Драга Кајгана,
Саботава полна со настани. Поточно два мошне битни настани:
1. Бев на интервју за работа за стјуард у Катар Еруејс, и не поминав. Секојпат кога нема да поминеш на некое интервју за работа, те чека нешто многу поголемо
Памтам кога стартуваше ВИП операторот во Македонија бев на интервју за оператор, и не поминав. По некое време бев и на интервју за работа во Џонсон Контролс. Во тоа време работев во фирма во која работата ми беше ТоБ, екипата, една од најдобрите од еден куп фирми што имам сменето у живот, ама фирмата идеше кон банкрот. Од неа се префрлив во Општина Гази Баба каде по сплет на околности станав фотограф. Потоа станав фотограф на Дизни Круз Лајн, најдобрата круз компанија на свет. Сеа за сеа сум џаболеб дооел, но веќе тргнав на патот од илјада милји така да не се секирам
2. Бев на концерт на Аца Лукас. Пред десетина години на времето имаше журки со ЕДМ во Белви. По некое време локалните жители станаа љубопитни да видат што се случува на журките во Белви. И од љубопитност купуваа карти, влегуваа на журките и бидејќи веќе платиле карта не им се искачаше веднаш надвор и стоеја онака, не разбирајќи ја музиката, не разбирајќи ги луѓето кои уживаа ѕенѕајќи на истата. Мене ми беа чудни и си велев на себе, што има е на луѓево, како се чувствуваат? Ете така некако се чувствував јас на концетот на Аца.