Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.708
Поени од реакции
9.504
Највише ме замара кога колеги замараат во врска со работата и условите на работа знаејќи дека работата и условите се тие и дека толку години работата и условите не се смениле па така нема и во блиска иднина да се сменат, ако ви одговара работете си, ако не дајте си отказ барем сега има да бираш каде да работиш, се да ви ебам, мора ли секој втор ден да ве трпам? Затоа си живеам највише со магационерот и одбегавам се друго, си тераме кафе шема, понекогаш и ракија шема (една до две макс) и најважно од се не замара во врска со работата и условите на работа.

 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Јас за жал сум во женска професија. Па често се наоѓам со особи како од постот на МАЈА 345. Една од што не можеше никако да ме испровоцира ниту бутне, дури даде отказ. Секако, и други причини доведоа до тоа, но сакам да мислам дека бев една од причините.
Не ѝ беше интересно веќе на работа со мене. :coffee:
Не знам дали е до мене, ама 90 % од жените со кои сум работела ми биле, да речеме, предизвик.
Со оваа почнав некој стил на комуникација во кој се трудев да ја замислувам како сестра, ѝ дозволував секоја провокација или глупост да ѝ помине, и наместо да се навредам или почнам кавга, да се насмеам, кажам некој небитен добронамерен коментар и да пуштам да "помине".

Сега имам нова, као пасив агресив типка, пробува да најде маани кај мене и да си чрктне на црната листа нова личност, но пак, нема да бидам тоа јас. Секако, ако сака може да ме пише, ама тоа си е веќе нејзин проблем.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.258
Поени од реакции
37.022
Кајг,
народната носија од Кривогаштани (триесетите од минатиот век) е на банкнотата од 2000 ден,

Image_1697403586.jpg

а го нацртала руската сликарка Олга Бенсон, а што па ние не го нацртавме?:toe:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.961
Поени од реакции
24.166
Ако човек на човека му е волк, жена на жена и е тираносаурус рекс. Кога жена ќе го каже тоа како што видовме од постовите погоре и се надоврзуваат други жени со свои примери, ама кога еден машки член ги опишуваше какви се реално, огин и пламен фрлаа по него. Една од најватрените ако не и најватрената огинопламенофрлачка беше и една членка која во својата прва инкарнација го имаше зборот "феминистка" во корисничкото име. Да видиме што таа имаше да каже не толку одамна на оваа тема:

Тоа што знаат и меѓу себе да се спукаат на таков долен начин со вадење прљав веш и забивање нож во грб е веќе друг муабет и причина зошто повеќе преферирам машки пријатели, отколку женски.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
2.789
К,
денес завршив работа сега останува да чекам да се приберам во дувлото на топличко, да одмарам и да презимам па на пролет со нови сили во нови почетоци и нови земји далечни, се надевам, ќе биде се најдобро, здравје му посакувам на мојот болничок, злочест сопруг, кој иако лошо се однесуваше спрема мене не му мислам ништо лошо и сакам да закрепне, за да може заедно да ја изградиме повторно иднината што ја разруши, од камења и малтер од минати времиња, но овој пат поцврста и поотпорна. Амин Боже, не сме мавале со камења на тебе.
Ќе запалам свеќа и ќе се помолам.
 
Член од
20 мај 2023
Мислења
577
Поени од реакции
2.580
За муабетов со мажи и жени на работно место, едно што имам приметено е дека машкиве колеги на работа 99% се дојдени да сработат, да испијат кафе на пауза, да се позафркаваат малку и вечерта после работа да им се вратат дома на жените, децата и пивото. Колешкиве од друга страна, доаѓаат, прво трачарат што правеле претходниот ден, па работат, па уз работа ќе ти кажат дополнителни 238 информации за жената на комшијата од нивниот прв братучед, пропратно ти го следат секој можен чекор спремни да те искодошат. Мултитаксинг на ниво.
За воља на вистината, за овие 5 години на работново место, жени ми го имаат дигнато притисокот до ниво да се напием дијазепам и енап. Жени, не мажи....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom