Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Ќеј,

па му се вратив на Блу Банистерс, изваен во доцен Октомври, 21ва. Имено Албумот ме одушеви уште ко ја слушнав Аркадија. Неколку години немав слушано Дел Реј толку активно. Ок, ако сме реални после Борн ту Дај и ги следев некој од Албумите сепак сум лојален, Горе над плажата, беше за мене лично солиден погодок, не е дека не бев во тек. НО. Но, со Аркадија ме вчудоневиди, беше ептен искрена, шо песната, шо спотот. Лана беше солидно попраена, не беше повеќе девојката од 45 кила со Тамблр-Естетика од времињата на Видео Игри, личеше и како ама баш ептен да не и е ниту гајле. Нешто беше тешко, во целата таа афера, а не беше нејзиното тело. Напротив, во спотот за Аркадија дури и јади нешто што личи на Камембер сирење. И користи вејп. Всушност, Албумот не беше ни промовиран. Единствениот промотивен Билборд беше во Оклахома, градот на нејзиниот во тој момент, веќе ептен бивши љубовник и другар, цајканот Шон Ларкин. Ептен лично, ептен со посвета, нејзиниот лик, на Билборд во неговиот град, со натписот Сини Огради. Имено, тој лично и ветил дека ќе и ги фарба оградите сини и дека меѓу другото че и напрај и деца, под еден услов, да го остај Лос Анџелес и музиката, да се пресели со него. Долгата приказна ама скратено, се оставаат. Тој за 2 месеци се жени за латино американка.
Лана фрла детски тантрум со цел Албум песни посветен на него - СЕКОЈА ЕДНА ОД НИВ. Ирночно, тој ја тера да се откажи од музиката, а таа го вади.. веројатно делото на својот живот, во негово име.
Албумот е преспиен од критичарите, а од тие неколку кој се увек будни, е дебело искритикуван. Не и од фановите, овие го стримаат ко да нема утре, секоја една песна. Критичарите се будат, но не сакаат да признаат каква белја направиле и да го загрозат својот кредибилитет (да им се посерам на кредибилитетот), па затоа дебело ја наградуваат тек на следниот и засега последен Албум, тунел под булеварот Океан.





Лана со Ларкин




Иронично, Џек Антоноф не е продуцент на Албумот, иако го спомнува во главната песна (како и шетал бос низ градина) која го носи и името на Албумот, како еден од потесниот круг на луѓе, кој секоја година во месец Мај летаат од различни агли на САД, да и ги фарбаат дрвените огради во зелено и сиво, за да го заборави Синото на Ларкин. Имено Мај е месецот во кој нивната приказна завршила. Вели, сите мои пријатели и семејство, вршат одлична работа, да ме убедат дека љубовта шо сум ја имала за него не била вистинска. Па се враќа со, пекол е и секавици. Го слушам ова нем, и си мислам. Треба ептен да ја погазиш гордоста за на некој да му признаеш таква љубов.

"You act like fucking Mr.Brightside when you're with all your friends, but I know what you're like when the party ends." -
кој пишува вакво нешто? like, ова е THE ALBUM.


Лана е лик со кој со задоволство би делел време 24/7. И буквално сите 24 саати би ја слушал со винмателност, кај што зборува.
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Кога те обвинуваат за превише вулгаризми во речникот вади се на низок степен на образованост,и бегање од часови по морал и етика..
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Ги слушав една по една изведбите на Марио Дел Монако, Франко Корели, Бочели и Павароти. Сите се одлични, но во еден момент Павароти едноставно се дели со чистината и силата на гласот.





Инаку, Турандот на Пучини настанал пред еден век. Денеска во замена за Пучини имаме Лани дел Реј, Милици, Карлеуши и Аријани, а врв на пишувањето тескстови е It is not your business, whose dick I am riding.

Ако ова не е доказ за пропаста на цивилизацијата, не знам што е.
 
Последно уредено:

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
лол, луѓе навредени од сомнителните византиски музички вкусови. Јо, никош не реков дека музиката шо ја слушам е класа или дека вкусовите ми се хаха, префинети. Напротив, од секош слушав фаст фуд музика и само то шо се врти по најменстрим листи. Некош знам да го пуштам и Вагнер, ама сигурно не појче од 1 ден во годината лол. Како грми Павлович знајме само јас и србиштата шо се собираме по клубој во кантониве. Такви банкети не праели ни богататашката Даниелис од Патра, ни Василиј - колачот на бугари (bulgaroslayer го викале современиците, да на анг ХАХАХА) во Византија.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Кога сме кај МУЗИКАТА, неодамна налетав на преработка на Sing to the Siren од Sinead O Connor за која не знаев дека постои. Песната која Robert Plant лично ја има наречено најдобрата во историјата на музиката и која ја има препеано. Ова верзија не е добра како оригиналот на Tim Buckley, ниту како бесмртната преработка на Elizabet Frazier во рамките на This Mortal Coil проектот, но сепак е интересна да се слушне.


I'm as puzzled as the new born child
I'm as riddled as the tide



 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.377
Поени од реакции
6.528
Задња Олимпијада што као ја глеав беше Атина 2004та. Сите у еуфорија ќе гледаат после отварање следниот ден квалификации кајак фрлање кладиво и синхроно пливање. И трае тоа едно два дена и после паѓа интерес за 60%, па 80, 90 и после една недела викаш уште ли трае срањето? Нема пливачи од типот на Попов, Фелпс, Торп, Хугебанд, нема тркачи ко Болт, Џонсон. Све е млитав курац сега. Чак и дрим тимов е ѓубре. Едино тенисериве нешто ама пак им е ова на сите миљардери спортисти ревијално нешто. Ги здоболе кур за држава и олимписко злато. Изгуби секаква вредност ова. И општо гимнастика атлетика се спортови на прошлиот век. Чак што више и да се најде некој побрз од Болт ќе биде онака као Ок у реду е, дај на тик ток да ти покажам еден тип како вади шпагети од нос преку грло.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom