Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
23 март 2011
Мислења
1.172
Поени од реакции
1.056
Драга и драги
Си чекам к15 да ми исплатат од предходната фирма но нема ништо... Дали знае некој рокот до кога е?

Sent from my SM-A025G using Tapatalk
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.926
Поени од реакции
3.271
Цела недела без интернет раат бев, како во 80 години...сега пак не сум раат,мозочево ми се полни со небитно инфо,и ме замараат на месенџер. Ех животе лимону неисцеден.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.931
Поени од реакции
17.947
Драга

Може многу работи во животот да контролираме, меѓудругото и со што ќе го полниме „мозочето“. Секако има милион начини да дојдеме до работи кои се битни за нас и да не се занимаваме со небитни работи. Освен на пример дали Ноне е сингл или некој ја чепи. :rolleyes:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
ДК

Синџирот е силен колку најслабата алка.

П.С Немој да отварате фејсбук и да читате коментари јас се заеб*в.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.626
Поени од реакции
9.817
Гледам светка нешто кај пораките, отварам, гледам некој сака да ми пише. Гледам профилна. Ќелав, набилдан, сликан пред огледало во онаква поза ко да ти се кења, вените излезени, опасен дечко. И си викам што бара и што сака сега овој од мене?

И триста мисли ми пројдоа низ глава, искрено и се исплашив. Да не можеби сум пишувала со неговиот дечко, да не е платен од комшиите па да ме намами да ми фрлат кебе пред влез и овој да ме нокаутира, да не ме уценува, навредува, да сака да изнуди нешто од мене? Во такви моменти на се ќе ти текне.


Отворам со страв.
- Имам 240
Се преплашив, што сака да каже со тоа? Што означува бројот 240? Гуглам, дрога со тоа име не постои, овој број не се поврзува со ништо... Што има, што сака, што е значењето на пораката?
Молам?
Му пишав, што да правам.
- Имам 240, може за 250 ако го имаш ти.
Станува опасно и неизвесно. Се ме тераше дека ми нуди дрога, кои му се тие шифри, да не пишал на погрешен профил, овие жаргони се мафијашки, ние обичниот народ не ги користиме.

Размислувам што да вратам.
Да не си навлечам некои мафии, секти, донови од кај знам од кај е овој опасен дечко и што сака од мене.

Дечко, да не си пишал по грешка.
И чекам, чекам и очекувам дека ќе ми пише е сега ќе ти кажам јас тебе...
- Абе го имам 240,можам да ти го дадам ако го имаш ти 250, уште тој ми фали за да го пополнам животинско албумот, видов во групата дека ти фали.

Ми олесна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom