во последно време се повеќе размислувам на темата Амбициозност. Го забавувам својот ум со идејата - како би било да можев да се задоволам, со помалку. Почнав да читам статии за тоа каде лежи коренот на претерана амбициозност, со цел подобро да се разберам себе си. Најчесто потекнува од сиромашно детство, на ова нема да елаборираме повеќе. Запознаени сте и повеќе од доволно со приказната, а јас никогаш не се гледав ко жртва, или ако бев - тогаш сите сме.
Во една студија стоеше дека амбициозноста е корисна, ваквите луѓе биле потребни за општеството.
Во друга стоеше дека, ако си достигнал една цел, а не можиш да уживаш во неа - затоа што се стремиш кон новата, тогаш оваа врста на амбициозност ти смета во тоа квалитетно да го живееш животот. Барем еднаш да си задоволен со себе, да застаниш и скромно да си честиташ.
Колку работи ќе жртвуваш по патот? Она највредното, фамилијата или она што ти останало од неа. И никогаш нема да си простиш.
Уште потешко е што, дури и да си во најубавиот регион на светот, опкружен со народи (за кој те убедуваа дека ти се далечни, или бетер дека тие луѓе се злобни а ние саморазбирливо добри, онака сите до еден бликаме од добрина, а тие од злоба), а за кој гледаш дека буквално истите поговорки ги имаат преведени на твојот мајчин јазик, (од едното уво влегува, од другото излегува - ја имате оригинал и на дојч, со комплетно истото значење, че се помочав од смеа ко слушнав). Нешто што во уса фалеше, да најдиш нешто толку неверојатно блиско што дури те сепнува, и те потсеќа на тоа колку всушност е мал, нашиот континент.
Сума, народи кој ги сакаш и осеќаш дека некако..те сакаат, а ти пак мислиш дека треба повеќе. Мора повеќе. Посакуваш да избегаш од себе.
Стразбур го видов прв пат негде 2017та, на слика. Читав за Готика, за црвената катедрала и сместа се огорчив од фактот дека веројатно само инфлуенсери одат таму. Го прекорив Господ, и сега тој ми го даде и ме става на тест, колку јас знам да ги ценам работите. Во минатата година го видов и на пролет расцветан, и на зимо за Божиќ. И не само што го видов. Вистински добриот дел е тоа што работам со луѓето кои го изградиле неговите перфектни населби со ултра квалитетни куќи со камени фасади (обновата од 20ти век, новите населби по војната). Го гледам нивниот свет, ги ценам нивните квалитети, посветеност, спонтан афинитет за беспрекорност, дарена од Бог.
Го обожавам дијалектот, и не се така токсично амбициозни ко мене. За жена од Елсас е доволно да работи во слаткара. За маж од Елсас е доволно да си створи фамилија. Како да не ги сакаш, ко луѓе од прилепско се.
Ај доста е.