За протекторатот под хибридно режимско владеење прочитав дека владетелите не се способни да одвојат финансински средства од буџет дури ниту за Охридскиот маратон со што истиот нема да се одржи за прв пат оваа година.
Но исто така прочитав дека за годишнина на рамковниот без збор се одоиле над 100К евра. За ете, така, да се забавуваат малку на отворено оние де.
Исто прочитав дека немало МАКЕДОНСКИ јазик во огласи пуштени за наставници по училиштата, туку МАЈЧИН јазик. Ама кој мајчин јазик прашањето е сега!
На моменти се прашувам, дали еден ден, кога ќе дојдам во Македонија, на кој јазик ли ќе пишува по таблите на Скопскиот аеродром. Можеби секаде ќе пишува на јазикот на источнот сосед наместо на Македонски.
Воопшто не би ме зачудило.