Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
16 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
797
Кајги...
Шо да кажам... Се е кажано,се е напраено...
А и не ми се збори...
Ми треба време, да си средам и мисли и се...
Хммм... I need to be alone for a while...
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Најлошо е кога муабет ќе останит недозавршен.

Ушите ми горат од мислење, дур не се најдам утре со нејзе да го завршам 5-6 кила ќе ослабам од стрес.

Sent from my D2403 using Tapatalk
 

Justin Sidher

Bad Boy
Член од
15 јуни 2016
Мислења
83
Поени од реакции
26
Драга Кајгана...
Летото е зад аголот и не чека со својата жешка прегратка...а со него и топлината која што ги разголува лугето(сакале тие или не).;)
Кога сме веке кај разголувањето, сигурен сум дека насекаде по патиштата ке имам глетки на ужас и репулсивност-боси нозе со ококорени прстаци-говнаци во сандали или влечки (бљаааааааак).
Не, нема да очајувам. Сепак утехата е тука.
Се чини како одличен начин да си поминете по некоја летна романса со особа што ве привлекува а во исто време и да не се заљубите.:ROFLMAO:
 
Член од
23 август 2013
Мислења
296
Поени од реакции
640
Драга,
Многу ми е глупо кога во друштво паѓа муабет за привлечни јавни личности кога сфаќам колку малку истомисленици имам кога ќе почнат да ги редат оние со општоприфатени стандарди за привлечност и сексипил, да не речам би ми се изнасмеале ако си го испочитувам редот и ги кажам. :confused:
Ако де. И таквите ко нив треба некој да ги сака.
Па и ваквите ко мене. :facepalm:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Тешката недела малку по малку ти завршува и доаѓа газдата ја собира цела фирма и ни соопштува дека нареден четврток ќе имаме team building и тоа остварен преку Lasertag. :uzi::uzi:
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
К,

Кај мене на работа нема team building, нема rooftop parties, нема happy hour. :(
Колегите ми се прилично нормални луѓе, можеби и премногу нормални. Само еден има што троа појќе отскокнува од нормалното. Во еден момент си замислува дека е Бог, а веќе во друг почнува да лупа по маси, ѕидови и се друго што ќе му дојде при рака. Тежок шовинист е и не испушта прилика да потенцира дека на жените им е место во кујна... или евентуално во подрум. И ВМРОвец е. Често трпам психичко малтретирање од истиот, веќе се навикнав, ама во последно време како што станува насилен, се плашам да не добијам и некој бокс, ако по грешка го промаши ѕидот. :boksix:

:pipi:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.595
Драга,

Моментот кога бившата те става на Restricted list (интересна одлука :D) ... А ко сеа да беше кога рече, нема шанси да те блокирам или избришам од фб... ееееее душо моја, си подлажнуваше по малце од секад.

Нејсе, многу небитен момент е тоа... него мукоо моја, кај најде со роднина мој да се спанџаш ... мн лоша одлука, кога ќе те видам со него ќе падне јако смеење.

Друго драга, веома али веома ме боли главава, што ми доаѓа сеа од втори да скокнам, али знам дека ќе преживеам :D

Трето, ептен мразам кога не враќаат луѓево на пораки. Као божем, немаат време , а у, а телефонот цел ебан ден им е во раце. А они кога ќе пишат, или кога им е итно, абе под камен да си, ќе те најдат.

Лекот за овие очигледно е како они се однесуваат спрема мене, така и јас спрема нив.

И така драга, цепам трета смена до 8 сабајле, со ебената факултетска диплома у плакар што ми фаќа прашина.

Поззич...
 
Член од
22 октомври 2015
Мислења
33
Поени од реакции
9
Драга моја кајгана..
После изминат тежок семестар...
Пред сите.. Ти соопштувам..
I'm back again!
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Станал еден од преродбенициве и на утринскиве програми објасвит за Католицизмот:D и библиската Македонија.

Сигурно сношти му звонале и му рекле јави се сабајле и јади трици за комунизмот и комуњарите ама пошо го фатиле на спиење ги имат помешно брзините.

Јебао те католицизмот.:pos:

Sent from my D2403 using Tapatalk
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.438
Поени од реакции
9.346
Не можеш да немаш убав ден кога ќе ти почне со комшија како мојот, иначе локален првак во тресење на најголемите глупости. Чисто за да го поткрепам она првак, ќе кажам само дека дечково е единствен во светот кој никогаш откако се родил нема.... Прднато :ROFLMAO:

Иначе, навива за Челзи од Бразил, традиционално секоја година гледа церемонија за доделување на нобелов оскар и таа навика му е уште од времето на прадедо му Ристо (по кој и го добил името, а иначе бил член на масоните ((па во негова чест сега стои тетоважа со око во триаголник на раката на комшијата)) што се тиче сексуална состојба, мене не треба да ме занима дали е уште невин, затоа што вин бил одамна :LOL: и доживеал натприродна ствар, кога главата му се одделила од телото и почнала да се тркала по паркет, а тој шокирано ја гледал :pos:

Некогаш, кога сум подолго на работа ми го чува кучето. И еден ден ми се јави комшивката под мене да ми каже дека и тече од вц и ваљда има некој дефект кај мене. Излегов од работа (а пред тоа знаев дека е кучето кај легендата) и стигнав дома, кучево само и се јавувам кај овој. А тој нели мисли дека сум на работа тоа време.
- Што правиш?
Р: Еве седам со Бади. Бади Бади мирен мирен. Аууу ама ме закаса. :ROFLMAO::ROFLMAO:

За негов роденден не викна на едно пивце во еден клуб, па во гужвите некој му го скина саатот и два саати само слушавме закани како ќе го строи цел клуб за да се каже тој што му го скина сататот, ако сам не се каже сите на клоци ќе ги дигне додека некој не признае...
И во муабетите, почнаа да се туркаат неколку дечки позади него. Па почнаа да се тепаат и едниот го бутна другиот накај овој нашиов. И овој, женски врисок и со трчање во вц. :icon_mrgr:
Ок, го стегнал стомак, погрешно сме сфатиле....

И во склоп на муабетот, имав јас еднаш еден симпатија па се допишував со него на фб, а комшијава до мене кафе пиеме. И ќе правевме тиро салата и купил демек пиперчиња во кеса и ги отвара и кога почна да тече тоа водата од пиперките на сите страни... И јас го оставам телефонов нервозна и почнувам:
-Аман бе се што ќе фатиш ќе запустиш. Гледаш што направи со пиперките? Пиперките алоооо, пиперките.
И трескам врата одам да земам да бришам. И поминува нервозата и седнувам јас да си продолжам со симпатијава и гледам сум пратила гласовна порака од 2 минути....
И пуштам и се слушам јас како се дерам. Пиперките алооо пиперките.. И на крај се слуша тресок на вратата и Р почнува:
- Ти не си нормална морииии. Е на уште еднаш што ќе ми видиш очи мори. Мори мори. е ќе видиш.
И дечково веќе ни врати, ни па јас му пишав уште еднаш :D
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Ни треба сексуално образование. Ооо многу ни треба. Во 21 век, над 20 и кусур да мислиш дека ако ти доцни менструација може да е само трудноча треба да се пуцаш. Па има 1000000 причини зошто би доцнела. Друго, срам им било да купат кондоми -.-.
Се осеќам ко да живеам во Сомалија.

Не можам да изберам албуми за преслушување, нешто ново...first world problem. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom