Драгано we meet again
Истоштен сум драга. Уморен од се. Од кога колку толку сум созреал, секогаш гледам да дадам се од себе, и колку имаш и колку немаш. Ако си во позиција да помогнеш, помогни. Тотално небитно дали материјално или не, сам треба да си доволно свесен со што можеш да живееш а со што не. Не ми требаат ниту фала ниту извини, баш напротив. Тие зборови енормно болат. Кога си се довел во позиција да ми кажеш фала или извини, не ми го цениш трудот. Па уште кога ќе го вметнеш тоа „ во право беше “, земи си го и начукај си го во газ. Длабоко. За цел живот да го паметиш.
Не ми сметаат зборови како будала и наивен, не ми ни смета фактот што знам дека џабе ти е помошта моја кога на крај, кад тад, ќе се вратиш на истата грешка, ми сметаат лагите. Гледам низ нив а уште сум тука. Знаеш дека гледам. А чим сум останал треба да ти даде до знаење дека искрено се грижам за тебе, ќе поминам низ нив, тоа што барам е не ме лажи, пошто едини што го лажиш си ти.
Чим си се осмелил да побараш помош, тогаш сигурно можам да помогнам, па и да не можам, ќе се снајдам. Али тие фала, извини и во право беше, извини ама не. Не ми требаат, не ги можам, не ми треба да признаеш ми треба да сфатиш. Само тука лежи најголемиот проблем, и не, не само кај тебе, кај сите нас. Нашите проблеми се најголеми и никој не може да не сфати. Колку и да пробува некој да помогни, не доволно е. Сакаш уште. Себичност ниво = човек.
Па ќе бараш оправдувања за се. За секоја ситуација можеш да најдеш оправдување, ама се дур бараш, цел живот ќе грешиш. Може ќе ти текне понатака во животот а може и не. Може ќе спиеш мирно и на топло, може ќе го поминеш животот со кошмари, твое си е. Твој живот, твој избори, ја никогаш не би си зел слобода да ти го решавам или кажувам како да живееш.
Али не можам да сфатам, чим си побарал моја помош, како може да немаш доверба во мене ? Или пак да ја предадеш таа доверба ?
Заеби, живот. Чим ти не можеш да сфатиш дека е еден и мораш да го живееш најдобро што умееш, чим ти не можеш да сфатиш дека твојот проблем е и мој проблем, дека целата поента е да научиш од грешката а не да научиш да ја контролираш штетата, или дека тоа што ја одам далеку од мојте можности е поради што ми е битно да си океј, а не ради што очекувам нешто за возврат како тогаш ја да помогнам ?
Вратата никогаш не ќе е затворена, ја ќе сум тука, секогаш спремен да дадам се за тебе да ти е подобро, али размисли, што кога ќе земеш се ? Што ќе ти остане тебе ? Што ќе остане од мене ?
Ја ќе најдам сили, во моментов ми треба алкохол и тоа многу
али сум се пронашол себе. Животот ти е отисок, сеќавање што ќе го оставиш, за некој друг од тоа нешто да научи, на тебе останува да се најдеш