Ке се сложам со човеков од прва до последна буква во постов и не мора ништо повеќе да кажам. Неверојатно, по стоти пат се чудам каков дебил од народ сме. Зависни, полни со злоба, мразеа, не сакаме да го прифатиме туѓиот успех. Во овој случај треба да ти е драго што детево е меѓу најмладите учесници и што ако даде Господ ке ја претставува нашата татковина уште неколку пати, не само на Олимпијадата, туку и на останатите првенства.
Насловот требаше да гласи: Шеснаесетгодишниот Никола Ѓуретановиќ учествува на олимпијада, додека неговите врсници кршат нишалки и клупи по паркови, кршат колички по супермаркети и одат на концерт на...
www.facebook.com
Во држава во која имаш 2-3 функционални базени, голема работа е да се бавиш со спортови, посебно кога младината не знае да оди, а не да спортува. На страна што уште по клубовите владее она да се земе членарина и да се туркаат деца на оние "големите" или на оние кои подмачкуваат.
Патем кажав на почетокот, по стоти пат се чудам, а кога го навраќам филмот, се е дежа ви. Секогаш беа плукани еден Пандев, Лазаров, кои можеби не покажуваа "заинтересираност" според експертите кога играат за националниот тим, ама на истиот му стоеја на располагање се додека не се пензионираа. На страна што не се ценеа успесите на нашите клубови во Европа и неуспесите секако, нели и тие се дел од животот.
Едноставно читам и вака додека беше Тур Де Франс, ликови кои последен пат седнале на велосипед во основно, коментираат кој и како се допингувал, а притоа не знаат дека е 21. век и дека многу работи напредуваат додека да трепнеме.
Едноставно ни ја зедоа државата, името и што уште не додека се препиравме меѓу себе, ке го земат без проблем и јазикот. Секако тоа нема да го засегне Славе од Велес, кој последен пат потрчал по автобус кога бил во средно училиште, дека е срам дете кое се уште не дознало што е живот да се пласира последен на натпреварување на кое многу спортисти имаат недосонувано, а да не зборувам за нас обичните смртници, кои за тоа исто потајно сонуваме уште кога ни допираат првите сеќавања на Олимписките игри.
Затоа сум и да се забранува пристап на интернет на секакви имбецили. Имам либерални мислења за премногу работи, ама на вакви амеби не би им дал шанса дури и да ги читаат сајтовите со вести.
П. С. А за парамециумите од новинари, како овој гомнар кој го составил насловот, да даде Господ да пати зошто го составил овој наслов, кога детенцето еден ден ке ниже успеси.