот како институција.

Screenshot_20241121_122137_Facebook.jpg
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.045
Поени од реакции
9.388
Немав испиено литро-ипол црно вино одамна, сум заборавил каква е таа екстаза, очи ќе ми излетаат од притисок хахахх ма да знам дека ќе цифкам утре по сабајле на работа, многу арно не е на арно....и една друга работа, животот е убав, у пи*ку матер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom