Пошто сите нешто само за лото зборат, се сетив на муабетот на тетка ми од Грција, за една случка и не знам дали е за смеење или за плачење.
Пред многу години било ова.
Секоја недела си уплаќале исти бројки за тоа таму нивното лото. И еден ден ќе оделе на вечера со пријатели и рекле на свекрвата оди уплати ги бројките веќе цела фамилија ги знае кои се, нон стоп ги играле. И онака лабаво си се дотерале и си заминале на вечера. Им текнало на лотото и си провериле бројки. Не дека ќе падне нешто ама ај. Иии чичко ми ја фатил само тетка ми за рака и онемел. Бог знае колку многу пари х7 сума од нашето лото им паднале на нивните бројки. Се изгушкале тука се избациле и зеле цела кафана да ја частат, плачат тука сите од среќа, кој зошто него не му паднало нема врска и си продолжиле во диско и таму частење, двајцата се од пари што имале за частење и нормално си се испофалиле на сите, сите сакаат пријатели да им бидат, се туркаат луѓето да седнат до нив, сам Азис кој гостувал во диското може на маса им пеел којзнае, па пари се тоа. И рано сабајле пијани дроб со пеење гушнати си заминале дома. Пуштиле музики на најјако да се слави абе 9 дена, збогум сиромаштијо, сеа коли, згради, абе едно село ќе купат.
Свекрвата заборавила да го уплати ливчето....