Во вечниот висококонкурентен свет на турбофолкот Македонија не била без свои коњи за трка. Мухарем и Ајнур Сербезовски, Џеј Рамадановски (со потекло од Ресен), Ангел Димов, Зоран Ванев, Уснија Реџепова, Ферус, како и нови победници, финалисти и учесници на Звезде Гранда и Никад Није Касно. Едно село во западна Македонија е родно место на дури тројца асови: Ален Хасановиќ и браќата Ахмедо(в)ски. Помладиот од нив, Ејуп, нагалено викан Ипче, несомнено е најдобриот турбофолкер на сите времиња и единствениот пејач кој можел да го надшабани и единствениот Шабан Шаулиќ. Почнал како кафански пејач во татковата кафана во родното Лажани за бргу да се вивне во највисоките врвови во тогашна Сојузна Република Србија како матична земја на се што е турбофолк.
Неговата прерана смрт го спречи денес да биде устоличен како неприкосновен крал на новокомпонираната народна музика, титула која после него заслужено ја понесе гореспоменатиот Шабан. Ипчевата смрт која како и во безброј други случаеви мораше да биде иронична се случила на Ибарската Магистрала популарна како вечниот дом на народњаците и најверојатно последното упориште и бастион во финалната битка помеѓу домородните и традиционални себалканци од една и воукпедераната од друга страна која ќе се случи и порано од што може да замислиме. Неговиот легендарен настап во кафаната "Код Ђавола" во Ваљево ќе остане еден од најмаркатните настани, слично на оној кој Битлси го имале на врв на зграда во 1969-та. Оркестарот не можел да се носи со неговото пеење, гласовните можности ги пробиваат сите граници, доброупатените во оваа тематика коментираат дека така не можел да пее ни сам Шабан. На пример како го развлекува во еден здив зборот "сам" без да земе воздух во воведот на "Хеј Животе Уморан Сам" е нешто што ни Саша Поповиќ ни Сајмон Кауел не се достојни да го слушаат на аудиција и можат само да се посерат во гаќи.
Пресвртниот и решавачки момент сепак е кога ја пее "Дођи да Остаримо Заједно" на Шабан и кога во тој судир на титаните ја однесува победата над него како Боби Фишер над Борис Спаски во 72ра. Сите сомнежи се отстранети, на тронот на турбофолкот седнува Ејуп Ахмедовски-Ипче.
Како доказ дека тоа не бил само изолиран инцидент сведочи и оваа компилација од хајлајтси на Ипче со кој го потврдува статусот на шампион.
По неговата смрт неговиот постар брат Јашар му ја посветува "Тамо си ти".
Закопан е во родното Лажани. Не знае(в)ме да го цениме и славиме онолку колку што заслужува. Србија и остнатите од Бивша Југославија повеќе знаат за него и ги пеат неговите песни.
Ono kad ti kaze da je njen omiljeni pevac iz Makedonije, sa andjeoskim glasom i da je poginuo mlad u saobracajnoj nesreci.
Точно две десетлетија порано во познатиот Кембриџ во Англија се појавува човекот кој засекогаш ќе ја промени дотогашната музика. Љубовта кон блузот комбинирана со надвородкутијското размислување и желбата да експериментира во музиката, а и со психоделичните супстанци на почетокот ќе го доведе до сукоб со музичките пуританци за подоцна на неговиот бенд да му ја донесе светската слава како еден од најдобрите бендови што некогаш постоел, ако не и најдобриот. "Краток е чекорот од генијалноста до лудилото" ќе рече Ајнштајн што се потврдило во неговиот случај кога тежината на неговиот ум здружена со психоделиците не го издржува овоземското битисување па заминува во некои свои само нему познати димензии во кои останува до крајот на животот.
Лондонските музички сесии и настапите во тогашниот центар на лондонската авангарда клубот "UFO" 66-67ма година, а посебно песната "Interstellar Overdrive" се зачетокот на психолделичниот рок кој подоцна ќе изврши влијание во целокупната историја на музиката.
И секако и тука е присутна иронијата па додека неговиот бенд го снимал албумот посветен токму на него, тој им се појавил во студиото каде снимале и се однесувал како ништо да не било и како да не бил отсутен 7 години без никој од бендот да не го види. Не можеле да го препознаат кој е на почетокот бидејќи бил видно изменет телесно, здебелен, со избричени глава и веѓи. Умира во родниот Кембриџ а "Wish Yo Were Here" албумот е целосно посветен на него, посебно култната "Shine On Your Crazy Diamond".
Што ги поврзува овие двајца освен тоа што и двајцата се музичари и има песни посветени на нив? Епа на некој му текнало песните што се посветени на нив да ги искомбинира во една и тоа мајсторски го има направено барем според мене, како уште еден доказ дека "Краток е чекорот помеѓу рокенролот и турбофолкот" што би рекол авторот на овој пост.
Кој да знае дали авторот на овој микс бил запознаен и со уште една, последна работа што ги поврзува двајцава.
***
А ја, ја се коцкам с преварантом животом,
из рукава он свакога дана извуче неког кеца.
Ако ми е за утеха, можам и званично да бидам кабалист или да ја отпочнам пак "Улис", овој пат со подбар превод или со доволно Шток да ја слушам "О, Младости".
"Сега знам, Скопје е само начин на кој ќе умреме."-Ристо Вртев.
Или:
И на крај ако човек се праша "Што останува после се?"