Кајг,
во паркот на клупа седеа постар човек со бастум и до него неговиот син.
- Што е тоа? прашал стариот.
- Врапче! одговорил синот, гледајќи на саат да не закасни на работа.
...по извесно време таткото прашува:
- Што е тоа?
- Врапче! повторно одговори синот.
...таткото повторно прашува:
- Што е тоа?
- Врапче, бе тато, врапче, аман веќе! видно нервозен одговорил синот.
...по извесно време таткото видно заборавен, повторно прашал:
- Што е тоа?
- Врапче, бе тато, врапче, не ме нервирај, ајде станувај идеме дома!
...во тој момент стариот од внатрешниот џеб на сакото извадил една свиткана тетратка и му ја даде на синот во рака, отварајќи ја старата тетратка ги прочита првите реченици, напишани скоро пред пола век од татко му на исто место и на иста клупа,
,, ...денес прв пат го шетав малиот мој во паркот и седнавме на клупа да се одмориме, а синот со прстот покажал кон тревата и праша:
- Тато, шо е тоа?
- Врапче! му одговорив, а тој повторно:
- Тато, шо е тоа!
-Врапче, сине!
...и така седејќи со малиот мој ме праша точно триесет пати што е тоа, а јас му одговорив со голема љубов дека е врапче, многу го сакам мојот син!