Да знаев од каде да почнам, искрено, би почнал. Да знаев шо ми е, немаше да ми биди. Да можев да произведам нешто толку моќно како што се осеќам, најверојатно би го сменило текот на човештвото. Не знам, само едно е сигурно, то дека јас тука веќе не припаѓам, на ова место никако, некаде во светот, можеби.. На овој свет, не знам, се прашувам.. Колатерална штета на меѓучовечките односи, е тоа сум јас. И со луѓе се осеќам ебено осамено и празно, а сам не можам да се издржам, поднесам, задржам. Пропаѓам од ден за ден. Се надевам дека кога еден ќе си легнам и нема да се разбудам, нека ми пукне срцето (како веќе да ми нема), нека се удавам во моите воздишки, нека заглавам во еден од моите сништа, нека бидам заедно со сеништата на оние чии души расипани откажале, се покајале. Да верував дека сум проколнат, немаше да бидам толку малерозен и уништен од сите страни на моето секојдневие, да верував во карма, ќе речам дека цело време сум бил злобен и затоа вака ми се враќа. Каење, прошка и сите останати состојби на агонија, депресија и што ти не. Џабе е и ова, ама ајде, комфорт зона на некои 5-10 минути.. Пукнав у пичку матер.. Не можам ни со самотијата веќе да се дружам, зошто и таа ме напушти.. Сам, сам, сам.. Затоа и тебе ти пишам, оти немам никој. Е ова е врвот на бедата.. Боо колку не можам еј, ќе ми помини ли некогаш? Не можам јас да го издржам ова, едноставно не можам, не можам. Не можам, не можам, не можам, не можам, не можам, не можам, не можам, не можааааааааааааааааааааааааааам!