Втор состанок, целодневен.
Си зедовме пецивото и кафето и пешачење на минус сто степени и хранење птици во околината со последните корчиња од пецивата. Во меѓувреме како супер досади и нердови и двајцата споделивме дешавки од работа.
По пат ни замирисаа тазе крофни, купивме една кутија, отидовме до кај него на работа да ги изненадиме колегите негови што работат оваа сабота. Цело време ме држеше за рака
кога и да прозборев ме гледаше со внимание.
Потоа зедовме street food за ручек, пак пешачката. Муабетите коишто ги правевме и ни водеа ги нема во ниеден прирачник за врска, толку апсурдни, ме вратија во средношколски денови кога моите и неговите ни ставија забрана за користење фиксен оти сметките дојдоа астрономски. Е, тоа е тоа уствари. Ми требаше да ја почувствувам радоста безгрижноста од тие денови.
После, седнавме на пиво и кикирики и од мобилен пуштивме брзата птица итрица и којотот. Не знам зошто, така ни дојде.
На крај кога се испраќавме до автобус, имаше едни на улица што свиреа, овој реши здраво да ме избрука, отиде таму да игра. Брат, се гледа дека си западна култура, едно пиво чоек.
Се разбира дека го снимав.
Прво ме испрати до мојата постојка, после на ладното сам си продолжи до неговата.
Што и да се развие од ова, ретко кога сум рекла не се каам за состанок на којшто сум била. Нема правила, скапи коли, ресторани, не знам каква интимност и слични глупости.
Сѐ правиме и сѐ квариме, ние, 'учесниците'.
За многу години Василица.