Драга...
... во екот на новава собраќајка, мислам дека е време да напишам зашто веќе немам никаква верба за ништо во државава и што беше одлучната точка за и јас да пресечам.
Се сеќаваат членовите веројатно на случката, баш истата се случи пред една година без некој ден. Заклучена е старата тема, па ќе оставам принт-скрин од постот за да се потсетите.
Еве споредете ги датумите со ова денес и случката со моите пријатели. За среќа никој од нив немаше трајни последици, иако поминаа низ многу тежок период, другар ми уште има шипка во ногата, а девојка му едвај преживеа. Судењето се случи пред некој месец, кога слушнав што биднало од тоа со денови не можев да се смирам, не сум бил толку напнат мислам никогаш, огромна омраза чувствував.
Имено, биле на судење, и ко што претпоставувавме, тој што ги згазил си бил тежок врскаџија, нема потреба да го опишувам повеќе, само повеќе ќе се изнервирам, разбирате од кој фиромјански „сталеж“ е. Почнало судењето, го прашале дали се чувствува виновен, тој одговарал дека не се чувствува виновен. И судијата му рекол „ама ако кажеш дека се чувствуваш, помала казна ќе добиеш“. WTF?! Пред луѓето, другариве мои не се свесни што слушаат. И овој нормално, си признал. Збореле нешто за деталите, судијата му викал „ти се каеш нели, знаеш дека си згрешил, жал ти е...“ и слично, овој викал „да, да...“. Значи буквално ставање зборови во уста, работење по принцип „ова кажи го за да ти намалам казна“. Моиве не ни ги викнал да сведочат, јавната обвинителка која ги застапувала си ќутела цело време, мутава некоја, направиле пауза за да се донесе пресуда. Пресудата... 50.000 денари. Толку. Обвинетиот да плати 50.000 денари за возење туѓа кола, без возачка, после 11, шибајќи над 100 на саат по дождливо време на Партизанска, удирајќи во тројца и ставајќи една од тие личности во животна опасност. 50.000 денари. Образложувањето? - Бидејќи првпат му бил ваков прекршок. ПРВПАТ МУ БИЛ! Значи следниот пат кога ќе испогази луѓе, МОЖЕБИ ќе добие два дена затвор. Ова е правда? Вака те заштитува државата во која живееш? Ти пљука во фаца, ни крив ни должен ќе пострадаш, доживотни трауми, потрошени пари за лекување за ова? Па да му ебам мајката јас што сум студент можам да соберам 50.000 денари, камоли некој што можел да вози толку скапа кола. Ај ако не јас ќе почнам да газам све живо и диво по улица, па ќе си платам за гревовите. 50.000 денари за загрозување на три животи? Пребарував јас уште пред да биде процесот, во нормални држави за ваков прекршок пресудата треба да е 3 до 5 години затвор бе. Затвор, воспитна мерка, да знаеш више никад да не ти текне пред волан да седнеш! Да, во нормална држава. Кај нас гревовите си се плаќаат, како во ебан среден век, кога ќе направиш масакар на 3000 души, идеш во црква, прашуваш колку треба за господ да ти ги прости гревовите, си го плаќаш тоа и слободен си. Само што кај нас е бетер од среден век, кај нас државата си ги лапнува тие пари, дури и бенефит има човече, дур ти го плеска у фаца и покрај сета твоја нервоза и омраза. Ова е правда? Ова е држава? Каква љубов може да бара некој од мене по ова, каков патриотизам, каква желба за да останам и да градам подобра иднина? Како може некој да пробува да ме прелаже така?
И така се десило, веднаш ги платил парите и си отишол со другарчињата на кафе. Казната му беше помала од што моиве пријатели дадоа пари на лекување. Али не можам да го кривам, таков е системот, таква е државата. Можам да го мразам типот, не само што можам, ГО мразам, ама тој е само симптом, последица од нешто друго, нешто многу поголемо.
Така што ќе ви го кажам на сите вас следново. Во оваа никаква, грда, бедна, запоставена од сопствените луѓе, фиромјанска, вештачка и одвратна држава, вашиот живот вреди нешто помалку од 266 евра, значи негде околу 16.000 денари. Толку вредите сите вие како мене и моите другари што сте раја, немате врски во министерство или во влада, обични граѓани сте. Тоа е вашата вредност во ФИРОМ, 16.000 денари. Бегајте. Бегајте сите, не се заебавајте и не се мислете, бегајте колку што можете побрзо, нема оправување за овој циркус, ќе си врви истиот додека не се распадне. Колку и да ви е океј денес, да немате проблем со никој, ќе се погоди случајно ни криви ни должни да настрадате и засекогаш тоа ќе ве смени. Ако воопшто преживеете. Немаме вредност тука, просечна месечна плата ни е вредноста на животот, заменлива, небитна. Јас се одлучив од моментот кога слушнав за расплетот на настаниве. Не очекував, знаев дека е покварена државата, ама не ми се веруваше. И тоа беше конечната одлука. При прва прилика, заминувам. Дотогаш ќе се борам со сета сила за таква прилика, бидејќи државава не е нешто што се сака, не е на твоја страна како што те учат учебниците во трето одделение по природа и општество. Државата не ти е пријател. Државава ти е НЕПРИЈАТЕЛ. Не ме заслужува ни мене, ни моите другари, ни секој кој си го цени животот повеќе од 16.000 денари.