Многу е тешко кога се наоѓаш во шах позиција и тоа трае и трае додека ти се наоѓаш во неизвесност ден за ден, недела за недела и тоа сеуште трае. и така. Целосно гледано, малку хаотично.
Имено, цел месец активно работев како компанија на потпишување договор за соработка со друга компанија на друг контитент. Пет-годишен договор кој е од многу големо значење лично за мене, како и за целата компанија.
И покрај сите идеални (иако во бизнисот идеалност не постои) услови како од наша страна, така и од страна на клиентот се беше буквално совршено, но некако едвам течеше процесот за реализација и отпочнување од страна на клиентот.
Прво сакам ова -бујрум, сакам она -бујрум, па ја снема сопственичката на компанијата на одмор, потоа приватни проблеми имала, потоа не знам што, па уште некое документче -бујрум и така цел месец го поминав под огромна тензија, додека паралелно дете ќе ми се роди за два месеци, иако сопругата има одлична бременост сепак имам доза на напнатост.
Не баталив, зошто ми е од многу големо значење тој договор и притоа од моја страна е целосно чисто, морав практично кажано да го истрпам периодов.
Многу договори за соработка сум потпишал во животот, но ова беше тензија невидена цел месец, се исцрпив психички во права смисла на зборот. Океј утре се потпишува и се завршува. Фала му на Бога.
Бидејќи во однос на клиентката, станува збор за отприлика мое годиште (многу блиску до 40ка) има еден момент кој одамна сум го заклучил. Жена на која и "изминал рокот" и не родила во животот, поточно нема оставено потомство е бетер од хиена во права смисла на зборот. Мојата клиентка е една баш од тие. Секогаш сум велел, бегај подалеку од такви жени но во случајов стануваше збор за бизнис. Но сепак, повторно се докажа истото. Хиена! Гад човек.
Сепак искочи шах-мат, успеав!
Моментално сплет на емоции, истовремено радосен но и психички истрошен си го чекам летот на Flughafen Berlin Brandenburg па да се потрудам да дремнам малку во авион, долг лет ме чека, па здравје за неколку дена да си се вратам повторно дома.
Tschüss!