Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.707
Поени од реакции
23.784
Драга,

теткава прво беше докторка, па стана разузнавање, па студент со Power Point семинарски, па бог знае што се не за денес да се покаже дека ја бива и за новинарка и за автомеханичар.
Обожавам вака сестрани личности што за се ги бива :love:



Тетка Барзов
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.270
Поени од реакции
5.379
Зашто ги потиснуваме личностите кои искрено не' сакаат и сакаат да се дружат со нас, додека ние трчаме по некои ,,недостижни'' кои 2% не не фермаат ??

Ем го имам почувствувано тоа и знам како е, ем јас повторно продолжувам на други личности така да правам...ужасно :unsure:
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.134
Поени од реакции
10.041
Да не грешам душа, али сѐ мислам Бијонс душо ти си ова со нарачката…
Ако признаеш, пола ти се простува.

Кажи ми колку си одговараме:

карактер имам 50%
- малку сум наивен, малку снаодлив
- сам стојам без патерици
- стабилен сум до кај 3 пијачки
- не се фалам
- обожавам да се карам и лутам (типично македонски, не?)
- не сум конзервативен за облека али без курч
- љубоморен у граници на нормала
- педантен искључиво во недела
- внимавам во сообраќај, а за 8 март подарувам цвеќе на жени
- немам симпатија
- ќе те сакам само на празници
- нема да те лажам, жими тебе
- што е тоа изневерување?
- не сум агресивен ал сум упаѓал со клизачи викаат
- не ги сметам за навреда домашните животни
- од организација - член сум на неколку
- почитта треба да се заслужи
- средно име ми е Личен мотиватор
- памтам само кога треба
- читам и сфаќам луѓе ко селски буквар
- не сум мерел лице досега некому
- его ерго сум
- нарциси само во градина имам
- амбиции имам
- што ќе ти е смирување, ако не се караме?!
- ак ти помагам за сѐ, кој ќе ми ги врши моите работи?
- за тебе може и обетки од 24 карати да се ситница
- компромис да знај да напрај (у превод само како тебе ти е ќефот)
- за пријателство ич не бери гајле
- скромен сум и гратис викаат убав сум бил (да не се фалам)
- од срце не можам да ти дадам, ама можам од рака
- хумор немам, али може да појдам кај њотче на часови
- знам обично глупости од разни области (особено некои непотребни)
- за секс мора да пробаме па да видиме (не е само до мене)
- од спорт вежбам качување по скали секој ден
- прехрана не користам, а може треба да земам некој концентрат
- работата сам на себе ме исполнува
- опен мајнд имам до одредени граници (нејќам садо мазо - извини)
- сакам да патувам а особено да живеам во странство
- твоите желби се и мои, господарке.

положив?


5BFC283A-9DC5-4064-8F9D-39CE2CD2FA35.jpeg
 

Византиецот

NO! you ass.
Член од
14 март 2021
Мислења
2.661
Поени од реакции
6.117
Средена брада, да нема влакна на грбот, градите и стомакот - ме елиминираше од прва, да не се мачам да читам натаму.


Вести од Европа - пораснало девојчето од Франција прогласено за најубаво дете на светот.



Потекнува од Прованс, денес сеуште живее на јужниот брег, како и сите други французи кои бегаат од дувлото Париз. Генот на оригиналните Франки (германско племе од ниските земји, од Брисел) е силен кај ова европско чедо божјо. I must say.



ФРАНЦИЈО НЕ БИДИ ЛАВОТ ШТО СПИЈА.
за да не играат глуфците оро.
Не е прашање на воља. На должност е. Некој треба да биди и главен на континентот. Надлежност им е.


 
Последно уредено:

Лаик

Калдераш
Член од
4 август 2018
Мислења
1.461
Поени од реакции
3.191
Драгаа..
Како ми идат на qrac тн.пријатели кои ги имам на фејс,некои од нив мислат дека ми значи нивниот посерен лајк па калкулираат (дали да му ставам или не,што му значи оваа објава,дали го мисли оваа а го објавува спротивното и тн.) а од друга страна ја ги анализирам до кој степен ќе идат ѓубриња да бидат...и као пријатели сме лицемерие невидено...:noze:
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.415
Поени од реакции
29.938
Почнаа и бензин да крадат од резерварите по колите на паркинзите.
Ти крши капачка, ти обива брава и пробува да ти влече бензин. Па каде ќе влечеш мајку му стара кога имаш сито, каде со тоа цревото смрливо?!?!?!??!?!

Цел паркинг попара го направиле ноќеска, скоро на сите коли обиени бравите од резервоар. Успеале ваљда на 10 стари коли што немаат сито да им извлечат, на сите други само материјална штета.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.707
Поени од реакции
23.784
Драга,

Шон заборавил да напише превод на барањата на дотичната.


- добродушен - секогаш да ќути кога јас зборам и никогаш да не ми противречи макар и со логичко размислување. Не наивен - Надвор да ме брани од секој/а што ќе ме нападне вербално, да надокнади за тоа што ќе ми ќути дома. Снаодлив - да не ме прашува мене како се менуваат пелени и како се пушта машината за перење и садови, толку ли е тешко да се научи ова во споредба со менување гума !!
- самостален - да не се јавува кај мајка му за да ја прашува како се вари грав и како се пече компир и ориз
- стабилен - кога ќе земам во пмс периодот да ја поебам цела моја плата на штикли и шминки да имам после од каде да земам финансии за искачање со другарките
- да не се фали пред моите другарки колку јако си поминуваме во кревет , нека патат кучките со нивните 12 цм алатчиња од мажи
-да не се лути со секој и да не се кара - мора секој ден по цел ден да ја трпи цела моја фамилија и цело мое друшто кај нас дома додека јас не кажам дека е доста. Исто така мора мене да ме праша за тоа дали ќе ја викнеме неговата фамилија или друштво
-да не е конзервативен за облека и однесување - јас каде што ќе посакам можам да се појавам само по долна облека и ноќница без притоа тој нешто да искоментира, кога ќе почнам да им намигнувам на различни мажи и кога ќе си фатам ебач за на страна да нема право да ми се лути
- да не е љубоморен и да ме контролира - се ова горенаведено да не го користи на суд како причина за развод и да нема право да се обиде да ме спречи во моите намери
- да има доверба и јас исто - кога ќе му кажам дека сум кај ебачот да нема што да се лути, искрена сум. Кога ќе ми каже дека е со некоја негова 60 годишна тетка да ми даде целосна биографија за жената а да не испадне дека недајбоже го бацила случајно во уста на слава кога имал 12 год.
- педантен - кога ќе му речам дека шарените алишта се перат со еден детергент а белите со друг да го научи тоа и да го запамти како оче наш
- внимателен и понекогаш романтичен - секогаш кога ќе ме фати на дело со ебачот да не поздрави, да не праша како сме, што праиме, да не понуди виски, кафе , да земе да пушти клима ако ни е жешко и ако сме запотени од премногу страст
- емпатичен - кога ќе му кажам дека ебачот ме изневерува со друга да ми биде рамо за плачење и да ми помогне во одмаздата по стариот и потрагата по нов ебач
- да ме сака - после се ова кога ќе му го направам да не му текне на друга или на недајбоже развод
- да не ме лажи никогаш - да не ми кажува дека тој ќе ги чува децата додека јас сум излезена кога ќе знам дека тој ќе биде заглавен со чистење на кујната и бањата
- да не ме изневерва - додека шета по улица или зборува во маркет со жени што не му се во крвно сродство до втори братучетки, строго да гледа само во врвот од своите кондури или патики
- да не е агресивен - да не му текне некогаш цврсто и самоуверено да ми одрече на некоја моја одлука, да не проба да направи нешто освен одење по нужда без моја консултација
- да не вреѓа и омаловажува - да не ми се обрати дирекно по име без госпоѓо, да не му текне да ја спореди мојата интелегенција и убавина со некоја светски позната најубава и најпаметна личност
- организиран - одма кога ќе го прашам каде ми се месо боја хулахопките во 7 сабајле пред работа да знае да ми каже, одма кога ќе му го побарам римелот број 5 одма да го најде
- да ме почитува - еден момент да приметам дека се обидува да го покаже неговото свое јас, може да се пакува и да се исели од неговиот стан
- да ме мотивира и поттикнува - секогаш кога ќе решам да си го сменам ебачот или да му дадам уште една обврска во животот да не помисли да ми каже те молам размисли пак
- да памти важни работи - да памти кога првпат му залепив шамар кога беше непослушен, кога првпат го погодив со вазна во глава, кога првпат ме запозна со ебачот, да памти дека тој е небитен дел од мојот живот се додека јас сама не решам да му обрнам внимание
- да ме разбира и сфаќа брзо - мојата желба е негова заповед што мора безрезервно и без прашање или двоумење да ја исполни
- да не лицемерен - да не му текне пред некого да каже дека одлуките ги носиме заедно, јас сама ги носам одлуките
- да не е егоистичен - доволно е што со неговата плата ги плаќа сметките и си купува за јадење, остатокот треба мене да ми го даде
- да не е нарцисоиден ама да има самодоверба минимална барем - кога дургарите или мајка му ќе му кажат дека не сум за него и треба да ме напушти, безразмислување и колебање да ги демантира и да ме одбрани дека сум иделана за него
- да е амбициозен - се што ќе намислам, без да му го кажам, одма да го исполни
- да знај да ме смири кога ќе се изнервирам - секогаш кога ќе бидам изнервирана од ебачот или од било која личност, сам да се понуди да ми најде решение на ситуацијата додека ми подготвува коктел и ми ја дава кредитната картичка за да си купам нешто за да се смирам
- да не се караме за се и сешто - како што реков погоре да не се караме за ништо, неговото мислење не е релевантно во мојот живот освен ако јас самата не го побарам
- да ми помага за се дома и пожелно е да сака да готви - да не ми помага туку сам се да прави и не е пожелно туку е обавезно и тоа без помош од мајка му
- да не е стегнат со пари (сакам внимание со ситници) - како што реков погоре доволно му е тоа што ги плаќа сметките за двајцата и си купува храна,остатокот оди кај мене за ситници
- да можиме да се договориме лесно односно компромис да знај да напрај - пак ќе кажам : мојата желба е негова заповед што мора безрезервно и без прашање или двоумење да ја исполни
- да ми биди воедно и најдобар пријател - смирено и со целсосно внимание да ме слуша како си поминувам со пријателките и со ебачот кога не сум заедно со него
- да е скромен - ништо да не проба да си купи за себе без моја дозвола
- да дава од срце кога помага на било каков начин - да не проба да се запраша на што ги трошам неговите пари кога купувам ситници
- да е интересен, со смисол за хумор - кога ќе му кажам дека навистна многу ме болеше газот кога бев со црнец, да ми одговори викни го црнецот па заедно нека не боли газот хеххехе
- паметен и да сака да знае за сите области по нешто - сите мој задоволства, желби и потреби да знае без прашања и двоумења од прва да ги исполни и изврши
- сексот да е ок - кога ќе го викнам ебачот да има се спремено на комодата до кревет : вино, чаши, кондоми, камшици, лисици, лубрикант, мирисливи свеќи а на кревет да ми се испрани секси долната облека и ноќницата
- да се занимава со спорт ( да ми биде тренер) така се мотивирам јас ахха - да ме одржува во идеална форма за да не се случи ебачот или другарките да ми најдат некој грам сало вишок
- да се труди да има здрав живот, здрава прехрана - мене ми треба здрав маж што ќе може да работи 2 работи и плус да го одржува домот на ниво
- да сака да работи на самиот себе си, односно да ги корегира негативностите и да се надоградува - сите мои драги луѓе да ми се восхитуваат на фактот каков мирен и послушен маж сум си фатила , скоро идеален
- да има open mind - кога ќе му речам дека сакам да го зачиниме сексуалниот живот со уште една девојка да не мисли дека за него или за ебачот ја викам
- да сака да патува и да живеј во странство - во првиот момент кога ќе ми здосади да лета во старечки дом а до тогаш викендите да ги поминува кај мајка му за да имам повеќе време за да медитирам сама во тишина
- да имаме слични цели и жеби за иднината - на млади пензионерски години што побрзо да умре за да ми остави големо наследство без да губиме време до старост

толку - само толку се надевам бев скромна во барањата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom