Се случува зомби апокалипса.
Во една мала куќарка во осамен дел од градот живееле Македонец и Вмровец.
Неколку месеци по почетокот на зомби армагедонот, живите мртовци го пронаоѓаат нивното прибежиште.
Опкружени се и нема каде да бегаат.
Македонецот ги вади оружјата кои ги чувале само за овој момент. Јебига, зомби апокалипса, опкружен си, мора да правиш што можеш.
Во еден момент... чувствува болка во вратот. Некој го гризнал. "По ѓаволите, мислев дека се спори, но изгледа едно зомби ми пришло кога не внимавав..." - си помисли Македонецот само неколку секунди пред да се сврти и да види дека е гризнат од страна на Вмровецот.
"Копиле гнасно, дали тоа пробуваш да ме изедеш??? Престани да ме гризеш бе! Ало! Дојди и помогни ми да пукаме во зомбињава бе, ало, престани да ме гризеш, што ти е, човеку?!?!"
-Ееееј ич не си фер бе... Зошто само мене ми викаш? Зошто и на зомбињава не им викаш??? Преку куров од вакви како тебе што само една страна напаѓаат.... Што, зомбињава не ти се непријатели? Ццц и ја сум нашол кој да јадам...