- Член од
- 30 јули 2014
- Мислења
- 5.585
- Поени од реакции
- 18.950
Од сите глупи активности кои човечкиот ум ги смислил за забава и разонода, а не се малку, посебно ме фасцинира бесмислената бизарност на желбата за лазење на стомак како црв протнувајќи се низ екстремно тесни подземни пештери за да не видиш ништо ново и возбудливо на крај. Дали е некој адреналински раш или пасивна желба за смрт, стварно немам поима. Никогаш, ама никогаш во животот, дури и под закана и присила не би се нафатил да пробам такво нешто. А посебно вознемирувачки е што мораш да го поминеш истото уште еднаш, за да можеш да излезеш.
Има случка со една пештера во САД, Нати Пати, некој дечко немал ништо паметно во животот, па решил влечуга да биде, влегол во некој канал по грешка, ја утнал мапата, 27 часа висел наглавачки заглавен ни напред ни назад, при обид за спасување морале да му ги скршат нозете но не успеале да го спасат. Последните часови само зборел со жената и децата, поздравувајќи се, бидејќи знаел дека смртта го чека. Две деца оставил дијаболата, телото уште му е во каналот на пештерата. И покрај ова, сеуште има локоси на кои ова им е забавно.
Абе чим нешто се вика Хел Хол, Девил Анус, Девил Цервикс, Хјуман Хел Саферинг и чим мораш да легнеш за да влезеш во него, знаеш дека не треба да го правиш тоа. Боље земи искачувај карпи, летај падобрани и слично, барем ќе имаш стварно адреналин и инста смрт ако нешто тргне наопачке.

Последно уредено: