Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.393
Драга значи премногу убаво ми тргна денов се изнасмејав
Што е убаво да видиш дека има некој како @achtung што секогаш ќе знае повеќе од тебе,што ти сакаш да напраиш со твојот живот :pos:самоубиствени нагони...аа да, видиш не сум знаела дека на човек кога ќе му скурчи и ќе се испука така убаво и ќе спомне солна киселина значи дека одма трга со одземање на живот...ама ете некој се си приметува :cuc:

И многу се извинувам ако некој се навреди со тоа што кажав дека ако лупнете слика од некој умрен браос човек сте станале,луѓето повеќе ќе ве ценат и сакаат..хмм да да како не
@achtung може си се препознал дека си и ти еден/а од нив ама то није моја кривица

Ај чао Кајги да си се доспремам за натпревар тешка група имам биди ми поздравена
п.с солна киселина веќе спомнување не,аа пошо и дијагноза ќе ти се утврди...
:love:
 
Член од
13 февруари 2014
Мислења
233
Поени од реакции
110
Ајде па нека ти умре и тебе најмилото па пак ставај цуцки и плукај по тие што си ги ставиле најмилите на фб во афект и момент на слабост пошто ти си најјаката а толку си мала и неиживеана што ако се помочам во гаќи ќе ми се удавиш во мочката, ама мала си ќе сфатиш некои работи со тек на годините.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.393
:facepalm: ти тотално погрешно сфаќаш човеку
да ставиш слика у првите 15минути коа ќе дознаеш дека некој умрел..стварно не знам колку треба да си ретардиран за да седнеш на интернет да ставаш слика..
А да ставиш слика после некој ден то е некоја друга работа...не дека мењава нешто ама ај..
Збори и мисли што сакаш,ја завршив
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Не можам да бидам поблагодарна од мигот кога си доаѓам дома, Дома. Кога мајка ми со љубов ни принесува мене и на сестра ми од зготвените тиквички. Татко ми ни налева ракија и ни се радува што сме дошле. Дома е онаму од кај што ја црпам сета енергија за битките да бидат победи. За да бидам ова што сум. Кај што телевизорот е вклучен и кога никој не го гледа. Кај што јагодите се топли од дланките на мајка ми. Кај што татко ми прави макало луто колку неговата добрина. Кај што сите заедно се присетуваме на сите тешки мигови од животот, а сепак сме среќни што сме тука. Заедно.

Сакам да им кажам БЛАГОДАРАМ!
што ме научивте што е вистина, правда, љубов и вредност да се сака животот. Што ме создадовте.

М.
 
Член од
28 март 2009
Мислења
22
Поени од реакции
38
/мод
 
Последно уредено од модератор:
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Драга
има двоножни створења што личат на луѓе и се радуваат на времево бидејќи им дава надеж дека пролетта нема никогаш да дојде. За некој пролетта е сонце и зелена трава. За уплашените пролетта е живот зад решетки.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.314
Поени од реакции
10.341
Конечно развив еден однос по дома каде што можам да кажам се што мислам и да не се плашам дека ќе има караница одма.Исто така мислам дека периодов научив повеќе да не се жалам колку ни е мизерна државата и иднината туку си го живеам денот како ми одговара.Поубаво ти е петсто пати жими се.Аплицирав на господ знае колку огласи за работа , ни повратен меил не добив.Ова е можеби знак дека треба да си ги дадам останатите испити уште у јуни.Ако некој знае кај има шатори за 6 души по некоја понормална цена слободно нека ме исконтактира.Сакам да сум монк
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Драга Кајгана,

Денес првпат видов како изгледа гласање во цивилизирана држава.
Гласавме за првпат во локалните избори и изборот за градоначалник на Лондон во УК.

Вака течеше процесот:

Влеговме во местото за гласање, не прашаа дали сме се пријавиле да гласаме, велам да се пријавивме, ми вели име и презиме молам, ево повелете ливчето за гласање.
Јас онаков...абе лична карта или пасош треба?...не не, нема потреба, само ставете Х кај кандидатот, ливчето во кутија и имајте убав ден.

It feels strange, maaaan.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.721
Поени од реакции
43.769
Утре Ѓурѓовден, чичко ми има именден, а во Пирава кај дедо ми имаат панаѓур. Јас нормално, пијам антибиотици и имам некоја глупа алергија, цела лева нога ми е со брунки. И на толку пиво и слатки околу мене јас фино лепо ќе си ги држам јајцата. (y)
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
До пред еден саат бев во депресивна состојба. Ми помина.
Од нова година навака, поголем дел од моите промени очигледно не беа за сам себе, туку за тоа како ќе изгледам во туѓите очи, да се докажам пред пријатели итн. А имам/в хронична ниска самодоверба.
Сега пак си реков, зошто да се докажувам? Зошто таа ниска самодоверба? Што се споредувам со луѓе, и тоа секогаш ми превагнуваат лошите мислења кои ги имам за сам себе? Скоро се приметив дека кога одам главата ми е секогаш спуштена надолу. Не за џабе.
Што сум јас подолу од било кој? Бог ми дал и мене две раце, две нозе и две очи. Што ако сум малку дефектен во коленото, не сум инвалид фала Богу!
Зошто сум толку затворен во сам себе, зошто не пуштам никого близу!? Штом ќе приметам дека некој преминува бариера и допира до мене, почнувам да се однесувам кретенски и гадно, со цел да ги оттргнам луѓето. Зошто уште не можам да преминам преку одредени лични и фамилијарни трауми, лични грешки!? Можам да простам, знам и да се извинам кон други кога згрешам, зошто не си простувам на самиот себе!?
Пред 7/8 години кога ми беше најтешко, кога имаше огромни шанси и за инвалидност и за факултет да отиде во мајчината, стегнав заби, никогаш не се пожалив, никогаш не кукав. Маките јуначки сум ги минал. Сега си мислам, треба да се гордеам на сите тогашни напори, а не да ги мислам како последица на грешки. Дури не се ни мои грешки. Повеќе се сплет на несреќни околности. На нечесни работи. Тогаш истрпев се, изгледа сега го плаќам данокот и за тогаш. Е, доста платив. Сакам веќе нешто за возврат.
Зошто ми се тие чувства на безвредност, на безцелно постоење, на ништовност како битие?
Треба да се сакам и ценам самиот себе повеќе.
Отсекогаш сум знаел да ги мотивирам другите, а сега мака мачам да се измотивирам себе си. А има еден дел од мене, мал дел, ама додека пишувам станува поголем, дел кој вели дека не сум за никаде, дека сум способен, дека можам многу да постигнам. Ради таа ниска самодоверба како последица имам нерешителност и затоа сум пасивен.
Ајде лека ноќ. Мора да се остави минатото позади. Доста беше од тој терет. Сега кога ќе си помислам, ако ги ставам на вага убавите моменти во мојот живот на едниот тас, а лошите моменти на другиот, излегува дека многукратно побројни се лошите моменти. Ама убавите тежат повеќе. Никој не знае што носи иднината. Што и да носи, убавото секогаш ќе превагне над лошото.
 
Член од
23 август 2013
Мислења
296
Поени од реакции
640
Убав ден, Ѓурѓовден.
Уште поубав оти за првпат го пробав сопственото месено за Велигден. :love:
И така, ако имате другарчиња што ви прават пецива и торти, да знаете дека ги имате меѓу најнесебичните луѓе на светот, што последното парче за себе ќе го остават.
Е така.
Инаку, приметив дека добар дел од времето тука пишувам за храна. Па дури и никот ми е овошје. :D Па и форумов на кој се зачленив, носи име на јадење. :facepalm:
Ќе си имам електронско пусулче да ми разреши потенцијалните идни дилеми кои може да бидат:
Од дека вија спојлери?
Момент, дали е тоа подбрадок?
и томе слично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom