Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.253
Поени од реакции
6.865
К.

Мразам ликови што мислат дека се во право за се, и кога ќе му докажеш со аргументи дека тоа не е така или не сакаат да слушаат, или се напнуваат непотребно. Понатаму, мразам ликови што мислат дека мораат да дадат мислење за се, макар и немаат ПОЈМА од тоа што се случува, меѓутоа во најмала рака ќе даде поддршка и ќе се сложи со мислењето на некој друг. Понатаму друг ќе даде ДИЈАМЕТРАЛНО различно мислење од ова првото, па ликов што се сложува со се ќе даде поддршка и на него, иако е во конфликт со мислењето што се сложил пред тоа...од 9 сабајле сум заглавен со вакви ликови по состаноци, тежок циркуз.. :pos:
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Овие ништо направено немаат.
Само ветувања.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.480
Се расипалe оние за уклучување светло на први и одма комшија собираме пари да ги направиме, дај 50 денари и кога веќе ги мењаваме ќе земеме од поубавите. Ок комшија еве.

Сонцето ја обледело пред влез оградата, на ништо не личи, комшија собираме да ја намачкаме, да заличи на нешто, дај 50 денари. Ок комшија еве.

Олукот се поместил онаму зад зграда некаде, лом им направил дома со влага на 4 станови, комшија собираме да дојдат да го наместат ама машината што ќе се качуваат да дојдат многу кошта, дај 500. Ок комшија еве.

Врнат неколку денови дождови, во подрумите излегле подземни води. Одма до мојот подрум. Лом ми направи. Сега јас викам комшија дај да средиме.
- Имаш за 2500 денари пумпа комшија ќе ја испумпа и директ надвор ќе си наместиш, само побрзај земи да не направи штета на повеќе луѓе ми вели.

Да а. Васка ќе ви купи пумпа, и тоа одма сега ебате мрднатите, удавете се ич не ме боли мене за елката новогодишна жити што ми е таму . Пумпа да сум им купела, да шмукала, ишмукани едни со шмукнат мозок.

Не отварам веќе врата.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.515
Поени од реакции
9.670
Дефинитивно најевнушки тренд во последниве неколку години е мажи шо скокаат по бидермаерот. Ај шо тоа е адет за млади девојчиња, ама и нелично изгледа. Зел копук од 30 години да се турка со девојчиња по бидејмаерот ко да игра баскет пред зграда.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.342
Поени од реакции
35.866

Кајг,
вистински спортист не може да биде било кој, не е само талент, туку треба да се има и душа!
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.649
Поени од реакции
4.024
Дали ако религиозно не се постира на инстаграм за колку повторувања на качување кутии, фрлање џак преку рамо, некои си склекови и згибови со описни називи ко за 3 годишно дете као no help one arm pull up или некои такви срања, не фаќа на мишичот? Да, за секташи у Кросфит зборам поготово за оние прасињана што им текна пред два месеци дека иде лето па сеа као ќе не прелажат сите со “стручни” описи на нивните вежби и бројот на повторувања.

Сине, тој мев ќе го увлекуваш и летово додека шеташ на плажа дур не ти искочи чир на желудник, а кога ќе легнеш на песок внимавај Грин Пис да не дојдат одма со мокри пешкири да ти го обложат грбот пошто си ко насукана орка у плитко.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.834
Поени од реакции
23.362
^^^^^

Со глас на наратор (најверајтно Морган Фриман):

And just like that, непосредно пред 40ката, и последниот кварк на анархофеминизмот засекогаш ја напушти Анфем, горостасот на анархизмот и фемнизмот, таја мити Долорес Ибарури на Кајгана форумот. Одеднаш, my body my choice, секоја жена нека се ебе со кого сака и колку сака, влакна под мишки е empowerment, пола бричена глава е кул, жените се обесправени затоа што сеуште живееме во патријархатот, сето тоа прелета преку нејзиниот прозорец и се потопи и дезинтегрираше во врелата магма на Fagradalsfjall. Самата помисла дека нејзиното чедо би донесол дома некоја таква со полубричена глава, недепилирана, фарбана дреч виолетова боја, со акаунт на онлифенс ја ужасна до таа точка да миговно и проструи мисла во глава дека шеријатот можеби и не е така лоша идеја. Се присети на другарките и познаничките од младоста и сексуалните приказни кои тие и ги раскажуваа, а што никогаш не им би ги кажале на своите дечковци и мажи. На тоа ги додаде и случките со скандинавките на која таа неретко беше сведок. Сите оние мажи кои земаат жени од Албанија или оние фром Острелија што се враќаат во родниокрај да најдат невеста која таа ги исмеваше како заостанати и сељаци и за кои викаше дека не се способни во земјата во која живеат да најдат жена сега веќе беа далеку од смешни. Сега девојка од Велес и не беше така лоша идеја. Уште подобро ако е од Башино Село и Отовица и не излегувала на времето во Офицерски Дом каде што се дешавало што се не.

На крај се присети и на него, нејзиниот своевремено смртен непријател. Човекот на кој сакаше да му ги исече тестисите и да му ги набута во уста затоа што беше капиталомизогинист, се што таа како анархофеминистка мразеше. Се сети на неговите писанија од кои таа порано вриеше и слатко си замислуваше како крдо жени го задавуваат со искористени улошки, за да естрогенот биде последното нешто што тој ќе го види и почувствува пред да умре. И длабоко во себе, во оние ментални прашливи подруми и тавани каде што ги оставаше работите на кои не сакаше да се сеќава и со кои не сакаше да се согласи а знаеше дека се точни, таа сфати дека жените, во глобала, се токму онакви какви што тој ги претставуваше. Го сфати тоа затоа што за прв пат во нејзиниот живот имаше нешто што беше побитно од нејзиниот идентитет како жена, кој таа така ревносно го бранеше. Сега имаше дете, машко. Сега за прв пат во нејзиниот живот поради инстинктот што го имаше како мајка таа се стави како би било да си во кожа на маж. И тогаш сфати. Сфати се. Сфати низ што се требaла да помине ако беше машко. И си вети. Си вети сама на себе дека нема да се заебе како другите мајки кои иако не со зла намера, мислејќи дека им прават добро на синовите, ги воспитуваат на тема жени на начин на кој утре тие стануваат "најдобрите геј другари" на девојките и кои редовно се посочувани како прекрасни личности ама и вечно френдзонирани од истата таа причина, па од таа причина мизеруваат на љубовно поле. Си вети дека ќе му го преведе на син и текстовите на капиталомизогинистот, не само на ултрапроливгадниот исландски туку и на клингонски ако треба за тој да ги научи кога ќе дојде време односно кога ќе влезе во пубертет. И дека следно доаѓање во Македонија задолжително мора да го чести пастрмајлија во Пити Баже и флаша Вранец. Ех, си рече на крајот таа. Во право беше сељакот, се трансформирам. Се трансформирам во се што нејќев. Баш како што кажа тој дека ќе биде. Дури и временскиот период го погоди. То су само први знаци, први знаци да ме сјете, лете ми лете, тридесете.

 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.648
Поени од реакции
6.094
Што ќе се случи, аконедајбоже, ми се роди женско дете. Дали и јас ќе имам реализации како, некогаш.. младата Амфем. Дали некој вол ќе и го скрши срцето или ќе го претрка таа него (че ја воспитам ја од мала how to be a heartbreaker, boys they like a little danger). Како и да биде, ова е полека полека, премногу, мозочна гимнастика вака четврточки, барем за мојот лимитиран ум, одликуван така епитетно, убаво <3 од Ставриполи. Незнамзавас, ама ја користам само трипосто од кикиритката во черепот. Посебно со своите логирајна овде, за заштита. Ко свилена ракавица на метална тупаница.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom