Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.839
Поени од реакции
6.451
То сопствените ги мрази, во својата фамилија шо му е од иста крв си копа очи како клетник. Не па со туѓите народи ќе се слагало и/или почитувало.

План на Господ е да ги истреби таквите, пошто чинам во неговио лексикон не води ко категорија отровни злобници. Ко на времето Диносаурисите. Клетва Александрова.
Или Гоцева и на двајцата ножот им е од својте зариен.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.139
Поени од реакции
11.743
Пази изјава: Италија била многу „мејнстрим“ држава и радо би ја посетила некоја X скандинавска земја, наместо Италија.

Причина?

Била еднаш Пјаченца и не и се допаднало.

Женски памет!!!

Шокиран сум чоече, на 42 години останав подзинат во устата. Ќе ми треба време ова да го заборам.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.139
Поени од реакции
11.743
Не можам да се помирам бе, мора сето да го испишам оти ќе си пукнам еј.
Очи ми истекоа така останвам вместо вкопан 2 ден со ред кај шо читам на whatsapp за Италија и колку не чинела.

Сетоа тоа иди од устата на Академски граѓанин, завршил во МКД, се преселил во ЕУ и работи во високоплатена професија. Чоече ќе се отрујам ЕЈ, ќе се отрујам.

И викам:

- Најстар Универзитет во ЕУ, Болоњскиот, па побогу признаваше диплома според тие бодови за да дојдиш од МКД во ЕУ;
- Историја, Римско царство, владееле со пола свет;
- Галилеј? Колумбо?
- Ренесанса, Микеланџело нешто? Сикстинска капела, ring a bell?
- Опера, цела музика во северна европа има влијание од Италија, операта ден денес на Италијански се пее, врвната Миланска скала?
- Мода, фешн вик во Милано, едни од најдобрите креатори некогаш родени се Италијанци или?
- Режисери, глумци, да ги редам? Еден куп ги има, во ебан Холивуд ги има камо на друго место (би требало да знаеш, нели)?
- Писатели, Бокачо, Петрарка нешто? Умберто Еко?
- Автомобилизам, Енѕо Ферари? Фиат?
- Јазик, еден од најубавите и најмилозвучни?
- Природа, море, планини, квалитет на исхрана?
- Ватикан, на цел католички свет за центар се смета, во Италија е (држава во држава, во секоја смисла на зборот);
- да редам уште?

АМА И МАЖОТ МИ ДА ГО ПРАША ЌЕ ТИ РЕЧИ МИЛАН НЕ ЧИНИ!

- А кој го прашва мажот ти?
Тоа јас шо ти зборам се факти, историски и културолошки придобивки, а не лични чувства преку кои една држава ја дефирнираме како „мејнстрим“ или не.

Скандинавија била ВАУ, ова било мех.
Зошто? Имала планини и убав воздух. :facepalm: :facepalm:
 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.132
За Италија се зборело погоре. Сум била само во Рим и беше магично. Старите градови имаат дух, зрачат со посебна енергија, не ни мора посебен визуелен стимул, но имам една забелешка. Може да имаат подобра стратегија за реставрација. Ја сфаќам поентата, автентичност пред сѐ ама сметам дека може да се најде решение на пола пат, кадешто ќе се комбинира реновирање со зачувување на автентичност. Инаку, Нова година на плоштад во Рим со чаша шампањ од евро и пол ваљда толку беше пред 15 години и огромен црвен огномет во форма на срце. И да, желбата што ја замислив на Фонтана ди Треви ми се исполни истата година. :D Имаше еден дел кадешто немаше туристи, другарка нѐ однесе со метро и имаше едно како чај-кафетерија и прв и последен пат во животов се напив чај од чоколадо. Не очекував дека ќе биде убаво искрено, оти чај и чоколадо ми се сосема неспоиви, но ми се допадна. Се сеќавам ги служеа во оние големи филџани со мал чајник одозгора со со дезени ренесанса стил. Убави спомени.

Друго, моментот кога и двајцата имате доминантна вага во натална карта и сте многу за нега и pamper и све ама не сте богати. Заедно зедовме слободен ден и прогласивме спа попладне. Ете нѐ, со маска на лице, пешкир околу стапала, бело вино од ефтините и соул музика во позадина. Само за скриена камера сме. Нисмо богати ал смо лепи.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.839
Поени од реакции
6.451
На еден странски форум кај што членував порано можеше да ставиш наслов на постот, како на емаил. Беше убаво пошто уште насловот ти дава вовед за што ќе се пишува. Ако можи и овде просветлете ме.

Туку, ајде ретко искрен пост. Во животот најмногу презирам ароганција. Луѓе горди и кренати (rings a bell зошто токму со оваа одлика која во реалниот живот не ја поседувам, се решавам да нервирам дежурни копуци овде?).
Можиш да бидиш најуба на светот, ако се курчиш со ова. Ќе си одбивна и мех.
Можиш да бидиш највредна на работа, ако се курчиш со ова. Ќе си загушливо токсична.

Имав гледано порано едно видео од Норвежанка, ко модел на викторија сикрет куклава. Но, низ инстаграмов и струеше некој нордиски, реално варварски.. занес, реално.. брукање. По што типкава сега скоро излезе фул блоун Наци. После тие видејата во Германија од Зилт шо излегле кај што Германците пеат Ауслендери Мрш (да и во Швајцарија се известува со ова, германците никогаш не уживале репутација овде, а се и самите најголемата ауслендерска група во Швајцарија, пошто Швајцарци не се). Изгледа се охрабри типкава од овие настани, пошто велат таква била климата во Европа од сега, се враќале на голема врата, па си рече време е да блеснам. Јеј браво. Убаво е да се знае дека Хелветика пак ќе стои настана од оваа гомнарија.

Си викам убавино, ако си толку опната, јас на тебе мојот македонски мрсул не би го фрлил, а не па друго. Ама ова не од навреденост или огорченост кеј, туку буквално од одвратност кон таквите. Сум релативно згоден и најголем страв ми е да имам деца по нивниов реалм и од мали да ги научат да бидат такви ко нив. Предисозициите ќе бидат тука, површно бели и високи, доволни квалификации за да станат невоспитани мрсулковци и срам за човештвото. Најголемиот страв ми е дека без разлика колку јас ќе ги учам дека пред Бога секој.еден.човек. е вреден исто, дека во секој.еден.човек вирее душа дадена од Бога, тие пак ќе се учат на омраза и на гнев од врсниците. Ќе се учат дека заради такви тривијални работи како физичка убавина и убаво тело, пред Бога едни вределе повеќе од другите. Моча Бога над таквите реално.
Океј, доволно византиски стравови за денес.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.139
Поени од реакции
11.743
Дарлинг и Кадаиф, добро утро дека има мигранти и дека светот не е ист повеќе како пред 20 или ИКС години. Фала Богу така е.
Збораме за културолошко наследство, влијание, збораме за тоа што значи и што дала таа земја за човештвото, Италијанците воопшто.

Не збораме за тоа дали е океј да се живее денес некаде и каде. Голема разлика.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Абе аман бе аман, доста дожд и врнење бе, ми иде да се убијам кога сфаќам дека јуни помина а немало ден без дожд и дека за 2 месеца пак ќе чекаме 10 месеца да дојде лето. Благослвени од Бога се оние што живеат во топли делови и каде летото е навистина лето.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.711
Поени од реакции
7.871
Многу сакам на топлово да ме убедува некој колку било уствари добро у Албанија на одмор, како тоа било исто како Крф само од другата страна и 50% поефтино. Јадел кило шкампи за пет евра. Имале уште малце за средување инфраструктура ама се ќе било готово, и сега човек да имал пари требал да инвестира пошто кога ќе нагрнеле германци и скандинавци пута 10 ќе иделе цените.

Абе секое ебано лето истиот муабет, како не им прекурчи веќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom