Драга Кајгана (виртуелен дневник)

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.848
Поени од реакции
10.651
Стариве луѓе кои замаранти може да бидат значи. Ги разбирам до некаде ајде, постари се, побавни, ама за некои работи па стварно нема смисла. Како нормален човек застанувам во ред на касата во супермаркет и пред мене една баба 60ина години од прилика. Се брзав многу и ај си викам на оваа каса има помалку одма ќе завршам работа, ама не бе. Пази како тече муабетот:
-Стави го ова во торбата, другото во рака ќе го носам.
-Добро
-Не, не можам вака, ај обратно ако сакаш
Па ги преместува касиерката.
-Колку чини?
-Толку и толку
Плаќа и кусур и враќаат неколку стотки и 3 по 10 денари железни
-А може ли книжни да ми дадеш
-Може
-Ее оваа едната свиткана, ај друга ако сакаш.
....
И си викам фала курац ајде, готово, па и` текна ќеса ќе и` требало, ама само ако била бесплатна.
Па иди у три лепе бре, не знам како не и` скисна на касиерката стварно, јас не би можел да издржам. Пола саат три работи да ти наплаќаат па и кусурот не ти се свиѓа. И после ќе речат младите биле невоспитани. Не е до возраста, до личноста е, така да си знаете.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Пред околу 3-4 саати, дремам кај мене во соба, мозокот на пасење пуштен, а мајка ми во кујна...И слушнав влезната врата се отвори и за 2-3 секунди се затвори со тресок доволно силен за да слушнам кај мене во соба...И срипав од кревет со мисла дека братучетка ми дојде бидејќи единствено таа влага кај мене без да звони, бидејќи куќа до куќа живееме...И застанувам на сред дневна соба, гледам на сите страни како изгубена во свемир и таман кога помислив дека изгледа со мозокот не сум нешто во ред, штом звуци такви слушам - гледам на комодата до вратата писмо некое оставено од некоја институција за некојси данок таму, ситен што не ни бил подмирен...
Заклучок: каубојските поштари што ги вработуваат од штабовине смрдливи влагаат по куќи без да зазвонат на врата....!!!
А бидејќи поштине се преполни со секакви каубојци со влечки на нозе и несечени нокти, кај нас во маало по неколку поштари идат (еден за пензии, еден за судски документи, па инкасатори и какви ли уште не сум видела со торби на рамо и разнесуваат писма...) А овој ќе го најдам , ќе се врати тој пак да донесе писмо и ќе ни објасни убаво како се влегува дома во соба кај некој без да зазвониш на врата...
И после тоа уште еден саат морав да ја слушам мајка ми со лекции од типот дека златен и секаков друг накит да не оставам по комоди и маси, бидејќи небањативе почнаа и по куќи да влагаат...
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Ги закажале театарските игри од 10ти до 17ти јуни. Болни луѓе. Петре Темелкоски ("Македонија е икона на Балканот, црква на Европа, манастир на светот!") под итно треба да се однесе на геријатрија. Курац ќе ви дојдат луѓе на претстава и ќе си пропуштат утакмици од европското. 500 карти да не продадете, само гратиси и штабски стаорци да ви дојдат.
:mad::mad::mad:
 
Последно уредено:
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Кајги страшно е колку луѓето кои се многу подобри и поосетливи се замараат повеќе за мислењето на тие што се без осет ,без душа празни .А воедно и тажно е да знаеш дека повеќе вредиш од некој во секој аспект од животот ,а сепак да се замараш за некој на кого му е гајле за тебе.Е ваквите луѓе неможам да ги разберам .
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Драга...

... акциии за прочистување на природата, залагање за животни, залагање за подобрување на инфраструктурата, залагања за здрав живот, залагање за генерално подобрување на општеството во Македонија, ми ја враќаат надежта во нашата држава и ме тераат да бидам дел од истата, за и јас активно да придонесувам.

А од кењање на социјални мрежи у стилот на „зашто овие го прават ова, а не го прават тоа“, „ова е побитно од другото“, „види ги бе за што се замараат, а колку побитни работи има“ од луѓе кои не го мрднале гзот од столчето, ми се иде да станам експерт за демолиција за да создадам мини-ракетка која преку лоцирање на IP адресата ќе се упати кон таквите и ќе создаде експлозија со доволно мал радиус за да го распрсне на трилиони парчиња само ликот кој ги пишува тие ствари.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Мењам 120 пара орѓинал најдени цвиќери Реј Бан Вејфарер во орѓинал најдени футроли. (60 со црна рамка и 60 браон (tortoiseshell). Можна е замена за орѓинал некраден шарпланинец со шампионско педигре, некрадена пикап Тојота (со кука за влеча) или бугарски пасош (може и краден, само да не е фалц). Понуди по ПП.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom